Коментари

Театарот во Македонија продолжува

1 1

1 1Свекрва

Театарот во Македонија продолжува

СДСМ свесни дека ќе изгубат на следните предвремени парламентарни избори, по кое треба да одговараат за злосторството извршено врз македонскиот народ, кршење на Уставот, промена на името, идентитетот и македонската историја, како рекетот вршен преку поединци од СЈО, челниците на Социјалдемократите и ДУИ, преземаат низа мерки за да се спасат од прогонот на органите на власта. Се прават напори да не се одржат закажаните избори за април идната година и се сее страв од мултиетнички тензии.

Поедини преставници на актуелната власт најавуваат за можно одложување на предвремените избори поради задоцнување на спроведувањето на процедура за ратификација на протоколот за членство на земјата од страна на Шпанија. Имено, тие велат дека неодговорно ќе биде државата да остане без парламент во случај на одложување на постапката.

Сепак, тоа би било прекршување на договореното на лидерската средба овој предлог не им држи вода бидејќи македонските пратеници можат да го ратификуваат истиот пред да им заврши мандатот, односно пред да се распушти македонскиот и пред да го ратификува шпанскиот парламент.

Освен желбата да се одложат предвремените избори, се прават напори да се избегне правдата. Па оттука заканите и за меѓуетнички тензии доколку не бидат избрани на следните избори или пак заштитени од словото на правдата. Исто така, постојат притисоци и врз уставните судии. Така на пример претседателот на државата Стево Пендаровски им порача на уставните судии кои гласаа за иницијативата за оценувањето на одлуката на претседателот Ѓорѓи Иванов за повлекување на аболицијата да се свестат навреме и да ја преиспитаат одлуката.

78542807 2500750356862735 2242749823671336960 n

Аболициран демек е против аболиција

И додека претседателот на државата во враќањето во игра на амнестиите од Иванов во Уставниот суд, препознава удар врз демократијата, опозицијата пак, во неа препознава влијание на премиерот Зоран Заев. Имено тој си создава простор да биде амнестиран по поразот на изборите на пролет. Како показател дека Уставен постапува под влијание на власта се посочува одлуката за да на дневен ред се постави иницијативата за помилувањето, а не многу поважни иницијативи кои чекаат во фиоки.

Ова со помилувањето мириса дека доаѓа фаза на крешчендо по кое на крај од „театарската престава за промена на името на државата и идентитетот на македонскиот народ“, ќе дојде до помилување на актерите. За своето актерство кое одвреме навреме се одвиваше во екстремни услови, некој дебело си наплати. Пример се сите од семејството на СЈО, каде секретарката како што велат, земала поголема плата од претседателот.

Сепак за да си ја осигураат својата иднина, преставниците на власта не престануваат со своето додворување кон меѓународната заедница. И претседателот и премиерот и сите високи преставници на актуелната власт, кога го спомнуваат името на државата постојано го потенцираат името Северна Македонија. Во своите изјави од неколку реченици често пати и по десет пати повторуваат Северна. Тоа е нешто што не е природно и не може да го прифати увото на македонскиот народ.

Претставниците на власта не престануваат со своето омаловажување кон сопствениот народ. И покрај што Македонците се мнозински народ, тие не говорат за постоење на македонски народ, туку се потенцира за „мултиетнички македонски народ“. Може да постои мултиетничко општество, но не и „мултиетнички македонски народ“.

Додека земјата се презадолжува и поединци дебело се „офајдуваат“,  театарот во Македонија продолжува.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top