Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XII

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер за информаци и иселеништво и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XII

1. После повеќе години стресови што ни ги приредија актуелниве властодршци, помогнати од политичкото подземје отаде барата и подржано од соросоидите во Брисел, конечно – во период од само неколку недели, во два наврати имавме можност да заборавиме на траумите и да се радуваме и веселиме од срце! Прво не возвиши Тамара Тодевска со брилијантниот настап на фестривалот за песна на Евровизија во Израел и не направи горди, а сега ракометарите на Вардар кои по втор пат станаа европски шампиони, а Скопје метропола на европскиот ракомет.
Радоста, за жал, ни ја поматија нашите, македонските телевизии кои не најдоа за потреба дирекно да ги пренесуваат натпреварите од Келн и настапите на по втор пат европскиот шампион Вардар!? А да ги запрашаме: З О Ш Т О???
Според една верзија, наводно, ниту еден македонски ТВ канал на национално ниво, во прв план МРТВ, не ги откупил правата за пренос на настапите на Вардар!? Но далеку пострашна е верзијата дека (повторно  н а в о д н о!!!) актуелниот премиер Зоран Заев забранил (!?) директен пренос како казна заради изјавите на капитенот на тимот Стојанче Стоилов дека никогаш нема да прифати неговата земја да се вика “Северна Македонија”. Впрочем, Стоилов тоа го повтори и на прес-конференцијата во Келн (каде се одигра финалето на Европскиот шампионат во ракомет), кога го корегира водителот со зборовите:”Мојата земја се вика Република Македонија”.
62023167 2372379876179235 3815799523024830464 n
Браво за Стојанче Стоилов!
Но доколку сепак станува збор за забрана за директен ТВ пренос на редок спортски настан од страна на Премиерот, тогаш ќе го потсетиме дека таков манир бил својствен на Јозеф Гебелс за време на владеењето на нацистите во Германија кога се што не било на линија на нивната идеологија (која го запали светот) било забранувано и безмилосно санкционирано.
Македонските љубители на ракометот сепак имаа можност дирекно да ги следат настапите на Вардар на српскиот ТВ канал АРЕНА СПОРТ кој ги имал правата за пренос на Лигата на шампионите во ракомет. Коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ со своите страствени коментари во стилот:”Радувај се Македонијо” и “Вардар, гордост македонска” во голема мерка придонесоа радоста од успехот на Вардар да биде потполна. Најискрено им благодариме на Рашковиќ и Стефановиќ.
1
Кулуминацијата на возбудата се случи во понеделникот (о3.о6.2019) навечер по враќањето на Вардарци и тоа со изнајмен чартер авион што го платил еден скопски бизнисмен. Илјадници граѓани присуствуваа на пречекот на скопскиот аеродром и вдолж 18 километри долгиот пат до централниот плоштад Македонија (фала му на Бога властодршците сеуште не му прилепија никаква додавка), каде при пристигнувањето на отворениот двоспратен автобус со Вардарци се случи вистинска експлозија од воодушевување на педестилјадниот народ. Се случи славеничка атмосвера одамна невидена и недоживеана во нашата татковина.
Не знам дали лицето Зоран Заев и оној лигав и самобендисан министер Никола Димитров следеа што се случуваше на плоштадот Македонија и дали до нив двајцата допреа пораките што ги упатија ракометарите од за таа прилика специјално поставената бина, но сепак ќе ги потсетиме на некои пораки – за да остане забележено:
– Столе ти си наша икона;
– Никогаш северна, само Македонија;
– Најголеми амбасадори на нашата Македонија;
– Добровечер Македонијооооооо;
– Денес сите сме Македонци (Демиров);
– Сакам и јас да сум Македонец, ама не ми даваат пасош;
– Ајде Вардаре;
– Добро вече Македонијо! Живели Македонци;
– Здраво Македонијо! Никогаш северна, само Македонија;
– Слави Македонијо;
– Veni, Vidi, Vardaaaaaaar……..
2. Актуелниот премиер на Република Македонија, очаен поради неможноста да привлекува странски инвестиции, ги посети неодамна Обединетите Арапски Емирати каде бил примен од – замислите: Шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој! Ало Заев, разбирам дека од Муртино не си бил во можност да научиш што е тоа  п р о т о к о л, но сега, кога го имаш за советник “искусниот за дипломатија” Ружин, и неколку дузини слични советници и “експерти”, плус цело едно министерство на надворешни работи, ред е бре човече да прашаш и да почитуваш протокол. Ниво за контакт и соработка на еден премиер е премиер, а не министер за култура. Престани да не резилиш Зоране Заев по светов и учи како треба да се работи! Не си повеќе градоначалник на Струмица!
3. На изборите за Европскиот парламент и локалните избори што во ист ден се одржаа во Грција конзервативната Неа Демократија катастрофално ја порази владеачката Сириза победувајки во 12 од вкупно 13 региони и повеќе градови. Нов градоначалник на Атина е Костас Бакојани син на поранешната министерка за надворешни работи Дора Бакојани и внук на поранешниот грчки премиер Мицотакис.
Сите анкети покажуваат дека лидерот на Неа Демократија Костас Мицотакис ќе биде сигурен победник на вонредните парламентарни избори во Грција закажани за 7 јули и нов премиер на Хеленската Република.
Е сега што правиме Зоране Заев и Никола Димитров? Познати се негаторските ставови на Мицотакис за Договорот (според мене: капитулацијата) од Преспа! Следствено, се поставува прашањето Зоране Заев: како ќе постапиш доколку владата на Мицотакис не го почитува актот од Преспа? Ќе го менуваш повторно Уставот и ќе го вратиш името (и достоинството) на нашата земја??? Или, што би рекол нашиот народ: “ќе свиткаш опашка” под притисокот од Калето и Брисел???
4. Пријателска Украина неодамна доби нов претседател, актерот и комичар Володмир Зеленскиј. Една од првите изјави на  претседателот Зеленскиј беше дека намерава да организира референдум и да го праша народот: “Дали да се преговара со Русија за проблемите во југоисточните делови на земјата” (Станува збор за регионот Домбас).
Морам да признам: Изјавата на Зеленскиј е многу дилетантска, навистина! Па како мисли господинот претседател да го реши проблемот со востанатиот дел од неговата земја, еден од најбогатите предели на Украина, ако не разговара со Русија? Како, со тенкови и слични средства???
Наместо да слуша коекакви “советници” кои ја доведоа Украина во ваква независна ситуација, би било попаметно г. Зеленскиј да го слуша гласот на разумот и со конкретни позитивни потези и мерки да бара решение за проблемот. Решение нека не очекува од Брисел и Вашингтон.
5. Мислам дека е крајно време да започне македонско-македонски дијалог, односно дијалог помеѓу најголемите македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за изнаоѓање теми од интерес на македонскиот народ и теми кои ќе не обединуваат и од кои ќе нема отстапување без разлика која од двете партии е на власт. Само така, со почитување на националните интереси и приоритети можеме да ја сочуваме татковината, во спротивно сите ќе бидеме губитници.
Како можен лидер на социјалдемократите, иако не е моја работа да судам и да давам мислење за партија на која не и припаѓам, Софија Куноска сметам дека би била за нив најрационалното решение.
6. По дванаесетти пат го повикувам Јавното Обвинителство да покрене истрага по допрен глас за настаните во кумановската населба Диво насеље Тие самите знаат зошто ги повикувам, ама не реагираат! До кога?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер за информаци и иселеништво и амбасадор

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top