Коментари

Не можеме да им се лутиме на ЕУ, зошто никој не сака во своите редови да има предавници

1 1

1 1Свекрва

23 октомври ден за враќање кон корените на македонската државност.

Затоа овој 23 октомври 2019 година треба да биде почеток на револуционерна борба за обнова на Македонија, за враќање на името и втемелување на националниот идентитет, за враќање кон корените на македонската државност. За таа цел потребна е општа мобилизација на Македонците низ целиот свет и пропагирање на македонизмот.

Изминаа 126 години откако на 23 октомври 1893 година беше основана историската Македонска револуционерна организација (ВМРО).

Овој ден се слави во моменти кога Македонија предводена од коалцијата СДСМ и ДУИ дожевеа уште еден удар од ЕУ. Франција, Холандија и Данска го погазија ветувањето од ЕУ и не дадоа зелено светло за почетокот на преговори со Македонија. која беше ставена во ист кош со Албанија. Така, борбата за признавање на македонскиот народ и неговата држава од страна на меѓународната заедница ќе продолжи да  ги испишува страниците на македонската историја.

По неуспехот на СДСМ и нејзиниот лидер Зорав Заев кои за таа цел го сменија дури и името, сега сагата за македонската борба мора да ја превземе ВМРО ДПМНЕ чии темели се поставени врз историската Македонска револуционерна организација.

Историската Македонска револуционерна организација беше основана на 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун. На овој ден шестмина млади мажи, меѓу кои Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, ги поставиле основите на Организацијата која ќе стане симбол на борбата на Македонците за слобода и создавање на суверена и независна држава на македонскиот народ.

Македонска револуционерна организација (ВМРО) се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од соседните држави. Со нејзиното формирање започна и организираното револуционерно движење на македонскиот народ кој преку Илинден и Крушевската република во 1903 година, потоа преку НОБ и победата врз фашизмот, дојде до сопствена држава.

Македонската држава се темели врз основа на идеалите на Илинден 1903 и одлуките на АСНОМ 1944 година. Меѓутоа, обидот за нивно бришење и ревидирање на историската вистина извршена од сеуште актуелните власти, значи изневерување на аманетот на луѓето кои ги положија своите животи во борбата за создавање на независна и слободна македонска држава.

Не можеме да им се лутиме на ЕУ, зошто никој не сака во своите редови да има предавници, луѓе кои за пари, власт и добри позиции се спремни да го продадат и најсветото нешто како што е името и идентитетот. 

Не може да им се лутиме на луѓе кои не сакаат во своите редови да имаат народ кој се откажува од сопствените историски личности како што се цар Самуил, светите браќа Кирил и Методиј, па дури размислуваат да му дадат друг идентитет и на Гоце Делчев, апостолот на македонското револуционерно движење.

Европа наместо да го награди премиерот Зоран Заев, како промотор на Тиранската Платформа, Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, таа како да го казни со тоа што не доби датум за почеток на преговори за членство во Европската унија. Па ваквото фијаско на Зоран Заев неминовмно беше давање на оставка на актуелната влада и одржување на предвремени избори.

Така, на лидерската средба одржана кај претседателот Стево Пендаровски на 20.10.2019 година, беше одлучено да се одржат предвремени парламентарни избори идната година, поточно на 12 април 2020 година.

Отука, овој 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, треба да биде ден за почеток на нова борба и враќање на дигнитетот на македонскиот народ. Односно предводени од ВМРО ДПМНЕ македонскиот народ треба да ја започне борбата за враќање на името и идентитетот на Македонците.

Ако се познати историските и економските интереси на Грција, Србија и Франција, тогаш е јасно зошто особено последната не и дозволи на Македонија да биде иземена од пакетот со Албанија и зошто не доби датум за преговори. Всушност Грција уште еднаш на индиректен начин ја измами Македонија. И тоа може да трае во недоглед. Денес Франција, утре Бугарија и т.н.

Македонија мора да си го поврати уставот и името кое беше изменето на неуставен начин, од неуставен парламент, од влада која даде гаранции дека нема да го менува уставното име и од влада која не го почитуваше референдумот.

Затоа овој 23 октомври 2019 година треба да биде почеток на револуционерна борба за обнова на Македонија, за враќање на името и втемелување на националниот идентитет, за враќање кон корените на македонската државност. За таа цел потребна е општа мобилизација на Македонците низ целиот свет и пропагирање на македонизмот.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top