Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXI

tren
Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXI
1. Пораката што доминираше од настапите во актуелново државно раководство на светиот ден Илинден беше: ние македонците  “да сме се помириле” и “да сме се обединиле”!
Националното помирувањето и обединување секако се наш најголем приоритет и насушна потреба но се поставува прашањето: кој со кого да се помири? Да се помириме и обединиме со лицето Зоран Заев кој нема елементарно чувство за национална припадност и кој ни нанесе толку многу зло и, за жал и сеуште ни нанесува како верен слуга на туѓи интереси, а на штета на својот народ и со лицето Стево Пендаровски кој од “Шпанските скали” пред вилата на Водно не сакаше ни да го изговори името на нашата татковина чиј претседател постана благодарејки на Калето и неговите домашни слуги!? 
Обајцата уште за животот неминовно ќе бидат запеметени како македонска варијанта на генералот Квислинг и маршал Петен, предавници на норвешкиот и францускиот народ. Да се помириме со вакви типови би значело да се идентификуваме со нивните (зло)дела и идеологии што е невозможно!!! 
Помирувањето е можно единствено со нови, неконтаминирани со криминал, корупција лица на раководните позиции во СДСМ како на пример Куновска, Митрева, а би можел да помогне и Бранко Црвенковски кој иако не беше цвеќе за мирисање како владетел, сепак се докажа на дело како патриот кој ги брани националните интереси.
2. Зоран Заев во занесот дека е небаре голем државник со кого странските гости чезнеат да се сретнат, веќе од првиот контакт им скока во прегратки – те ги гушка, те ги бакнува. Го видовме како и се нафрла на Могерини, во повеке наврати на Хан, не пропушти да си се гушка и со Јункер и со Филип Рикер, а очигледно најомилен партнер за прегратки секако му е Бојко Борисов. Со него (со Борисов) небаре уште јазик да пуштат еден на друг – до толку е силна нивната меѓусебна хемија!?. Пустиов Муртинец не пропушта и во средбите со Меркел да ја потчукне по рамо или да ја пофаќа за рака германската канцеларка!?
Па добро бре луѓе, нема ли некој искусен познавач на убаво однесување и протокол да го поучи човеков како не треба да се однесува? Па нели ја врши функцијата премиер, демек државник!? Тој треба да внимава на секој детал кога се појавува во јавност и како треба да се однесува со државници и високи гости. Не се сомневам дека ЗЗ има именувано лица и за протокол меѓу десетиците советници во кабинетот, но тоа само по себе не значи ништо бидејки протоколот е многу суптилна и важна дисциплина која бара искуство и знаење, а не само парадирање и егзибиции со гушкање!
3. Извесен професор Спиридон Стефос, член  на грчкиот тим експерти од меѓувладината комисија за историја, археологија и образование со Македонија се пофали за весникот “Етнос” дека со колегите од македонска страна бил постигнат договор дека “Словените немаат никаква врска со античките македонци”!?
Би го запрашал професорот во оваа прилика: “Каква врска имаат современите грци со античките грци”??? Според германски антрополози до 80-90% од современата грчка нација се НЕГРЦИ, туку тоа е мешавина од албанци, македонци, туркофонско население, евреи….. како резултат на  процесот на насилната елинизација особено интензивна по грчко-турската војна и формирањето на кралството Грција во 1830-тите години.
Но проблемот е кај нас, конкретно кај членовите на македонскиот дел од Заедничкиот комитет на експерти? Претседател на тој комитет е угледниот дипломат Виктор Габер чија мајка, според некои сознанија е Гркинка!? Дали на г. Габер кој е врвен дипломат, но не е историчар, му е позната теоријата за еногенезата, т.е мешањето на народите? Судејки по постигнатиот договор “ОЧИГЛЕДНО ДЕКА НЕ”!!!
Па да му објасниме, на овие простори античките македонци биле асимилирани од римјаните, тие се мешале со бројни племиња од север и од исток, а таа мешавина, се стопила во големите налети на словените и тн, и тн. Истиот процес се случувал и во Грција. Колку автентични грци има, на пример во Егејска Македонија каде само во 1930тите години од минатитот век се населени над 600.000 дојденци (маџири и просфиги) од Мала Азија???
Доколку Габер ги знаеше овие нешта не смееше да се согласи за она што дал согласност, но за 2.000 евра месечен надомест како претседател на Македонскиот дел од Комисијата очигледно се е можно!
4. Екс-амбасадорот на Бугарија во Македонија и претседател на мешовитата вугарско-македонска комисија за разликите Ангел Димитров побарал вонредна седница на крајот на август за да се расчистело “Што Гоце Делчев самиот кажувал за себе, семејството и средината во која живеел”. На бугарската бескрупулозност и силување да се даде конечен (?) суд чиј е Гоце, најдобар одговор даде професорката Наташа Котлар која децидно нагласи: “Гоце е Македонец роден во Кукуш”.
Проф. Котлар покажа дека има став и “пантолони” за разлика од многу нејзини машки колеги и дефинитивно заслужува да биде директор на Инститот за национална историја!!!
Но кога сме кај односите и проблемите што ултимативно ги наметнува Бугарија, а за да ја зајакниме нашата позиција, предлагам:
a) Македонија званично да побара Бугарија да ни плати воени репарации за сите штети што ни ги нанесе како окупатор во Втората светска војна;
b) Да се извини за стреланите и измачуваните жртви на бугарскиот фашизам;
в) Да ни ги врати реликвиите што ги присвои (украде) како окупатор во  Балканските и Првата светска војна од ризниците од охридските цркви,и други цркви ширум Македонија, вклучувајки ја и круната на Охридските архиепископи.
Тоа треба да бидат нашите предуслови за преговори на рамна нога, а не Бугарија да ни наметнува/условува свои позиции и интереси!
Само на таква база склопен договор за пријателство може да биде прифатлив, а со постоечкиот може да си го избришат… на пример,носот!   
5. Македонија, ни крива, ни должна се најде во српско-косовскиот вител на непријателства со апсењето по налог на Интерпол на борецот на ОВК Томор Морина кого го бараат и србите и косоварите.
Но најсериозен проблем во случајов е однесувањето на македонскиве албански лидери кои поаѓаат од племенски позиции за ослободување на Морина, непочитувајки го меѓународното право артикулирано преку Интерпол!? Тоа особено нагласено го прави потпретседателот на владата задолжен за евроинтегреации Бујар Османи до кого очигледно не допираа предупредувањата од Брисел дека со мешањето на власта (политиката) во правосудството опасно го загрозува процесот на евроинтеграции на сопствената земја која го плаќа за таа функција.
До кога Бујаре??? Можеш ли ти лично и тие што те притискаат тоа да го правиш да размислуваш како Европјанин којшто почитува закон, а не како припадник на етникум???
6. Заменикот на помошникот на државниоит секретар на САД Метју Палмер ми влева малку надеж дека сепак,  к о н е ч н о, некои работи во РМ ке се придвижат кон подобро со изјавата дека: “без решение за случајот Ракет во кој е вмешана и обвинителката Катица Јанева може да се поткопаат изгледите за почетокот на преговорите на МКа за членство во ЕУ”.
Ало Заев, ја чу ли пораката? Значи ни твоите ментори повеќе нема да ги толерираат твоите беззаконија и ќе мораш сепак конкретно да покажеш почитување на правото, и како што самиот велиш да нема непростивост на криминал и корупција кон сите, вклучувајки ги и твоите најблиски!
Секоја друга варијанта за тебе е губитничка.
Ајде да видиме како ќе постапиш.
Сега нема каде да бегаш и од сопствената одговорност бидејки криминалите на твоите околу тебе секојдневно излегуваат на виделина.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top