Коментари

Думата наспроти Фејкот

Goce Markov

Goce MarkovГоце Марков колумнист, Македонец и Човек

Думата наспроти Фејкот

Кога главно оружје требаше да стане Думата, Зборот, Мислата, тогаш секој се обидуваше во туѓата уста фејк да стави, а во туѓата глава ораница да направи, од мисли, дистрибуција на нискофреквентна струја наменета за потценети и инфилтрирани. Иако мојата смисла сега ви изгледа бесмислена, еден ден ке ви биде четиво и патоказ.

Тешко на онаа единка која престанала со своја глава да мисли и свое брашно да меле. Тешко на оној народ кој престанал да сонува и да користи метафори. Оксиморон е вашиот денешен морон! Идеализирана Кејти на бурек со сирење и исплашена толпа лажни профили кои плукаат спроти ветер на кило.А си мислите не наплаќаат!?

Нам нема сега да ни наплатат ама ќе ни се врати како бумеранг.

Тоа се тие суверени мегафони на Власта, де тука, де на другата. Затоа ги замолувам пасивните обсервери од првите редови да не фрлаат со јајца по зградата каде ,,Отвори отвори” се претвори во затворена шема и простор за кладилница.

,,Нашите” се  работници а не обични статисти кои блеат во празно гледајќи ништо и повеќе од грош два…сировина на денешнинава.И престанете во секое мое Слово да барате две. Дојдовме до дереџе кога земјава ни зависи од кутриња кои жалко квичкаат додека мајката е бремена веќе!? Престане ли со доење  почнуваат да лаат осилени и во налет на антидржавни елементи.Лага било Рекетот, тоа било имагинација на Џоковиќ, чунки нему му бил оштетен рекетот на последниот турнир и за него сме расправале, а не било друго во прашање!

Па до толку потценување на Македонците и паметот на еден просечен шаркач од Шарената вдовица која остана сама на крстопат, остави ,,сирачиња” не сме виделе!

Немаат јасна визија повеќе кога е ден а кога ноќ, кога е јаве а кога фикција, само да се задржи функција а чипот само менувај, не е важно каков.

Со куп хипотеки и опашки бараат правна држава а истата ја негираат со секој следен потег.Бараат и црква со црни богохулници и азнобарачи! А кој сум пак јас да им го рушам раатот? Ако се достојни на Бога, Бог нека им го покаже Патот! Нам не ни се виновни другите па да плаќаат за нашата индиферентност. Никој не ни е виновен. Самите мора да ја прележеме и оваа болест. Политичка индигнација не можеш да екстрахираш од растителни видови на еднинки кои се хранат со доларчиња и трач рубрики. Со тематска   фолклористика на кич и лажен сјај ке ви помине животот во блуење оган. Заедно со силата на нашите антагонисти вирееме сеуште на парче земја, ископана, разорена до трт, исповраќана со лаги, недостиг од морал и барања за проекти поткрепени од јабана. Очекувам следните избори да бараме харизма и ликови со кураж, со  софистицираност и резигнација наместо шема. А овде и денес, имаме мало хаотично движење на мисли кое не се движи повеќе од дозволеното. Од страна ви ставиле он лајн радар и ве држат во духовна изолација и премолчана контрола. Да одбереме кредибилни и одмерени, начитани и неустрашливи ликови, воини од нова генерација, нова интелигенција а не истрошени и кафепијачи. Не ги гледајте оние кои бараат рогови, тие сигурно и даноци не плаќаат. Погледнете околу себе, видете го комшијата, братот, другарот, подадете му рака за да тој ве оцени, за да тој биде главниот фактор…ама не го барајте само за гласање. Затоа што и утре ние ке бидеме тука. И утре ке има сончеви денови и денови на дожд и бура.А кога ке изчезнат црните гаврани од политичкото небо ќе правиме промоција на квалитет а не на оговарачи и плукачи по своите, снимени разговори на блискиот препраќани како љубовни писма а во јавност да ми се кажуваат патриоти!?Тоа се оние луѓе кои се дрзнуваат да се наречат и мажи а се сниски како страстите им за власт и годишната им нема обсервација на настаните(чунки тогаш не било време, немале интерес). При толку експерти во оваа наша небиднина и оправија нема потреба да се грижиме за нашата иднина. И бидејки мојата личност, лична и необезличена не трпи дволични не знам како повторно да бидам Војвода на гласачите. Ке ми треба сила за да ги надминам субмедиокритетите кои бараат експликација а всушност знам дека се зезаат со мене и со моите визии. Тиа се чеда на искористени кондоми кои не успеале да станат ниту сперматозоиди а уште помалку патници. За оплодување не дискутираме.

Овие персони се квасец без маја и никогаш нема да пораснат, да нараснат…

Јас ќе гласам за новото утро па макар тоа да ни носи и Арктички ден.

Скромната повелба на прочитани дела нека ги води младите политичари кои за разлика од манекенките, кондомите, научните работници по возила под пет години старост се гаранција и идеал.Работи кои се заборавија.

Гласам за скромност и благородност.

Гласам за работа и професионалност.

Гласам за принципи и христијански погледи.

Гласам за Човеци.

Гласам за Гласачот.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top