Коментари

Мнозинството против првата Парада на гордоста во Скопје!

a 1

a 1Свекрва

Мнозинството против првата Парада на гордоста во Скопје!

Во Скопје се одржи првата Парада на гордоста, на која присуствуваа припаднци на ЛГБТИ заедницита од целиот регион. Исто така, истиот ден  во Скопје се одржи и Марш на гордоста под мотото „Сведоштво за семејството” во организација на повеќе организации обединети во граѓанската платформа Сојуз за живот. Тоа укажува дека Македонија не е хомофобна, дека нема проблем со пропадниците на ЛГБТИ заедницата, меѓутоа дека е против претераноста на Западот во прифаќање на хомосексуалноста и родната неодреденост.

Македонија нема ништо против сите да бидат среќни. Меѓутоа. Македонија не го посакува претераното експонирање на нешто што го протежираат западните либерални кругови, а што е спротивно на домашната култура, традицијата и традидционалните семејни вредности на најголемиот дел од популацијата во земјата. За народот во Македонија, оддржувањето на првата Парада на гордоста, е всушност „прва Парада на срамот“, против која се одржа и Марш на гордоста под мотото „Сведоштво за семејството” во организација на повеќе организации обединети во граѓанската платформа Сојуз за живот.

Иако најголемиот дел од популацијата се против јавното презентирање на разнородни полови на пропадниците на ЛГБТИ заедницита која не е добро за младите и може да ја збуни младат популација испод 18 години, со исклучок на поедини случаеви, во Македонија нема претерана агресија против нив. Едноставно треба на младите да им се дозволи да станат полнолетни па потоа тие да одлучат што сакаат да бидат

За жал иако е многу мала оваа заедница таа поддржана од либералите многу брзо напредува со своите погледи во споредба со мнозинството и нејзините преставници завземаат видни позиции во општествениот живот. Своите позиции тие ги користат да ги наметнат своите погледи, притоа покажувајќи го своето лицемерје кога говорат дека не се прифатени од пошироката заедница.

Организаторите на првата Парада на гордоста пред маршот ќе го покажат своето лицемерие кога ќе истакнат дека „Скопје Прајд е протестен марш со цел да сврти внимание на јавноста за нееднаквоста со која живеат припадниците на ЛГБТ заедницата во нашата земја. Поради стигмата и неприфаќањето и насилството со кои нејзините членови секојдневно се соочуваат, присуството ќе значи најсилна и највидлива поддршка што може да се даде“.

Едноставно може да се каже дека во Македонија никој, ама баш никој не ги злоставува се додека не ги прекршат моралните и етичките норми кои важат во општеството, исто како што важат за секој друг.

Меѓутоа која е позадината на јавното пропагирање ЛГБТ заедницата, која ја има поддржката на западниот либерализам. Имено во процесот на глобализација, либералите започнаа со ширење на идејат на мултикултурализам, поддршка на ЛГБТИ заедницита, поддршка на жената, маргинилизираните групи и т.н..

Една од целите на глобалистите е уништувањето на семејството како основна клетка на општеството, а потоа и државите. Во таа насока може да се видат и напади кон црквата, без разлика дали тоа е православна или католичка, која во основа е заштитничка на семејството.

Во просецост на глобализацијата, со растурањето на брачната заедница, издвојувањето на поединецот од потесното и поширокото семејство, го прави поединецот ранлив и зависен. Тие потоа стануваат лесен плен и модерни робови на криминогените групи, моќните поединци или големите корпорации кои всушност и управуваат со државите.

Меѓутоа, особено по попустливоста за време на мигрантската криза, се повеќе луѓе во светот сфаќаат дека либерализмот е спротивен на нивните интереси и во пораст се популистите во Европа и САД.

Иако либерализмот одамна ја изгуби својата цел и е застарена идеја на која со децении се темели западната демократија, за разлика од владењето на ВМРО ДПМНЕ, денешната власт на Заевистите упорно ја пропагира. Нивните преставници во власта беа и на првата Парада на гордоста во Скопје, давајќи поддршка на преставниците ЛГБТИ заедницита.

Но, давајќи поддршка на една мала заедница, денес власта го запоставува мнозинството. Неодамна дури беше кажано дека власта е спремна од Фондот за здраство да плаќа промена на полот, но затоа пак нема пари да ги плаќа лечењата на децата заболени од тешки заболувања. Така да имаме секојдневно по медиумите како се бара парична помош од пошироката заедница за лечење на деца во странство. Срамно за една држава!?

Македонија мора да сфати дека идејата за мултикуртурализам повеќе не е оддржлива и дека либерализмот како таков е спротивен на интересите на најголемиот дел на наслението. Оттука СДСМ се повеќе го губи својот рејтинг за разлика од ВМРО ДПМНЕ кој се залага за бракот и зачувување на семејните вредности.=

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top