Коментари

Заев знаел или морал да знае

Системот е трул. Многу трул. Спрегата помеѓу владеачката елита и правосудството ја закопа правната држава два метри под земја. Зоран Заев, кој себе си се прогласи за судски реформатор, стана негов гробар.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Аферата Рекет, му зададе морално-вредносен удар на општеството. Или ќе го уништиме трулото и ќе му дадеме можност да закрепне или ќе пропаднеме на среден рок. И не, не сум песимист, ниту заговорник на црни сценарија. Замислете во некоја друга држава, пред се оние од Запад, главен обвинител да беше компромитиран со снимка од која јасно се слуша дека ветува поволности за обвинет, истражните органи да не можат да му го пронајдат телефонот, а кога ќе му го пронајдат тој да е преформатиран, потоа во време кога постојат за него индиции за сторен криминал слободно да ја напушти државата, зарем мислите сето ова да се случеше во Германија, В. Британија, Франција или пак САД, обвинителот ќе беше се уште на слобода? Оставам на Вас да си дадете одговор.

Секако да беше ова случај во некоја од горенаведените држави ниту обвинителството ќе одеше на одмор, туку ќе беа свикани сите обвинители, и оние кои заминале на ферија. Ноншалантното однесување на Русковска, ќе беше во најмала рака скандализирано во медиумите. Тоа кај нас не се случи. Зошто? Треба да си дадеме одговор сите заедно! И додека сите се прошетаа по одмори, и очигледно се издоговорија како да го работат случајот, народот чека одговори, изгуби одамна надеж во државата, му ја убија оние кои ветуваа живот.

Никој веќе тука нема дилема дека со оваа гарнитура ма власт одговорност нема да има. Зошто? Едноставно е, ако прочепкате подлабоко ќе нема крај на листата потенцијално обвинети. Почнувајќи од МВР, кои треба да одговорат како некој рекетирал со години, и тоа внимавајте! Милиони! А тие за тоа поим да ти немале. Потоа со службите од областа на финансиското разузнавање, па ако сакате на крак и обвинителството. Но на самиот врв ма одговорност е лично Зоран Заев. Зошто, затоа што на еден или друг начин целиот државен систем е под негова контрола, и знаете како вели законот, знаеле или морал да знае. Да за ваков милионски рекет, кој траел со години норал да знае.

И сега знаејќи го сето ова, зарем мислите дека со Заев на власт е можна разврска? Па секако дека не. Потребни се итни избори и смена на власта, што неминовно ќе се случи. Но тоа е само почетокот на решавање на проблемот. Потребна е темелна реформа во правосудството. Тоа е нешто за кое веќе пишував и сметам дека е потребен генерален реизбор на судии и обвинители, во постапка и методологија кои ќе гарантираат правичност и законитост. Тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Тоа сме и должни.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top