Коментари

Од што се плашат (некои) медиуми?

71517078 10216190094719581 718496862675402752 n

71517078 10216190094719581 718496862675402752 nИвица Тодоров- МПСД македонско патриотско суверенистичко движење

Понеделник 30-ти Септември 2019 година, со почеток во 18.00 часот пред Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Република Македонија и Македонското собрание во Сккопје се одржа масовен собир на граѓани.

Собирот беше најавуван претходно на социјалните мрежи од страна на повеќе граѓани индивидуалци и неколку фејсбук групи и фан страни од Македонија но и од странство под паролите:

“Не за Преспанскиот договор! НЕ! за ЕУ, НЕ! за НАТО” со цел за одбележување на годишнината од одржувањето на Референдумот за промена на името на Република Македонија кој што се одржа пред една година токму на овој датум, организиран од страна на актуелната власт предводена од Зоран Заев и СДСМ.

Од она што можеше да се забележи на самиот настан беше спонтаноста на учесниците во собирот, кои главно на неорганизиран начин индивидуално зедоа учество помеѓу присутните граѓани. Имаше и помали групи на организирани учесници кои броеја максимум 30-40 со свои симболи и обележја на идентификација, но преовладуваше генералниот впечаток дека мнозината присутни граѓани се дојдени спонтано одзвани на повикот на организаторот на настанот. Дополнително можеше да се забележи отсуството на високи политички претставници од поголемите партии во Република МАкедонија.

Настанот официјално започна пред канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје за потоа граѓаните во организирана поворка да се упатат пред Македонскиот парламент.

На собирот можеа да се слушнат скандирања : “Никогаш (терминот на с, Само Македонија”, Македонија, Македонија, при што беа прочитани и неколку декларации и прогласи на неколкуте организации кои учествуваа во народниот собир.

Интересен факт поврзан со одржувањето на овој настан е што истиот беше игнориран од страна на сите телевизии како национални концесионери така и локални и регионални тв и радио станици.

Ваквата слика е уште повеќе изразена кај поголемите и афирмирани интернет портали во државата што го наметнува прашањето, кој стравува од објективно информирање за самиот настан како и пораките кои беа упатени од истиот.

Настанот беше обезбедуван од органите на редот и мирот во МВР на достојно и професионално ниво.

71030078 10216189468423924 4535582986103422976 n

71341583 10216189470383973 3450546935713234944 n

71589689 10216189464543827 7940814048294076416 n

71672463 10216189469143942 3007376881373675520 o

71838689 10216189593707056 6158358670053736448 n

72412451 10216189470903986 3736766554205847552 o

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top