Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XVII

tren
Martin TrenevskiМ-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XVII
Еден сум од најпрвите во Македонија кои го искажаа своето воодушевување од триумфалниот настап на нашата Тамара Тодевска на фестивалот за песна на Евровизија што се одржа во мај месец во Израел, прогласувајки ја за “нова хероина на Македонија”. Но, за нецели месец и половина од тој настан Тамара, на мое длабоко жалење, постана една од најозборуваните, па дури и најомразените лица од македонската естрада по инцидентот (!?) што се случи во Американската амбасада во Скопје каде на 3ти јули – на приемот по повод Денот на независноста на САД ја испеа а’capella македонската химна и при тоа изостави многу важна стофа во којашто се споменуваат хероите на Крушевската република – Гоце, Питу Гули, Даме Груев и Сандански.
Први на овој намерен или ненамерен “гаф” реагираа нашите сонародници од соседна Бугарија, кои ја иницираа лавината на протести и гнев за тој пропуст, пред се упатени кон Тамара. Некои дури отидоа до таму што побараа затворска казна за хероината Тамара, без да навлезат во суштината на проблемот кој, според мене, е многудимензионален и нималку наивен.
Следеа изјави дека Тамара испејала “своја верзија” на химната што воопшто не држи бидејки Химната на РМ е заштитена со закон и никакви интервенции во текстот не се дозволени, а камоли некој изведувач самоиницијативно да додава или одзема строфи!  Претпоставувам дека Тамара тоа го знае!? Други го доживеаја инцидентот како “пробен балон” во контекст на актуелниот спор што го имаме со Бугарија која ги присвојува македонските илинденци и ги прикажува како Бугари!? Но мислам дека најреално е мислењето што го дадоа Американците од македонско потекло здружени во Обединетата Македонска дијаспора (ОМД) кои отворено искажаа сомнеж дека “грешката” на Тамара не е случајна и дека ОМД “цврсто верува” дека тоа е сторено н а м е р н о  поради залагањата за промена на Химната што се заговара и во платформата на ЦИА, попозната како “Тиранската платформа”! Можеме да претпоставиме дека на нашинците во Америка добро им се познати методите на дејствување на таа фамозна и злосторничка ЦИА и затоа на нивното тврдење треба да се приоѓа со потполна сериозност! ОМД побара од амбасадата на САД во Скопје како организатор и домаќин на настанот да се извини, што амбасадата и го стори со изветвени фрази со кои не можат да се убедат ни мали деца.
Се извини и самата Тамара, верувам искрено, но за жал се чини дека таа самата уште долго ќе се соочува со гневот на народот за настанот на Калето. Па дури еден Зоран Заев се најде повикан (што би рекле комшиите: ничим изазван /можеби си ја има мувата на капата???/) да објаснува дека инцидентот бил случаен, а не намерен!? А да не ќе да е однапред договорен настанот помеѓу Калето и актуелниот властодржец на Илинденска б.б., а Тамара искористена како жртвен јарец??? Што велите?
Ќе потсетам во оваа прилика и на невидената хистерија во Бугарија на темата чиј бил, или од која националност бил Гоце Делчев! Хистеријата како со волшебно стапче престана со посетата на Никола Димитров на Софија еден ден пред почетокот на конференцијата на Црноморската иницијатива. Отиде Н. Димитров еден ден порано за да може да ја утеши и да вети на неговата бугарска колешка Захариева дека прашањето за националноста на Гоце Делчев ќе се надмине, со кротко, во нивна полза, т.е со наше (т.е. од властодршците во МК) откажување, со активности како бришење на неговото име од националната химна и слични приземни и подземни практики од актуелната власт во МК, дома и надвор!
Но што навистина се случи и кој беше поводот за “пропустот” со изведбата на Македонската химна на приемот кај нашиот стратегиски партнер САД!? За Американците важи правилото дека ништо не препуштаат на случајност, особено не на прослава на Денот на независноста!!!
Случката од 3ти јули треба да се гледа во контекст на сценариото на ЦИА за разнебитување на Македонија и пренасочување на нејзиното историско и културно наследство во ексклузивно авторство на соседите Бугарија и Грција и за цементирање на фашизоидната теза дека ние сме творба од Коминтерната, а нашата стварност како нација со посебен идентитет и наслество датрира од 1945та година. Со еден збор, тоа спроведувањето на тоа сценарио сеуште е во полн ек! По “изборот” на нивниот консензуален кандидат (на Калето) за претседател Стево Пендаровски, уследи бруталниот и многу болен за нас напад на Химната, а сега уште им преостанува нивната интервенција во следните парламентарни избори (со финансиски инекции од Сорос и ЈуЕсЕјд за привлекување на неопределените и малцинствата да гласаат за Стево, со нови концесии за пајташите на Али Ахмети, но и со пописот на населението закажан за идната пролет чија цел е бројот на Албанците и официјално да се зацементира на 30% од вкупното население, а реално се околу 15%!? Но прашање е дали крајот на брутално мешање на нашиот сратегиски партнер САД во нашите внатрешни работи ќе заврши со тоа! Не сум баш сигурен, особено не со актуелнава поданичка констелација на власт од двоецот Заев-Ахмети.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top