Коментари

Колку може да издржи еден Народ?

Goce Markov
Goce MarkovГоце Марков-колумнист, Македонец и Човек
Колку може да издржи еден Народ?
…или приказната со Кубурот?
Три децении сме во постојана потрага по сопствениот идентитет!
Кој се пронашол арно, кој бил стечаен управник уште поарно, ама за него…и би Приватизација!
Незаборавна во секој случај.Илјадници и илјадници семејства фрлени на маргините на општеството, а Тие, ,,плавата крв”,управници, директори, претседатели, судии, кадии, професори, удбаши, се што е моќ и квалитет во живеењето!
И имало ,,комунизам”?А бре буљаши, па се расучи Народот и селаните, и дознаа што е ,,Комуна” а што длабоко фрижедери полни со долари!
Убаво се сеќавам на денот кога во Солзата на скршениот поглед на мојот татко, тогаш столб на фамилија си дојде од работа и ни кажа дека останал стечаен работник!? 
Тоа е момент кој многу семејства ќе го преживуваат одново и одново иако половина од нив досега се изумрени а другата половина се или со мозочни инсулти или живуркат во страв!
Е тоа сте Вие, многуфалените Левичари т.н.,,комунисти”.
И после триесет години пак истата приказна! Народ не научил, ги избрал или не, тие се тука пак да го допродадат и она што остана, од болници, здравство, се што може да оди на тендер!
Што е Диктатура а што Хунта?
Излегува политичар пред Избори и ви ветува дека Името нема да се промени?!
Името се менува.
Излегува другпат и ви ветува непромена на Устав?!
Уставот се менува.
Лага до лага, гаф до гаф, а зимскиот сон на малите мечиња трае ли трае…
Колку и да се задоени со радиоактивен материјал сепак вашите мозочиња служат барем за една животна симултанка, не мора повеќе…
Во обезличена држава со сменети банкноти, униформи, улици, табли барате националност и графа за постоење?
А што направивте да го спречите истото?
Гледавте на ТВ?
Хм…најголемите критичари останаа и најголеми кукавици!
Чекаш Датум за датум?
Рекет, изнуди, снимки, докази, психологија, обвинители, судии, логистика, лобирање и еден куп потрчковци!
А главата цела?
Чудни се божјите патишта!
Повеќе народна желба отколку ,,комунистичка теорија”.
Во државава сите професионалци, галеби предадени а едно дело нема завршница, еден предмет не е реализиран онака како налага системот на правото.
И понатаму ќе продолжи девијацијата на работењето на власта.Тоа е веќе насока!
И натаму ќе ја гледате крвната слика на невини по затворските решетки и лукавата насмевка на замешателите по фотелјите.
Но, и ова ќе мине!
Ќе дојдат сончеви денови, ќе мине зимата и заледениот здив на камшикодршците ќе биде заменет со топла затворска наметка и чајче!
Дотогаш не ги заборавајте деструкциите и девијациите!
Секој кој се огрешил, ќе мора да поднесе фактура пред Бога и пред Народот!
Злото раѓа зло, а алчноста мора да се санкционира!
Па и Ние, обичните смртници а граѓани можеби дотогаш ќе најдеме компатибилна на нас, политичка глина и ќе замесиме тесто за наши Човечиња политики кои ќе не бранат, Нас а не Капиталот!?

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top