Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XVI

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин Треневски, поранешен министер за информации и иселеништво и екс амбасадор

1. Најнов политички бисер на актуелната власт во Македонија е обидот (велиме “обидот”, бидејќи овој пат со никакви задкулисни комбинаторики и подметнувања не ќе може да го реализираат) пописот на населението закажан за 2020та, како што тие го планираат. Јавноста, имено, дозна дека меѓу двата круга од неодамна завршените претседателски избори, на тајна средба во Тетово, лицата Зоран Заев и Али Ахмети го направиле следниот пазар: за да добие подршка гласови од албанските гласачи консензуалниот кандидат за претседател, наметнат од Калето, Стево Пендаровски, СДСМ (читај Зоран Заев) да гарантира дека на најавениот попис процентот на албанците во Македонија да го наштимаат да изнесува – по секоја цена, а не реално колку што се на денот на пописот, барем 30 посто од вкупното население!?

Муртинецот очигледно прифатил ваков дил со Ахмети, бидејки мафташе со тие фамозни 30 проценти и од говорницата во Собранието на седницата за пратенички прашања минатата недела.

Не знам дали оваа индивидуа (З.З.) мајка го родила или е растен во саксија за дотолку да нема елементарно чуство почит кон сопствената нација на која и припаѓа!? Малцинствата во Македонија се колку што се и во македонското граѓанско општество се потполно рамноправни со остатокот од населението! Премногу опасно е мајоризација на било кое малцинство, особено не на сметка на остатокот, пред се мнозинството, граѓани.

Графата за пријавување со матичните броеви и тоа од роднини на македонски граѓани од странство за пописот, што се заговара, е кукавичко јајци преку кое ќе се обиде власта да ни го подметне и преку што се планира да се изврши маниупулацијата! На радост на сите нас, опозицијата располага со оружје против кое власта нема одговор, а тоа е  б о ј к о т о т  на пописот!!! А без учество на опозицијата во оваа статистичка операција што некои упорно сакаат да ја претворат во политичка операција, неможе да има попис!

Белким ова сознание ќе влезе во главите на политичките манипулатори во актуелната власт!?

2. Македонија и нејзиниот бисер Охрид се на дневен ред на заседанието на УНЕСКО што се одржува во Баку, Азербејџан. За жал, не за добро! Во прашање е промена на статусот на Охрид од категоријата споменик од светското културно и природно наследство, во категоријата  з а г р о з е н о  културно наследство. А како не би: во потесното градско подрачје на Охрид се констатирани 407 дивоградби а никој не се нафаќа да се соочи со тој проблем; се палат трските околу езерото за да се освојува земјиште за хотели и други објекти во крабрежјето, некој насилник поставил дури база за градежни материјали до самиот брег, а друг насилник гради дивоградба во срцето на градот, веднаш до древниот охридски чинар. Па добро бе луѓе, има ли нормални во оваа нам драга татковина Македонија!? Има ли закон со којшто тие наши наследени вредности од природата и од минатото ќе ги заштитиме и ќе им ги оставиме на генерациите по нас?

Има ли крај за ова лудило што преовладува како секојдневие во светата земја Македонија? Посакувам да е така, но не сум сигурен.

Можеби  не е лошо да се размисли за укинување на локалната управа во Охрид и определување на некој вид повисок специјален статус на државно ниво со овластувања со кои ќе води сметка и ќе се решаваат проблемите во овој наш бисер што е светски раритет.

Без сомнеж, локалната управа е директен соучесник во безаконијата и хаосот што владеат во Охрид.

3. Лицето Зоран Заев не успеа да си ја присвои и функцијата министер за финансии благодарејки на одлучното спротиставување на пратениците од опозицијата во македонското Собрание, но и пошироката јавност. Арно ама, Заев очигледно ептен многу им се намерачил на финансиите па за да си го бајпасира проблемот со сопствениот неизбор за министер за финансии, наметна решение да не предлага воопшто никого на таа функција, туку самиот тој е раководел со министерството!? Пусти мерак да се дограби до чекмеџето по пекоја цена.

Една од најпрвите мерки на новата власт, која и да е и кога и да е, очигледно ќе мора да биде:  з а м р з н у в а њ е  на имотот на сегашнава владеачка врхушка стекнат од денот на превземањето на власта и национализација доколку сегашниве властодржци не ќе можат да докажат потекло на капиталот со којшто е стекнат тој имот во Струмица, Велес, скопско Дебар маало…

4. Медиумите во Македонија бомбастично најавуваат бомби во август за злосторот крај Смилковското езеро со петкратното убиство што го сторија албански екстремисти на 12. април 2012 година. Во повеќе наврати пишував, а и во оваа прилика ќе го пренесам моето мислење за овој случај. Сторителите на злосторот одамна се знаат, но клучен момент секако е  м о т и в о т!!! Одговорот на ова прашање е во американската база Бондстил на Косово (каде се претпоставува дека се заштитени двајцата егзекутори на петте момчиња, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ), и од каде се регрутирани останатите учесници во овој злостор чија цел беше да се предизвикаат етнички немири (вообичаен метод на ЦИА кога е во прашање Македонија) и тоа непосредно пред самитот на НАТО во Чикаго што се одржа еден месец по злосторот кај Смилковското езеро, со цел да се девалвира Македонија како најспремна кандидатка за прием во Алијансата.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top