Коментари

СДСМ се подготвува за избори!

1svekrva copy copy copy copy

1aaСвекрва

СДСМ се подготвува за избори!

Парадоксални изјави доаѓаат од Социјалдемократите, актуелната партија на власт. Од една страна сакаат да ја намалат гломазната администрација, како што тие ја нарекуваат „мрзлива“, а од друга страна сакаат да ја продадат Градската куќа под  Кале бидејќи била мала и не можела да ја собере целата администрација на град Скопје. Повеќе од очигледно е дека Социјалдемократите се подготвуваат за избори.

Свесни дека ќе изгубат наредните парламентарни избори (предвремени или редовни) во наредната година тие се обидуваат да направат простор за своја администрација како гласачко тело на кое можат да рачунаат, како и, како да дојдат до средства за престојната кампања.

Од една страна власта најавува отпуштање на прекубројните од јавната администрација, а од друга страна сме сведоци на секојдневни објави на огласи за прием на нови службеници.

Власта сака „непотребните“ лица од јавната администрација да ги понуди на приватниот сектор, сметајќи дека таму тие би работеле со поголемата заработувачка.

И покрај ваквото објаснување, видливо е дека власта сака да го вработи своето членство, како идна гласачка машинерија, а не да ја смали прекубројната администрација. Всушност да сакаше да ја намали администрацијата таа би се зафатила со тие што примаат плата и воопшто не одат на работа. Едноставно, ваквите лица се толерираат.

Исто така, неспособните напредуваат, додека оние што навистина вредат без разлика на етничката припадност се деградираат и се острануваат од процесот создавајќи нефункционални институции. Всушност, ако се гледа по етничка припадност, припадниците на мнозинството најмногу се изложени на дискриминација од немнозинството, кое во институциите се однесува како да е нивна лична своина.

И како што велат од власта, непотребната или „мрзеливата администрација“ ќе биде понудена на приватниот сектор, притоа субвенционирајќи ги приватниците кои ќе ги примат. Меѓутоа се поставува прашањето, колку приватниот сектор е спремен да прифати „мрзлива администрација“. Имено нему му се потребни работноспосбни луѓе, агилни и креативни, способни да одговорат на секаков предизвик. А такви тешко дека ке ги добие. Од друга страна доколку административците бидат превземени заради субвенциите, тогаш можат да бидат истите изложени, со оглед на немање на правна држава, на низа непријатности.

Голем дел од приватниот сектор не е спремен правилно да менаџира со човечките ресурси и платите не се големи. Во просек платите се околу 200 – 250 евра. Ретки се оние кои работат во фирми кои го почитуваат работникот и примаат високи плати. Поради тоа многу луѓе спасот го бараа во администрацијата, каде има мали но редовни плати, а не во приватниот сектор каде што ако можат ќе ти го земат и тоа што ќе ти го дадат. Поради тоа, многумина спасот го бараат надвор од земјата и поради тоа имаме толкав одлив на школовани кадри.

Власта очекува дека до крајот на годината ќе заврши реорганизацијата на државната администрација при што некаде ќе се намали бројот на административците и ќе затворат институции, но некаде тој ќе се зголеми и можеби ќе се отворат нови институции.        

Тоа би значело расчистување со кадрите од претходната власт и вработување луѓе од сегашната власт. Меѓутоа, покрај зголемување на гласачкото тело потребни се и средства.

Така, покрај аферата „Рекет“ која излезе на виделина, опозицијата опоменува и за нов како што вели „бомбона“ бизнис.  Имено опозицијата зборува за одлуката на Советот на Град Скопје, за продажба на Градската куќа, што ја градеше претходниот градоначелник Коце Трајановски и за чија изградба беа потрошени повеќе од 12 милиони евра.

Ако веќе се намалува администрацијата, тогаш Градската куќа би била доволна. Меѓутоа ако таа се зголемува со партиски непродуктивни кадри тогаш нормално дека таа нема да може да ја собере целата администрација на скопскиот градоначалник. 

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top