Коментари

Го прочитав статусот на Љубчо Георгиевски посветен на делот за Драган Богдановски

dragan-bogdanovski

dragan-bogdanovski

Го прочитав статусот на Љубчо Георгиевски посветен на делот за Драган Богдановски и Христијан Мицкоски.

Жално е да се гледа како “војводата” се пенави во улога на слуга на Заев.

И се знае дека тука суштината е преку груба и неоснована лага, да се додвори на Заев, и тоа врз невистина, врз информација која никогаш Мицкоски не ја изговори.

А вистинското прашање е зошто Љубчо сега го напаѓа ВМРО, зошто лепи неосновани етикети на Мицкоски за некаков ген со неговиот претходник,а во исто време е на страната на Заев, во стилот на некој дволичен инфорбировец.

Одговорот упатените велат лежи во лукративноста на авторот, но за мене она што е уште попоразително е во исто време да се седи во скутот на Заев и да се говори за историјата на ВМРО-ДПМНЕ!

Драган Богдановски не дојде на основачкото Собрание на 17 јуни 1990 г. затоа што немаше патна, тогаш сеуште ЈУ исправа.

И, ако таткото на детето не бил во болницата кога се породило, сепак е татко, нели?

ПОКОЕН ДРАГАН БОГДАНОВСКИ е ИНИЦИЈАТОРОТ И ИДЕОЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

П.С Немој барем ти да говориш за улогата на Драган Богдановски кој ниту сега ниту за сто години нема да можеш да се доближиш ниту до неговата сенка, а не пак повеќе. Драган се декларираше за Македонец, и беше Македонец, од глава до пети, и даде се за нашата партија и кауза. Љубчо не може да се пофали со тоа.

Бог да го прости и Вечна му слава на Идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски

mane 1Мане Јаковлески

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top