На прво место

СДС НЕ МОЖЕ НИ ЕДЕН ДЕН БЕЗ ДА НАВИВА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

Изгледа дека во СДС не можат да издржат ниту еден ден без да се стават во улога на најгласен адвокат на официјална Софија.

Наместо да ја поздрават иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нов пристап кон проширувањето на Европската Унија, од СДС побрзаа да ја релативизираат и да ја сведат на старата приказна за безусловно прифаќање на сите бугарски барања.

Самитот во Тиват донесе сосема поинаква порака. Франција и Германија јасно предложија постепена интеграција на земјите кандидати во европските институции и на единствениот европски пазар врз основа на заслуги, реформи и реален напредок. Тоа е нов пристап кој отвора можности за државите од Западен Балкан уште пред полноправното членство.

Но, наместо да ја искористат оваа нова европска динамика за зајакнување на македонските позиции, од СДС повторно ја повторуваат истата реторика која со години ја туркаа – дека Македонија треба безусловно да прифаќа сè што ќе биде побарано од неа.

Особено загрижува што СДС како аргумент ги користи изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев, практично претставувајќи ги како конечна вистина за европскиот пат на Македонија. Наместо да ги бранат македонските позиции, тие повторно се повикуваат на ставовите на политичари кои отворено ги оспоруваат македонскиот идентитет, историја и јазик.

Граѓаните добро паметат дека токму политиките на СДС доведоа до прифаќање на францускиот предлог без конкретни гаранции и создадоа простор Бугарија постојано да отвора нови услови и барања.

Денес, кога во Европа се отвораат можности за нов пристап и нова динамика, СДС повторно се обидува да ја врати Македонија на политиката на отстапки и капитулации.

Македонија има право да бара европска интеграција врз основа на принципи, достоинство и заемна почит. Тоа не е антиевропска политика, туку политика на самопочит и заштита на националните интереси.

Очигледно е дека СДС не може да се помири со фактот дека Македонија денес настапува поодлучно и со повеќе самодоверба на меѓународната сцена. Затоа, наместо да се радуваат на секој дипломатски успех на државата, тие продолжуваат да бараат причини за критика и да ја поддржуваат секоја позиција што доаѓа однадвор, дури и кога е спротивна на македонските интереси.

Тиват уште еднаш покажа дека Европа размислува за нови решенија. За жал, СДС повторно покажа дека останува заробеник на старите политики на попуштање и прифаќање на туѓи агенди.

Најново од: На прво место

МИЦКОСКИ ПО САМИТОТ ВО ТИВАТ: Задоволен сум од средбите со Макрон и Мерц, земјите членки ги разбираат нашите ставови

Премиерот порача дека Македонија ќе остане посветена на европските интеграции, но без отстапки од националното достоинство и државните интереси Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од средбите со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, одржани во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, нагласувајќи дека европските партнери покажуваат разбирање за ставовите […]

Мицкоски во Тиват се сретна со Мерц и Макрон: Поддршката за европската перспектива на Македонија останува во фокусот

На Самитот ЕУ – Западен Балкан остварени важни разговори со германскиот канцелар и францускиот претседател Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тиват, во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан, оствари средби со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускиот претседател Емануел Макрон, при што во фокусот на разговорите беа европската иднина на регионот, предизвиците со […]

Франција и Германија бараат забрзана интеграција на земјите кандидати во ЕУ

Француско-германски нон-пејпер презентиран на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват предлага постепено вклучување на земјите кандидати во институциите и единствениот европски пазар уште пред полноправното членство. Франција и Германија предлагаат нов пристап за забрзување на европската интеграција на земјите кандидати, кој би овозможил постепено вклучување во политиките, институциите и единствениот европски пазар на Европската […]

Манасиевски: На СДС им пречи секој дипломатски успех на Македонија, за нив единствен успех се уставните измени

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигнува конкретни резултати на меѓународен план, додека СДС останува заробен во политиките на отстапки и редефинирање на македонските национални позиции, истакна Валентин Манасиевски. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, оцени дека серијата дипломатски успеси што ги постигнува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ претставуваат доказ за активна и успешна надворешна политика, но воедно и […]

Македонско-австралискиот народен сојуз – драгоцено сведоштво за историјата на македонската дијаспора

Ново документарно издание објавува архивски материјали од Австралија кои ја осветлуваат дејноста на Македонците на петтиот континент во периодот од 1946 до 1960 година. Македонско-австралискиот народен сојуз – сведоштво за организираноста и непокорноста на македонската дијаспора Неодамна во наши раце дојде едно исклучително вредно документарно издание кое претставува значаен придонес за историјата на македонската емиграција […]

Мицкоски: Огромен дипломатски успех – Македонија со 174 гласа избрана во ЕКОСОК

Македонија оствари значаен дипломатски успех откако беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за периодот 2027–2029 година, со поддршка од 174 држави членки. Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени одлуката како историски момент за државата и македонската дипломатија, истакнувајќи дека за првпат од осамостојувањето Македонија е избрана во едно од […]

Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват: Во фокусот европската интеграција и регионалната соработка

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (5 јуни) ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, Црна Гора, соопштија попладнево од Владата. Самитот ќе ги собере лидерите на земјите од Западен Балкан и високи претставници на Европската Унија, а во фокусот на разговорите се очекува да бидат […]

Мерц и Макрон нудат нов модел за Западен Балкан: Што може да добие Македонија и пред полноправното членство во ЕУ?

Германија и Франција предлагаат постепена интеграција на земјите кандидати во европските институции и на заедничкиот пазар. За Македонија тоа може да значи нови можности за економијата, инвестициите и политичкото позиционирање во Европа. Нов европски импулс за Западен Балкан Германија и Франција, како две од највлијателните држави во Европската Унија, подготвуваат нов пристап кон интеграцијата на […]

Најнови вести

To top