Коментари

САД ја принудуваат Македонија да го смени името за членство во НАТО – Напакостувајќи и’ на Русија

75xNxlogo big.jpg.pagespeed.ic.nusQ9ylHNg

75xNxlogo big.jpg.pagespeed.ic.nusQ9ylHNgСАД ја принудуваат Македонија да го смени името за членство во НАТО – Напакостувајќи и’ на Русија

Републиканците станаа Демократи – маѓепсаниот круг на анти-македонската политика на САД

Открив зошто Републиканците станаа Демократи и зошто дозволуваат администрацијата на Обама уште да управува со Стејт Департментот. За инает на Русите. Колку и да се мразат двете партии меѓусебно, и двете повеќе ги мразат Русите. Инаетот владее со Вашингтон.

Крајната цел на надворешната политика на САД е да го прошири империјализмот на САД (додека ги игнорира светските критики за истото) и, како шлаг на тортата, да ги разбесни “лошите Руси”.

Новата стратегија (во која Македонија е играчка) е да се внесе Македонија во НАТО. Зошто да не се внесе земја на која тоа не и’ треба и која тоа не може да си го дозволи во непотребна организација која требаше да изумре заедно со Советскиот Сојуз, но која сепак постои само за да ги исполни горенаведените цели?

Бруталните несакани последици во овој случај (а секогаш ги има кога се работи за американската надворешна политика) е што Македонија е принудена да ги смени името, идентитетот, јазикот, етничката припадност и историјата за да му удоволи на својот најголем потчинител, Грција, за Грција да се откаже од своето вето и да и’ “допушти” на Македонија членство во НАТО.

Новото СЕ’ на Република Македонија би било “Северна Македонија” и “Северно-Македонци”, а ова, се разбира, ја менува самата дефиниција на “Македонец”. Се разбира, бришењето на името и идентитетот на една етничка група претставува геноцид и кршење на меѓународното право и конвенциите за човекови права, но ова нема да ги запре САД, самопрогласената и брутално иронична “најдобра демократија на светот”.

Тука не зборуваме само за бришење на Република Македонија. Западот, со својот безграничен расизам, ја распарчи целата Македонија во 1913 и им подели делови од неа на Србија/Југославија (делот кој сега е независна Република Македонија), на Бугарија, на Грција и, подоцна, на Албанија. Редефинирањето на нашата вековна националност им оди во прилог на сите наши потчинители и нивната стратешка цел – бришење на нашето постоење. Македонците насекаде, со меѓународна поддршка, кои се бореа против опресијата на Грција, Бугарија, Албанија и Србија сега се оставени на цедило (и се дозволува нашата народност на изумре) само затоа што на САД му е поважно НАТО од човечката пристојност и демократијата.

И да не заборавиме – САД го добиваат она што го посакуваат. И покрај отпорот, ако го има, од страна на меѓународната заедница.

Се разбира, едноставното решение да се задоволи опсесијата на САД со проширување на НАТО, а сепак да се ПОЧИТУВА правото на постоење на цел еден народ, е да се отстрани механизмот на вето од страна на само една земја во НАТО, нешто за што се залагаше дури и Џорџ Буш. Доналд Трамп, ќе дозволиш ли Џорџ Буш да биде твојот глас на разумот?

Ако, сепак, да се сменат правилата на НАТО е преголем напор за некомпетентната сегашна администрација на САД, САД лесно би можеле да побараат (односно да и’ наредат) на Грција да се воздржи од употребата на вето за потенцијална земја-членка на Алијансата.

Кога Доналд Трамп би обрнал внимание – на било што, веднаш би го запрел овој дебакл, не заради нешто друго, туку за да го спаси својот најдобар пријател/шеф Владимир Путин од поразот што НАТО прима уште една земја-членка.

Да не даде Господ (а Господ наводно ги чува Републиканците) Трамп да се однесува како вистински претседател и да воведе своја надворешна политика, на што повикував уште кога Трамп стана претседател во оваа редакциска статија во The Hill. Причините се повеќекратни и вклучуваат здрав разум, почитување на човековите права и меѓународното право, заштеда на милиони долари на даночните обврзници на САД преку понатамошно неимплементирање од влада на Македонија со која управува Сорос, и – инает, нешто што на Трамп би му одговарало исто како уште еден Биг Мек.

Но, бидејќи Трамп е неспособен и незаинтересиран да дејствува, можат ли Републиканците кои тврдат дека се неговиот “глас на разумот” (или, уште подобро, анонимниот Републиканец од Њу Јорк Тајмс кој тврди дека го држи Трамп на ланче) да спроведуваат СОПСТВЕНА надворешна политика и попатно да ја спасат земјата? Наспроти типичната надворешна политика на САД на која уништувањето земји и’ е крајна цел?

Се прашував кога Демократите станаа Републиканци во оваа редакциска статија во The Hill, кога ја нападнав нивната надворешна политика на странски интервенционизам која ја уништува Македонија. Но сега, иронично, Републиканците ја поддржуваат и спроведуваат оваа Демократска политика налик на Републиканска. Ако од ова не ви се сврте…

Ова е маѓепсаниот круг кој ја движи надворешната политика на САД. Македонија е заглавена во него и се врти во кругови како на рингишпил. Но наместо да се чека на Трамп или на кој било американски политичар да развие совест и да дејствува, маѓепсаниот круг ќе заврши кога нештата во него ќе престанат да се движат. Македонијо – ЗАПРИ. Престани да си дозволуваш да бидеш пион во нездравата игра “Ризик” на САД. Но, овој случај, како што објаснив и во “Играта Македонија”, играта и’ припаѓа на Македонија и таа може да престане да игра во кој било момент.

Па, македонски политичари, ќе почнете ли конечно да ја браните Македонија, човековите права и здравиот разум, и ќе ја запрете ли веќе оваа катастрофа со промена на името? Одбранете се себеси и светот ќе ве брани, наместо да бидете уште едно американско чергиче за нозе и да живеете во епизода на американската серија “Сајнфелд”, во која еден бесен Украинец им вика на Крејмер и Њуман: “Мислите дека Украина е слаба? Украина ви е вам игра?!” Заменете ја “Украина” со “Македонија” и видете како “Сајнфелд” погодува во центар.

И на крај, една последна референца на “Сајнфелд” (ликот требаше да биде претседател). Дали Републиканската партија ќе го стори тоа што треба и, чисто од инает, ќе се врати на политика на Стејт Департментот која не е анти-македонска?

Бил Николов, претседател
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права 

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top