Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXXIV

tren

Martin Trenevski

M-р Мартин треневски, Поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXXIV

1.   Поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија и претседател на бугарскиот дел од мешовитата меѓувладина Комисија за историја и учебниците со Република Македонија Ангел Димитров (историчар по вокација) ни најави нов бисер од нивна страна: сега демек, по историјата и учебниците, ќе ни ги уредувале и музеите во нашата земја бидејки, според негов вкус, не биле “професионално” и “научно” поставени!? А според Димитров, “кога и дали сите бугарски барања ќе биделе исполнети, ќе зависело од нашата подготвеност да го следиме патот на европските интеграции”!?

      И од оваа изјава на Ангел Димитров, но буквално речиси и од секоја изјава што доаѓа од Софија очигледно е дека кај бугарските званичници преовладува чувството дека – што би се рекло онака, народски,  дека дефинитивно не начекале “на кривина” и дека треба да им ги исполниме сите нивни “научни” и   “професионални” желби за да може Република Македонија да напредува кон членство во ЕУ.

     Колку што ми е познато, меѓувладината Комисија за историја и учебниците со Бугарија е поставена на  р е ц и п р о ч н а  основа, а тоа подразбира и наши експерти да проверат што се има презентирано во нивните музеи и како тие експонати се прикажани. Да почнеме, на пример, од “Историческиот” (историскиот) музеј во Софија каде првиот спрат е исполнет речиси 100% со експонати украдени од Македонија, kako на пример: плаштот од византиската кралица Ана Комнена, круната на охридските архиепископи од злато со бисери и скапоцени камења, златните маски од Требеништа и стотици други за нас бесценети предмети!

     Да имавме влада која ќе ги почитува интересите на својата земја, а следствено на тоа и Комисија што ќе ги застапува како што треба интересите на нашата земја, враќањето на богатствата што ни ги украдоа бугарите во минатото требаше да биде клучно барање од македонска страна во фамозниот Договор за пријателство но, за жал, такво нешто не се случи!

2.   По шокот што ни го приреди францускиот претседател Емануел Макрон со блокирањето  на одлуката на Македонија да и се додели датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ бројни беа реакциите во меѓународната заедница за подршка на нашата земја и осуда на потегот на францускиот претседател.

      На повиците за подршка се приклучи и духовниот татко на една и пол милијарди католици во светот, Неговата светост папата Францис кој категорички порача дека: “На Македонија и е место во Европската унија” и ги потсети европските лидери од каде дошло Христијанството во Европа!

     “Ми остана убаво сеќавањето од тој добар народ, кој многу добро ме прими. Нека ја чуваат оваа вера што Св апостол Павле им ја проповедаше”, изјавил Папата на аудиенцијата во Ватикан и посочил дека три настани ја карактеризираат неговата посета: 1. евангелизацијата, 2. крштевањето на Македонката Лидија и нејзиното семејство, и 3. доаѓањето на христијанството во Европа како почеток на процесот на вовед на нова култура, која трае и до денес! Тоа дојде од Македонија, укажал Папата на ауденицијата во Ватикан! Познавачите на верските состојби велат дека оваа порака на папата треба да се гледа и низ призмата на последните случувања на политички план со недобивањето датум за преговори за Македонија.

     Според експертите за  црковните прашања, скоја проповед на Папата е порака, бидејки кога е во прашање Ватикан, ништо не е случајно и ништо не е без конкретна цел! Со овие пораки се потсетуваат политичките лидери во Европа дека Македонија е неделлив дел од Европа и нејзиното место е во европското семејство!!!

     Да се надеваме дека овие пораки на Папата ќе допрат до совеста на водечките политичари и во предоминантно католичка Франција и дека тие ќе го корегираат својот одбивен став кон нашата земја за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

3.  Дека бизнис интересите преовладуваат кога се во прашање и стари сојузништва и пријателства посведочи одлуката на Енергетската заедница на кралството Данска која даде согласност (и покрај силното противење на САД) гасоводот “Северен поток 2” да поминува и на нејзина територија, под водите на Балтикот. Гасоводот долг 1.200 километри ќе ги поврзува Русија и Германија и ќе снабдува со природен гас повеќе земји од тој дел на Европа.

     Но овој проект има и значајни политички димензии! Со истиот целосно се заобиколува Украина (преку чија територија поминуваа неколку гасоводи од Русија кон Европа) која ќе претрпи големи економски загуби заради губењето на значителни приходи од наплата за транзит на рускиот гас. Данска со одлуката на нејзината Енергетска заедница покажа дека нејзе и е поблиска Германија како соседка и партнерка, одколку САД, но званичен Копенхаген манифестира и пркос и лутина заради однесувањето на претседателот Трамп кој се беше намерачил да го купи островот Гренланд од данците што политички е дел од Кралството Данска. Впрочем, како ќе се чуствуваа американците ако Данска им понудеше на американците да ги купи Хаваите што се дел од националната територија на САД и нејзина 50та држава!?

     Жртва на политиката на САД за блокирање на испорака на руски гас е и Република Македонија која со поврзувањето со проектот “Јужен поток” ќе добиваше ефтин енергенс што е многу значајно за нејзината кревка економија, но и многу кеш за транзитот на гасот преку нашата територија. До тоа не дојде токму заради притисоците и противењето на од САД.

4.  Министерството за надворешни работи не престанува да шокира! Најново непријатно изненадување е оставката на почесниот конзул во Хрватска, професорот и специјалист за македонистика од Риека Др. Горан Калоѓера кој преку фејсбук соопшти дека упатил писмо преку амбасадата на РМ во Загреб да биде ослободен од таа функција што ја вршеше 10 години. Д-р Калоѓера во писмото наведува дека oд сите страни слушал дека за актуелнава власт во РМ бил сметан за “непогоден” и дека тие (актуелните Мак. власти) “би биле најсреќни” доколку би го испратиле во “конзуларна” пензија.

     Бруталноста на актуелниве властодршци во земјава очигледно е видлива и во полето на дипломатијата, а сега, за жал, на мета се почесните конзули!? Така, на средбата со почесните конзули пред десетина дена во Скопје немаше ниту еден од нам пријателска Австрија бидејки некултемина што ги имавме се расчестени, ама не се знае дали од актуелниот амбасадор или од министерот (почесен конзул именува или разрешува владата, а не според вољата на поединци. Соопштение од владата за разрешувања на почесни конзули не чувме!).

     За хаосот во МНР сведочи и податокот дека во дури 28 македонски амбасади  н е м а  амбасадори,  дискутабилни се и некои  од кадровските решенија за оние што заминаа, а и за некои имиња што се најавуваат за амбасадори. Никола Димитров доживуваше невидена катарза што успеал конечно, наводно, да го професионализира МНР и да испраќа во мисии кадри од куќата но, судејки по имињата што се во најава за идни амбасадори, не ќе да е баш така. Тоа особено важи за кандидатката да не претставува како амбасадор во Вашингтон која ќе биде запамтена по својата некадарност како градоначалничка на Тетово!!! Како дотичната ќе не претставува во САД, судејки како се однесуваше кон нејзината матична земја, страв ми е и да помислам.

     Толку за македонската не/професионална дипломатија.

5.   Република Македонија беше почестена со посетата на новиот претседател на Европскиот парламент Давид Сасоли, прва негова посета на една земја вон ЕУ по неговиот избор на таа позиција што и дава дополнителна политичка тежина. Сасоли искажа за нашите уши многу пријатна порака: “Имаме заедничка судбина, Македонија е подготвена за преговори”! Токму така, имаме заедничка судбина истовремено е и предупредување за оние “неверни Томи” кои ставаат сопки на нашиот пат кон членство во Европската Унија заборавајки го при тоа, придонесот што Македонија го има дадено за европската, па и за светската цивилизација, кој придонес нашите грабливи соседи сакаат да си го присвојат и да го прикажат како свој!

     Ќе ги потсетиме во оваа прилика “неверните Томи” дека блокирањето на македонските амбиции за почеток на преговорите за членство за нашата земја и Албанија може да има сериозни последици и да води кон дестабилизација на целиот регион со непредвидливи последици! Македонија господо неверни Томи беше директен повод за две Балкански војни, а според некои историчари индиректен повод и за Првата светска војна што дирекно водеше кон воен конфликт од дотогаш невидени размери.

     Затоа многу сериозно и со полн респект треба да се свати пораката на Давид Сасоли дека “Имаме заедничка судбина”!

6. Франција ни ги испорача своите услови за да дозволи определување на датум за поцеток на преговорите за членство во ЕУ, а тоа се: 1. Беспрекорни парламентарни избори; 2. Носење на закон за специјално обвинителство и 3. Борба против корупцијата.

     Ова ни го соопшти потпретседателката на францускиот сенат Елен Конве-Муре која престојуваше во дводневна посета на Македонија.

     Па дами и господо политичари пред се од власта, но и опозицијата, повелете, покажете се!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top