Коментари

Сакате нејќете, морате сега сите да излезете и да гласате за Гордана Силјановска

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Сакате нејќете, морате сега сите да излезете и да гласате за Гордана Силјановска.

Почитувани бојкотирачи и неопределени или неутрални гласачи.

Ќе ве замолам да ми објасните доколку се бојкотира, кој ќе го прифати бојкотот?

ЕУ, НАТО, Заев, цел свет или Господ? Колку што бојкотот го признаа за референдумот за името?

Ајде да речеме по ваш памет сите да бојкотираме, реално 10 % да излезат. Светот нема да признае ама ќе ги признае резултатите што Заев ќе ги објави а тоа дека излегле наводно 51 %. Заев е мајстор за лажење и око нема да му трепне да каже дека и 108, 73 % излегле да гласаат а Меркел и Макрон презадоволни од таквата вистина и излезеност ќе честитаат и ќе речат дека сме само два чекори пред полупреговачки датум за влез во ценетото им ЕУ.

Што ако без цензус ете Таљат да стане председател ? Со бојкотот ќе му забраните да стане председател или ќе излезете со пушки берданки, колку што излеговте до сега, само на Фејсбук?

Најпосле, од каде тие приказни за Гордана Силјановска дека е пион на Сорос? Сите седнале со Сорос, дури и Путин, Орбан и Ердоган. Овака како што е и кога сте запнале за ЕУ и НАТО, имате само еден избор и со Господ нека е напред, а тоа е само Гордана Силјановска.

Персонално, гледам дека е многу образована жена, знае да го скрши и тресне од земја елегантно соговорникот и да заборави што сакаше да ја праша. Во случај да речеме дека е човек на Сорос, по ваше нели, тогаш по таа логика ќе треба да биде другото лице на Сорос и да го тресне од земја Црпко.

Како и да е, не заборавете дека сакате нејќете ќе мора да гласате за Гордана Силјановска ако нејќете некој од оние две накази да стане Председател.

Господ само нека помогне и да ја чува вечно Македонија. АМИН !!!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top