Коментари

Македонија никогаш нема да добие датум и влез во ЕУ и НАТО

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Македонија никогаш нема да добие датум и влез во ЕУ и НАТО. Кој не мисли вака, тотално е во заблуда. 

Оваа игра топло ладно веќе дојде преку глава кај секој еден Македонец. Како дозволуваат политичарите да лажат народ и да се занесуваат со нешто што одамна се знае и се гледа од авион. 

Да смениш име а да не профитираш со голема економија и цврста гаранција за влез не само во ЕУ и НАТО, туку и на Месечина и на Марс и тоа како минимум, навистина ова е можно само кај муртинското имбицилче со намера да профитира спектакуларно во својот џеб. 

Оваа игра се тегне десетици години. Те Франција, те Германија па после Холандија и Данска за на крај ако се попишманат во игра да влезат традиционалните душмани и негатори, нашите добри соседи, спремни на се или ништо да не дозволат влез по никоја цена. 

Криминал на светско ниво, корупција насекаде и како капак на се рекетарска влада која едноставно рекетира се што ќе и дојде под рака … прашање за 10 милиони евра – кои се будалите што веруваат и сонуваат дека има шасни и еден процент за влез дури и во клозет ? 

Најтрагично е што нема барем двојца паметни да видат дека ЕУ и НАТО се готови и пред распад а златна Евроазија на чело со Кина и Русија како водечки економски и војно стратегиски сили едноставно да се игнорираат и потценуваат ? Господ може да ти помогне еднаш, два пати, петпати ама ако го игнорираш и седиш пасивно на страна … е тогаш знае и да крене раце од тебе. Изгледа знае што прави и да се надеваме дека се е под негова контрола. АМИН !!!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top