Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

1.  На ОЈО очигледно очајно му требаат апарати за слушање. Токму така, апарати за подобрување на слухот (не за прислушкување, се разбира, други масовно  го прават тоа) бидејки до нив не пристигнува никаков “допрен глас”. Се прашувам како беше можно ОЈО воопшто да не реагира на кавгата помеѓу лицето Стојан Андов и професорот Љубомир Фрчкоски за атентатот на поранешниоот претседател пок. Киро Глигоров, во која кавга (се чини следи и судски расплет) беа изнесени во јавноста три конкретни имиња на можни организатори на тој чин: Стојан Андов, Љубомир Фрчкоски и Бранко Црвенковски.     

Претседател на државата не е само лице од крв и месо како сите нас! Тој истовремено е и   и н с т и т у ц и ј а, следствено ОЈО мораше веднаш да ги повика на интервјуа сите три персони кои, наводно, стојат зад атентатот на Глигоров, а не да молчи, како што прави до сега.        

Впрочем, колку што ме држи паметењето, истрагата за атентатот на Глигоров е сеуште отворена и МВР пред речиси дваесетина години дури распиша награда од еден милион германски марки за доносител на информација што недвосмислено би укажала кој стои зад овој грозоморен чин.       

А што се однесува до сторителите на атентатот, лично мислам дека такво нешто не можеше да биде сторено без асистенција на домашни служби (да на грешам душа но таква служба може да биде само МВР).      

Втор “допрен глас” (море не само допрен глас, туку громогласен крик???) дојде од интернет мрежата Викиликс (WikiLeaks) која објави и конкретни документи (дипломатски депеши), според кои, наводно, Зоран Заев пред случувањата во Кумановско насељекаде во судир со терористите од Косово загинаа осум униформирани лица – припадници на Македонската полиција, бил во Приштина каде се сретнал со Рамуш Харадинај и (повторно: наводно) била договорена целата операција,       

Дали дипломатската депеша т.е. телеграма од амбасадата на САД до Стејт Департменот е автентична или не знам и не сакам во тоа да навлегувам, но ОЈО мораше да го повика Зоран Заев на разговор, и да покрене истрага за овој случај. Нека учат барем од Американците кои ни се небаре како патрони, особено последниве години, каде две години се водеше истрага за наводно руско мешање во изборите во САД 2016 година во полза на Претседателот Трамп.

На негова среќа, истрагата покажа дека немало таква работа и правдата сепак е задоволена.

2. Претседателот на САД Доналд Трам и званично соопшти дека Исламската држава дефинитивно е поразена и таа повеќе не постои!

Исламската држава не падна од небо туку  н е к ој  стои зад нејзиното формирање. Се прашувам КОЈ и од кои МОТИВИ. Знам само дека директен резултат на нејзиното формирање и петгодисхно злосторничко делување се убиени стотици илјади невини лица, милиони бегалци и раселени, разурнати држави и бројни екстремни фанатици низ Европа и пошироко.

3. Шефот на македонкиот дел од од мешовитата македонско-грчка експертска комисија за историја, образование и археологија ни соопшти дека поглавјата за археологија во македонските учебници во новите изданија од есен ке бидат прикажани како дел од грчката античка цивилизација???

Го прашувам, па добро бе шефе (Виктор Габер), како ке бидат прикажани наодите од некрополата Требениште, од 6ти век п.н.е. на пример? Ене ги во Археолошкиот музеј за прв пат изложени над 400 предмети заедно, 100 години од откритието на таа некропола недалеку од Охрид!  Можевте со колегите Грци на пауза додека заседававте неодамна во Скопје да тркнете и да ја посетите таа изложба и да ги проверите вашите “експертски” ставови и тоа взаемно усогласени меѓу двете страни!?       

Многу сум љубопитен како ќе ја прикажете во новите учебници по историја битката кај Херонеја каде од античките Македонци масакрираа 35000 Грци!?

Патем, како ќе ја делите картата на географска (а за нас етничка) Македонија? Еднаш ја поделија во Балканските војни, сега повторно ќе ја делите, на хартија???

4. На фасадата од Владата најавуваат дека ќе ставеле ново име, ама по претседателските избори!

А како би било да не ја поганат, туку да ја остават онака фина, бела, невина, убава за око, како Белата Куќа во Вашингтон, на пример! На неа нема никаков натпис и сепак је препознават сите.

5. Ген-секот на НАТО Столтенбер гордо најави дека Грузија ќе биде членка на НАТО! А што ќе рече на тоа нејзината сосетка Русија? Водат ли сметка за тоа во седиштето на Алијансата во Брисел? Да појасниме: Русија во принцип нема ништо против проширувањето на НАТО! Но Русија НЕ ГО САКА НАТО НА СВОИТЕ ГРАНИЦИ! Не сум сигурен како ке помине Грузија, особено на економски план, доколку визијата на Столтенберг навистина се оствари (ова како дополнитело сознание на Стево Пендаровски).

6. Еден бисер од Советот на Европа: според нив, Албанија  требала да спроведе реален попис на малцинствата почитувајки го правото на слободно изразување на националните малцинства. Аферим бе Совету на Европа. А зошто таа препорака не ја упативте и на Грција (каде според мои сознанија има најмалку половина милион етнички Македонци) и  Бугарија, каде ги има барем неколку стотини илјади?

Двојните аршини за жал се константа и на Советот на Европа и на ОБСЕ, и на Европската Унија…. и да не редиме понатаму. Кристално јасни се работите.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top