Коментари

Македонија е зрела за формирање на „Народен суд“ (Tribunis plebis)

1svekrva copy copy copy copy

121Свекрва

 Македонија е зрела за формирање на „Народен суд“

По отварањето на големиот коруптивен скандал „Рекет“, во кој се вмешани обвинители, судии, бизнисмени, новинари, криминалци, како и високо позиционирани политичари, се повеќе станува јасно зошто го смени името на државата, идентитетот и историјата на македонскиот народот (Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Законот за јазиците).

Иако, скандалот ја вжешти атмосферата во Македонија, премиерот, македонскиот парламент и Катица Јанева одмараат. Тоа го отвара прашањето за нивната одговорност и потребата од моментално распуштање на парламентот, предвремени избори, формирање на експертска влада, разрешување на Јанева и за продолжување со работа на Специјалното јавно обвинителство во рамките на Јавното обвинителство.

Во услови кога земјата ја тресе корупциски земјетрос со катаклизмички последици, наместо власта да побара од надлежните институции да се прекинат одморите и да се спроведе темелна истрага и сите инволвирани да бидат изнесени пред лицето на правдата, тие се наоѓаат на одмор. Со оглед дека актуелната власт не превзема ништо во однос на иволвираните во мега скамдалот „Рекет“, ним им се остава доволен временски простор да можат слободно да ги уништуваат доказите, да влијаат на сведоците и да ги изнесат надвор средствата од уцените кои не успеале да ги потрошат.

Интересно е молчењето не само на македонските власти туку и на политичарите од Европската унија чие чедо е СЈО. Со оглед дека сензационалните откритија за опсегот на корупција во земјава предизвикаа не само внатрешни туку и надворешни тензии се поставува прашањето дали европските политичари молчат бидејќи се затекнати, односно поединци се опфатени со рекетарската афера или пак тоа им одговара за да утре кажат и покрај што го сменија името дека Македонија е мафијашка држава и за таква нема место во ЕУ.

Новинарите кои ја истражуваат аферата „Рекет“ очекуваат жешка есен и доколку им биде дозволено, допрва ќе откријат екслузивни детали кои ја допираат „стратосферата“. Од она што беше објавено на италијанскиот сајт на Ла Верита, очигледно е дека оваа македонска афера добро ќе ја раздрма не само Македонија и регионот, туку и Европската унија чије чедо е СЈО кое му помогна на октоподот за кој веруваме дека одамна е заминат во историјата да му нанесе огромно зло на македонскиот народ.

Во ек кога корупцискиот скандал ги има зафатено сите пори на политичкиот и општествениот живот (законодавната, извршната и судската власт), најдобро за македонскиот народ е власта предводена од СДС и ДУИ да си дадат оставка. На Македонците не им е потребна ваква корумпирана власт која погазувајќи ја вољата на македонскиот народ го смени името да државата и идентитетот на народот, го посрамоти пред меѓународната заедница и го опљачка.

По сите докази кои излегоа во јавноста актуелната власт мора веднаш да си даде оставка.

Истовремено нејзините преставници мора да одговараат за целото зло кое му го нанесоа на народот. Ако поради актуелната ситуација и курумпираното судство веќе не можат да и судат актуелните институции тогаш нека им суди народот.

Македонија е зрела за формирање на „Народен суд“ (Tribunis plebis)

Во ситуација кога институциите се блокирани да дејствуваат или се инфецирани од коруптивна болест, време е граѓаните да ја превземат работата во свои раце. Не може вечно да чекаат некој друг да им ја заврши работата.

Ниту ЕУ, ниту НАТО и ниту САД нема да и помогнат на Македонија да се расчистат нечистотиите кои го загадуваат нашето општество. Македонскиот народ мора самиот тоа да го направи ако сака да се врати правдата во земјата. Во отсуство на кредибилно судство, кога е изгубена вербата во судството, народот би носел пресуди.

„Народен суд“ (Tribunis plebis) не е нова измислица.

Тој постоел уште во Римско време, кога обичниот народ (плебејците) успевале преку него да издејствуваат одредени права од Римскиот сенат, да стават вето на постапките на конзулите и другите претставници на високата класа. 

Народниот суд бил употребуван и од Македонската револуционерна организација за време на османското владеење, кога владеачката класа посегала по животите, честа и имотот на Македонците. Со зацврснувањето на мрежата на Организацијата македонските селани не оделе повеќе по турските судови. Комитетите и војводите ја презеле судската функција.

Денес, народниот суд би се занимавал со повредата на човековото право, кривичните дела на државните органи, па дури и на улогата на меѓународната заедница во кризата денес. Во народниот суд би биле ангажирани луѓе со високи морални вредности, како од земјата така и од дијаспората. Јасно е дека при постоечки институции, без разлика во каква состојба се наоѓаат, овој суд нема да има ниту правен ниту извршен авторитет, но секако секоја пресуда ќе има голема морална тежина.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top