Коментари

Малиот Луј

Пишува: Светислав ВАСЕВ

Политиката во Македонија веќе подолг период наликува на лоша фарса во која се зборува за дворски сплеткарења од пред неколку века. Главниот лик во нашата претстава е Зоран Заев, политичарот сонце, тој незаменливиот и непогрешливиот, најсилниот… Во ред во ред… ,,мало смо се шалили” што би рекол самиот тој. Овие епитети секако дека не му прилегаат, тоа го знаат сите, но не и тој.

Среди се што можеше да се среди како премиер, па сега ќе досреди и како министер за финансии. Не ми верувате? Добро и не мора! Па од кај знаеме ние кои приоритети си ги има човекот!? Можеби негов приоритет воопшто и не сме ние, граѓаните на Македонија. Си има човекот грижи, не за џабе сака да биде и министер за финансии. Ако за време на неговиот мандат само како премиер Заеви влегоа во бизнисот со марихуана, го купија Герас Цунев и што ли уште не, може да замислиме што ќе биде со семејните бизниси кога Заев ќе биде и премиер и министер за финансии.

Човекот чија влада е фатена во мега афера на непотизам, сомнежи за криминал и корупција со државни тендери, сега ќе биде главен трезорист. Заев буквално сака да пали и гаси во државата. Како што тргнало, побргу ќе не угасу и тоа во буквална смисла, ако не му се спротивставиме со време. Колку милиони ќе земе, на што ќе ги потроши и на кој ќе ги даде ќе одлучува само тој. Демократија? Да ама не овде. Овде е тоталитаризам.

И така Заев, човек кој во нормални услови немаше да се занимава со политика, а не пак да води држава, сега не само што е премиер, е и министер за финансии. Се прашувате за компетенциите? Па нормално дека ги има – ,,едно евро за Вицето” е систем патентиран и разработен, па зарем да остане така без да процути во целиот негов сјај? Знае и самиот дека власта нема да ја има уште долго, па да искористи максимално тоа што се може.

Од каде го влечам заклучокот?

Од историјата, не сакам да живееме во историја, напротив мислам дека треба да гледаме кон иднината и да работиме за благосостојба и општ напредок, но кога се работи за политика неминовно е да видиме што говори минатото. А минатото вели дека секогаш кога некој ја земал апсолутната власт во свои раце, кога бил и цар и касиер и судија и обвинител му се ближел крајот.

Приграбувањето на апсолутната власт е само страв од нејзиното неминовно губење. И како што паднаа и Луевци, Нацистите и Комунистите, кои беа најсурови пред да паднат, така ќе падне и секој друг авторитарен систем, без разлика колку и да се прикрива зад превезот демократија, збор кој незнаат ни што значи.

Крајот им е блиску, да не дозволиме да го угасат светлото.

https://lider.com.mk/makedonija/maliot-luj/

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top