Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ IV

tren

Martin Trenevski

М-Р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

     1. Немарност, или свесно подметнување? На 7ми мај годинава нашата земја ќе биде почестена со посетата на Неговата Светост (НС) Папата Франсис, која посета според мое мислење е од огромно значење. Станува збор за посета на духовниот татко на една милијарда и половина Католици ширум светот и шеф на државата Ватикан.

     Посета на НС Папата Франсис е медиумски настан на денот во глобални рамки – Македонија kе биде главна тема на денот ширум светот(!!!), бидејки вообичаено неговите патешествија ги следат стотици новинари од сите можни медиуми (весници, списанија, радио и ТВ куќи, новински агенции….).

     Подготовките за посетата се во полн ек под превезот на максимална тајност (од безбедносни причини, се разбира)! И се ќе беше во ред доколку не се појавеше една фалинка од организаторот на посетата – македонското МНР: На веб страницата за посетата: poseta.papa.mk, во графата за акредитација  на странски новинари, текстот и прашалникот се напишани на англиски и  б у г а р с к и  јазик!?

     Иако на македонското МНР, кое е носител на активностите за подготовка на посетата на Папата, им е укажано на овој гаф, досега ништо не е превземено тоа да се променени!!! Небаре во нашата земја званичен јазик е бугарскиот, а не м а к е д о н с к и о т!? Случајност или немарност, не знаеме, но одговорот треба да го даде хаотичното и крајно непрофесионално МНР!

     2. Исламската верска заедница (ИВЗ) била бесна на Владата на РМ заради одолговлекувањето на процесот за враќање на имотите што, наводно, нејзе и припаѓале!? И замислите, во подолгата листа на имоти што ИВЗ ги побарува се Сули ан и Капан Ан во старата скопска чаршија!? А да ги праша човек дотичните од ИВЗ: по кој основ ги бара овие објекти кои немаат никаква допирна точка со религијата, туку се недвојбено од световен карактер – а н о в и, т.е. некогашни гостилници (служеле како караван-сараи за одмор на трговците на маршрутата од Стамбол до Дубровник…), не знам дали ке можат да дадат некој логичен одговор!

     Работата се сведува на она класичното: Грабај – ако се може!?

     3. Дилемата: Ќе добиеме ли конкретен датум годинава за почеток на преговорите за членство во ЕУ доминира во кампањите за претседателските избори. Власта е категорична дека тоа е сосема извесно, а опозицијата вели дека нема да добиеме.

     Според мој извор, многу добро упатен во случувањата внатре во ЕУ, тоа НЕМА да се случи и тоа главно заради фактот што Македонија како земја-кандидат е ставена во група со Албанија!? Повторно според мојот извор: Франција како земја-основач на Европската заедница, денес Европска Унија, во догледна иднина  н е м а  да дозволи влез на Албанија во ЕУ. Со други зборови, Македонија е “колатерална штета” на ваквата ситуација и доколку сака да оди напред  м о р а  да се избори да биде одвоена од Албанија и да биде вреднувана индивидуално што, впрочем е и едно од основните правила за од кои се раководи ЕУ оценување на кандидатите за членство во Унијата.

     Ова сознание треба да допре до надлежните во актуелната влада, но дали ќе биде прифатено е неизвесно поради факот КОЈА личност во Владата на РМ е задолжена за започнување на преговорите за членство во ЕУ!?

     4. Некојси поранешен премиер на Косово лансираше неодамна пробен балон со идејата за формирање конфедерација помеѓу Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија!? Идејава ми звучи во стилот (како што би рекле соседите од северот): Што је баби мило – то јој се снило.

     Не знам дали ова е автентична идеја на предлагачот од Косово, или некој друг преку него ни порачува свои политички концепции и видувања, во секој случај истата тврдам дека е нереална! Пред се заради преголемата недоверба меѓу некои од споменатите субјекти. А за надминување на надовербата потребни се цврсти докази, дела и однесување, а не зборови.

     5. Кланот Заеви си регистрирале фирми во Бугарија. Но кога медиумите ја провалија работава, следеше објаснување дека тоа го барале нивните партнери за експлоатација на рудникот за злато Иловица, и тоа наводно според правилата на ЕУ. Дали е тоа така или не, едноставно не знам!? Но прашувам: Ало, Заеви, имате ли насит? Колку уште фирми ви се доволно? Триесет, четириесет…? Или ви фали во семејниот клан само уште рудник за злато и да бидете задоволни? Дали ви е познат терминот етика и конфликт на интереси? Очигледно не!

     6. На повидок е уште еден голем скандал поради злоупотреби на поединци високо позиционирани во власта, со уцени на деловни субјекти и други беззаконија на деловни субјекти во државата. Станува збор за следното: Грција најави дека намерава да инвестира 500 милиони евра во енергетскиот сектор во РМ за изградба и проширување на мрежа на компримиран природен гас (Compressed Natural Gas – CNG). Всушност се работи за кредит/заем што минатата година ЕУ и го вети на Грција за изградба и проширување на нивната мрежа за дистрибуција на компримиран природен гас штп Грција намерава да го инвестира и од него да профитира во Македонија!? Тоа е глобален тренд за автомобилската индустрија што користи гас како гориво а што е за две третини поветин од бензинот и почист за околината. Значи, очигледно тие средства Грција сака да ги уновчи преку Македонија.

     Некои персони, високо позиционирани во актуелната влада (нивните имиња се познати на редакцијата), виделе добра можност да се заработи преку овој проект со парите на ЕУ (демек: бонбона бизнис) и за таа цел советник на Премиерот за енергетика отвара своја фирма (CNG Systems) која издејствувала ексклузивен договор со бразилската фирма Галилео што произведува опрема за дистрибуција на CNG I LNG (течен природен гас). Македонската фирма, наводно, веке има договор за купување опрема од бразилскиот партнер за пет милиони евра наменета за македонскиот пазар и тоа преку посредничката чешка фирма ТЕДОМ (има гласини дека бразилците добро потплатиле поединци во Владата на РМ да купуваат опрема исклучиво од нивната фирма).

    Спорно во сета оваа операција е што владини службеници ги условувале заинтересираните македонски компании да купуваат и с к л у ч и в о  бразилска опрама, во спротивно ке имаат проблем за добивање лиценца, т.е. дозвола за инсталирање опрема и продавање на компримиран природен гас!!! Друг проблем е што најголемиот дистрибутер за горива во земјата Макпетрол веќе набавил и инсталирал опрема за CNG (компромиран природен гас) во неколку бензински пумпи во Скопје и Куманово, од фирма од Италија, што произведува иста таква, но многу поквалитетна и далеку поевтина опрема по лиценца од американскиот гигант Џенерал Eлектрик.

И повторно да нагласиме: Според познавачите на оваа материја, американско-италијанските производители на опремата за CNG се неспоредливо поквалитетни, далеку поевтини од бразилските и гарантираат квалитетен сервис, т.е одржување на опремата за разлика од бразилците!?

     Како и да е, ни преостанува будно да го следиме и овој криминален и коруптивен гешефт на актуелните властодршци, а очекувам и реакција по допрен глас и од Антикорупциската комисија.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top