Култура и туризам

Во Гостивар отворена изложба на млади стрип-автори од регионот

Македонска Нација

Млади стрип-автори од Македонија, Албанија и Србија преку своите дела испратија пораки за мир, соживот и заштита на природата.

Под мотото „Уметност што обединува, порака што инспирира“, во НУ Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар свечено беше отворена групната изложба на млади стрип-автори од Македонија, Албанија и Србија. Настанот, кој привлече бројни љубители на уметноста, е реализиран со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Во време на бројни регионални предизвици и општествени поделби, изложбата покажа дека деветтата уметност може да биде моќен медиум за поврзување на луѓето и градење мостови на разбирање. Преку своите дела, младите автори испратија силни пораки за мир, соживот и заштита на природата, актуелизирајќи ги универзалните вредности на толеранцијата и заедништвото.

Пред присутните се обрати Томе Трајков, раководител на групацијата и иницијатор на голем дел од претставените проекти. Посетителите имаа можност да разгледаат стрип-дела создадени во рамките на активностите на Стрип центарот на Македонија (СЦМ), како и творби реализирани во други регионални проекти под негово менторство.

Изложбата претставува една од првите активности на новоформираната групација „Стрип центар – Стрипот може“ со седиште во Велес, која функционира како програмска фракција на Стрип центарот на Македонија. Основната цел на оваа иницијатива е континуиран развој, промоција и афирмација на македонскиот стрип меѓу сите етнички заедници во државата и пошироко во регионот.

„Создаден е процес и нема запирање“, порачуваат организаторите, најавувајќи нови активности и проекти насочени кон поддршка на младите автори и развојот на стрип-културата.

Изложбата во Гостивар ќе биде отворена за посетители во наредните седум дена.

Најново од: Култура и туризам

Охридските црковни реликвии однесени за време на бугарската окупација

Во текот на Првата светска војна од Охрид биле изнесени значајни црковни старини, ракописи и богослужбени предмети. Меѓу нив се споменуваат митрата на охридските архиепископи и архијерејскиот жезол. По Букурешкиот мировен договор од 1913 година, Македонија била поделена меѓу соседните држави, а Вардарскиот дел потпаднал под власта на Кралството Србија. Само две години подоцна, во […]

Воведување на Пресвета Богородица во храмот

Дел од монографијата за манастирот „Света Богородица“ во Сливница од д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин Сите присутни се зачудиле. Малата Марија била оставена, како и другите девици да живее во храмот. Таа се откажала од родителите и му се посветила на Бога. Татко ù Јоаким починал на 80 години. Ана останала сама и се […]

Света преподобномаченичка Параскева – Света Петка Летна

8 август / 26 јули Култот кон Света Петка кај македонскиот народ е широко распространет. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи и болести, а со нејзиното име се поврзуваат повеќе чудотворни икони и лековити извори, познати како „петочни води“. Во православниот календар се споменуваат три светителки со името Параскева – Петка, поради што […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

„СВЕТОТ ЦРТА – ВЕЛЕС ИЗЛОЖУВА“: РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДЕЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТРИП КОНКУРС

Томе Трајков ВЕЛЕС, август 2026 – Велес уште еднаш докажува дека е значаен фактор  на меѓународниот  стрип. Најновото издание на Меѓународниот стрип салон и традиционалната Стрип колонија, организирани од Стрип центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започнува во знак на историски успеси – голем бран на пријавени дела на меѓународниот конкурс. Притоа, велешкиот стрип Салон јасно го […]

Свети пророк Илија – пророкот кој го пали и гаси небото и земјата

Во народното верување Свети Илија е господар на летните грмотевици, молњите и дождовите, а Илинден во македонската народна свест е истовремено голем христијански и национален празник. Македонската православна црква – Охридска архиепископија на 2 август, односно на 20 јули според стариот календар, го празнува Светиот пророк Илија – Илинден. Свети Илија е еден од најголемите […]

Илинденско послание на Архиепископот г.г. Стефан и Светиот архијерејски синод на МПЦ–ОА

Македонија постоела и постои и живее во срцата на своите чеда, а слободата е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци, се истакнува во Илинденското послание за 2026 година † СТЕФАН,ПО МИЛОСТА БОЖЈА,АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГАДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ […]

Пресвета Богородица и нејзините празници – раѓање на Дева Марија (8 септември)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН На три дена пат од Ерусалим се наоѓал малиот град Назарет. Таму живееле праведните Јоаким и Ана, наречени од Светата Црква „богоотци”. Јоаким потекнувал од Давидовиот род, а света Ана од родот на Аарон. Биле многу дарежливи, милосрдни. За […]

To top