
Мирко Трпески
ВМРО-ДПМНЕ, ТРЕТА ОПЦИЈА
Подолго време меѓу обичните жители на Република Македонија се слуша идеја дека на земјава и’ е потребна трета политичка опција. Демек, ова што сега го прави СДС го правела и ВМРО-ДПМНЕ. Притоа се мисли на непочитување на правото, особено на крадењето, (не)бранење на националните интереси на Република Македонија, на партиски вработувања, на губење на довербата кај обичниот граѓанин …
Една куса споредба помеѓу поранешната партија ВМРО-ДПМНЕ и сегашната СДС сепак фрла друга светлина на вистинските состојби.
– Ако ВМРО-ДПМНЕ цело време стоеше на браникот на националните интереси, не давајќи ги името и националниот идентитет и гордост, сегашната СДС точно ги погази – и името и националниот идентитет и гордост.
Зад името и националниот идентитет стојат и чисто економски интереси. Тоа особено се гледа деновиве кога Грција започнува да спроведува интензивни дејства за елиминирање на се’ што како производ и услуга е означено како Македонско, а со децении припаѓало и припаѓа на нашата земја. Тоа ќе значи не само национално понижување, туку и елиминирање на Македонски производи од меѓународниот пазар. Тоа исто така ќе значи и дека и во домашниот промет ќе мораат да се елиминираат наши производи што во називот го содржат името “Македонија“, “Македонски“ и други изведени називи. Ако ова личи на многу црно предвидување, треба да се види што е со знакот на Кутлеш на шахтите….
– ВМРО-ДПМНЕ се обвинува за кражби. При кражбите има барем два аспекта: да се гради и да се земе провизија или да се предвиди градба, за истата да се обезбедат пари и да се земат сите пари – како за градбата, така и за провизијата – и да не се изгради ништо. Дали ова последново ви личи на нешто што се случувало последниве две-три години – од насадувањето на власт на СДС?
Во однос на провизијата, ние постарите што уште во времето на поранешна Југославија сме учествувале во големи набавки, во големи градби, добро знаеме дека провизијата е измислица на Западните земји. Тие ни’ ја донесоа во земјава! Во времето на таа поранешна Југославија, но и извесно време по осамостојувањето на Република Македонија, не постоеше провизија при набавките и големите инвестиции. Но ниту тогаш, ниту до пред три години не постоела ситуација да се предвиди градба, да се обезбедат пари и тие пари да ги снема.
Доста смела идеја е да се тврди дека се земани сите пари – и за градбата, и за провизијата. Но, ако две-три години нанаѕад приходите на централниот Буџет и на буџетите на локалните самоуправи се исти или и повисоки како и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, ако задолжувањето на земјата дома и во странство е дури и поголемо во споредба со времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а сепак се планирале и се обезбедувале средства за големи градби и набавки, логично се поставува прашањето – каде се тие пари, каде завршиле тие пари? Како доказ дека има основ за ваквото смело размислување е тоа што последните неколку месеци сепак гледаме некакви инвестиции. Значи, ако сега има пари за таквите инвестиции, дури и симболични, каде завршувале парите порано, кога немало инвестиции, а имало приходи во Буџетите? Е па, кој крадел и краде: ВМРО-ДПМНЕ или ….
– За настаните од 27. април, а со тоа и за Специлајното јавно обвинителство, не ни треба да се зборува. Тие очигледно треба да се поделат на два дела: до моментот пред изборот на квазипретседателот на Собранието и по овој миг. Се’ до тој миг е незаконито, нелегално, неуставно. Се’ по тој миг најпрвин е знак на граѓански бунт, изразување на граѓанско незадоволство од незаконитостите, нелегалностите, неуставноста, а потоа спроведување на тортура кон ВМРО-ДПМНЕ и неговите членови, но и кон обичните граѓани кои учествувале во граѓанскиот бунт. Како потврда дека ова е така е одлуката на Шведскиот суд за неодобрување на екстрадиција на лице кое учествувало во овој граѓански бунт. Тој суд во настаните не нашол тероризам и загрозување на уставниот поредок, туку, од растојание од неколку илјади километри видел дека тероризам – немало. И пак за ВМРО-ДПМНЕ: оваа партија беше и е на удар пред и по настаните на 27. Април. И тогаш таа партија стоеше на страната на правдата, уставноста, националните интереси. Таа правда, уставност, национални интереси ги погази …
Специлајното јавно обвинителство е очигледно неодминлива тема. Околу истото, и пред неговото воспоставување, и по воспоставувањето, и во текот на неговата работа?, но и сега, кога не незаконит начин му се одземаат квазиуставните ингеренции, се’ е само против ВМРО-ДПМНЕ. До ваков заклучок дошол еден од главните учесници во активностите против ВМРО-ДПМНЕ – Проф. Гордан Калајџиски.* * *
Велат дека во секое лошо има и добро. Досега овде е наведен само мааал дел од лошото што му се случуваше, што му се правеше на ВМРО-ДПМНЕ. Доброто е што ВМРО-ДПМНЕ се престрои, се преорганизира од темел. Не дека и поранешното ВМРО-ДПМНЕ беше лоша партија, не дека поранешниот Претседател д-р Никола Груевски беше лош и криминалец (како што … сака да го прикаже), туку оваа партија имаше и има потреба од подновување на партиските редови, ослободување од кариеристи кои заради лични интереси дошле во партијата, особено од … , од поголемо свртување и кон политичките и националните аспекти на партиското дејствување. Мора да се признае дека поранешното ВМРО-ДПМНЕ беше првенствено свртено кон економските, финансиските и слични аспекти. Како доказ за ова се големиот број градби, инвестиции, но и тоа што многу не се гледа – од корен менување на економскиот, правниот, социјалниот и другите системи на земјата. Само еден податок: при преземањето на власта во 2006 година, приходите на централниот Буџет беа под една милијарда Евра. Во 2016 година изнесуваа околу 3,5 милијарди Евра – триипол илјади милиони Евра!!! Не сме свесни колку темелни промени се спроведоа – на подобро!!! Да се потсетиме само на рангирањето на нашата земја од страна на меѓународните институции за рангирање во последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ – подобро рангирање по многу основи дури и од високоразвиените Западни, но и други земји. Но, на лутите противници не им одговараше ваквата вистина и измислуваа и измислуваат кражби, лажеа, не’ понижуваа како нација и се’ така. Велат стопати повторената лага постанува вистина. Така и го убедија обичното население дека ВМРО-ДПМНЕ била се’ најлошо, а кога тие ќе дојдат на власт се’ ќе биде најдобро. Е, па, не е така, не испадна така!
И, ВМРО-ДПМНЕ се престрои. Ја води Универзитетски професор во ранг на Вонреден професор, чија специјалност е вештачка интелигенција. Путин рекол дека тој што ќе ја совлада и ќе ја применува вештачката инталигенција ќе го владее светот. Овој Универзитетски професор околу себе прибра квалитетни кадри. Се престрои и на терен. Ги проби лагите што на ВМРО-ДПМНЕ и’ ги пласираа во странство, особено кај сестринските народни партии и кај Европската Народна партија. Значи, сега имаме нова партија – ВМРО-трета опција. Народе, барате трета опција? Ја имате!!!
П.С. За ликот и делото (каква фраза!) на д-р Никола Груевски треба посебно да се пишува. Тоа не може да се опфати со само еден напис.