Коментари

Омразата се учи. Ако не ја отфрлиш, исто е како да учиш други да мразат

zz

zz

Омразата се учи. Ако не ја отфрлиш, исто е како да учиш други да мразат

mhrmi 2

Од Бил Николов, Претседател, Македонското меѓународно движење за човекови права

Еден од пријателите на моите деца зборуваше за тоа како неговата етничка заедница не се согласува со друга етничка заедница поради долготрајни тензии меѓу нив. Ни кажуваше како неговите родители го учеле дека другата заедница е „лоша“. Потоа, праша, „а вие, кого мразите?“ Нашиот одговор беше – „никого“.

Но, како да им објаснам на моите деца дека има многу други луѓе кои не’ мразат нас?

Ние сме Македонци. Самото изговарање на името на мојата етничка заедница предизвикува гнев кај нашите угнетувачи. Да, самото наше постоење е повод за омраза. Нашата земја се вика Македонија. Отсекогаш се викала така, дури и кога била под окупација стотици години. Но, сега е принудена да го смени своето име. Исто како и нашиот етнички идентитет.

И што можам јас да им кажам на моите деца? Како да им кажам дека нашата етничка заедница со сила се преименува и редефинира? Дека нашиот идентитет им се дава на нашите окупатори. Дека историјата на нашиот народ се пишува одново, со цел да се задоволат барањата на оние кои сакаат да не избришат. Дека нашите основни човекови права се кршат на сите можни начини. И дека Канада, земјата каде што сме родени, го слави и помага во бришењето на земјата од каде што потекнуваме?

Канада јавно го поддржа бруталниот американски притисок за преименување на Македонија, вклучително и физичкото притворање и заканите кон жени пратенички, закани против нивните семејства, апсење на дисиденти, напади и претепувања од страна на полицијата, кршење на македонскиот Устав, на собранискиот Деловник и на Кривичниот Законик, затворање на медиуми и страници на социјалните медиуми и многу многу други злоупотреби.

За време на мојата средба со канадската амбасадорка во Македонија Кати Ксаба, таа ме информираше дека во иднина Канада ќе ја признава Македонија како „Северна Македонија“ (и покрај сите докази кои и беа укажани, вклучително и детали од моите средби со министерката за надворешни работи Кристија Фриланд и нејзините советници за надворешни работи).

Принудното преименување автоматски го менува нашиот етнички идентитет во „Северно Македонски“. Што станува со македонскиот идентитет тогаш? Трите документи што САД и ги наметнаа на Македонија, Преспанскиот договор, иронично именуваниот Договор за пријателство и законот за јазиците – им ги даваат македонското име, идентитет и историја на Грција, Бугарија и Албанија. Ова е нова поделба на Македонија, со современ пресврт.

Во 1913 година регионот Македонија беше поделен меѓу Србија (овој дел е сега независната Република Македонија), Бугарија, Грција и Албанија. Оттогаш Македонците се борат против обидите за наше бришење, принудна асимилација и територијалните претензии на соседите кои се преклопуваат над нашата територија. Како може Македонија во исто време да биде и српска и бугарска и албанска и грчка? Македонија и македонска. Не смее да се дозволи со политички игри и со корупција да се избрише нашиот вековен идентитет. Да не заборавиме на ироничниот пресврт, кога Грција, која во 1913 година го забрани името „Македонија“ и го негираше неговото постоење, во 1988 година драматично го смени ставот и почна кампања да го убедува целиот свет дека Македонија им припаѓа на нив.

Ставете се на наше место. Како би се чувствувале ако вашиот етнички идентетит им биде даден на други, а притоа западниот свет земе активно учество во вашето бришење, и уште го слави тој чин тврдејќи дека е решен еден „дипломатски спор“.

zzz

Ова е само еден од многуте документи од Кејот 21 и од островот Елис, од раните 1900ти години, со кои се признава дека македонските мигранти во Северна Америка имале македонска национална свест додека биле под турска окупација. Сега, со еден потег на пенкалото, нашиот идентитет и историја се бришат. Моето семејство дојде во Канада за да побегне од прогонот извршен од страна на Грција, Албанија, Бугарија и Србија. Што беше нивниот „злостор“? Што се Македонци. Сега Канада е соучесник на угнетувачите кои ја бришат нашата етничка група.

Кати, ми кажа дека ти си со унгарско потекло. Како би ти било ако Унгарија принудно биде преименувана во „Западна Унгарија“, а унгарскиот идентитет и биде даден на Романија? Како би ти било ако група Романци седнат да ја напишат унгарската историја, исто како што сега комисија грчки дипломати ја препишуваат македонската историја (согласно членот 8(5)) од анти-македонскиот договор од Преспа? Што би сторила ако на документ на 19 страници се констатира дека од сега ти и твоите предци имате друг идентитет и дека се што си знаела за твојата етничка група веќе не важи?

Кати, ние заслужуваме одговор. Македонците заслужуваат акција. Ако таа изостане, тогаш ВИЕ сте тие кои шират омраза.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top