Коментари

ЦТРИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XLI

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

ЦТРИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XLI

     1. Новоустоличениот Претседател на државата Република Македонија Стево Пендаровски на 18ти декември го одржа традиционалното обраќање во македонското Собрание пред пратениците, претставниците на дипломатскиот кор и пошироката јавност. Се истопори Стево на говорницата меѓутоа, за жал на сите нас, сосема очигледно беше дека тој или не може, или не сака, или пак некој од страна му така му диктира: тој не успева да се дистанцира (а мора тоа да го стори кога и да е) од владеачката политичка структура на која со сето свое битие и е приврзан. Или, како што апострофираше пратеникот Илија Димовски: “Место да гради мостови (како претседател на државата), тој само ги продлабочува поделбите во општеството”! Димовски на пресот по обраќањето на Стевота му префрли и за непростливиот гаф кога истресе вуквално, како од ракав, дека Гоце Делчев бил Бугарин кој работел за македонската кауза!? Се прашувам кој ли од мноштвото “мудреци” (советници) му ја подметна оваа глупост што нанесе непроценлива политичка штета на нашите национални интереси???

     Но, мојот критички став за настапот на Пендаровски пред се е заради скандалозниот протокол на самиот настан! Конкретно: неприсуството на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на обраќањето на Претседателот бидејки, според неговата изјава: не бил ни поканет!!!! Според Претседателот на Собранието Талат Џафери, на тој настан не било вообичаено да се канат лидери на партии (!?), што во конкретниов случај е или злонамерен гест и злоупотреба на позицијата домаќин (настанот, да постесиме, се одржа во Собранието на РМ чиј претседател е Талат Џафери), или незнаење и непочитување на нешто што е вообичаен протокол во традиционалните демократии!?

     Имено, на западот, кон којшто тежнееме, на настани од големо нациоанално и политичко значење на кои шефот на државата има свое обраќање, премиер и лидер на опозицијата (кој за неполни четири месеци многу веројатно и самиот ќе постане премиер), седат или еден до друг (за да манифестираат политичко единство во интерес на сите граѓани во државата), или обајцата седат во првиот ред! Дури и ланскиот случај кога лидерот на опозицијата Мицкоски беше сместен на балконот во големата сала во Собранието, беше за осуда поради недостаток на однос и респект кон него и кон опозицијата во целина, а камо ли годинешната постапка тој да се игнорира и воопшто да не биде поканет!

     Случајот со непоканувањето на лидерот на опозицијата е само уште една потврда за дилетантизмот којшто на наше длабоко жалење преовладува во македонската политичка пракса! Воедно, тоа е уште една сериозна опомена дека е крајно време да се посвети големо внимание вакви работи да не се случуваат бидејки еден од главните фактори за оценка дали во една држава постои или не постои демократија во вистинска смисла е токму односот на власта кон опозицијата во сопствената земја!

2. Водечката опозициона партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ одржа на 21 декември величествен собир на којшто со својот настап буквално блесна нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, доктор на технички науки и професор на Машинскиот факултет во Скопје. Мицкоски, кого угледиот коментатор Сотир Костов го нарече “Нова политичка икона”, во речиси едночасовното обраќање во преполната сала “Јане Сандански” во Скопје најави дека предизборната кампања и во суштина владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се заснова на п р и н ц и п и, а тоа се: 1. Промени; 2. Обнова; 3. Правда, кои ќе доведат и до 4. принцип – ПОБЕДА! Мицкоски е категоричен дека обновата на Македонија  д о а ѓ а  базирана на споменатите четири вредности/принципи со кои партијата влегува во изборната трка и  најави големи инвестиции во четиригодишниот мандат во капитални проекти, заштита на човековата средина, брза гасификација….

     Ако по утрото се познава денот, според бројните анкети ВМРО-ДПМНЕ секаде води и да се надеваме дека заложбите на Христијан Мицкоски навистина ќе се остварат.

3. Не сум можел ни да претпоставам дека меѓу СДСМ и американските Демократи имало толку многу сличности! Имено, како што СДСМ преку улицата и сесрдната помош од Длабоката држава ја турнаа легално и демократски избраната влада на ВМРО-ДПМНЕ на поранешниот премиер Никола Груевски, така и Деморатите во САД преку импичмент настојуваат да го турнат од власт легално избраниот претседател Доналд Трамп. И на едните и на другите тешко им падна што самите тие не се на власт, а параноично лакоми да дојдат и да бидат на власт по секоја цена, се послужија со се што им е на располагање состојбите да се сменат – во нивна полза. Како што би рекол нашиот народ:”Слези ти од магарето за јас да се качам”.

     На Доналд Трамп му замераат дека, наводно, го прекршил уставот на САД бидејки барал од Претседателот на Украина Зеленски да испита под кои околности синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден станал главен фактор во нафтената индустрија на неговата земја, условувајќи го со доделувањето на ветената американска воена помош од 400 милиони долари!?

     Прашувам: Зошто Демократите не покренаа постапка за импичмент за самиот Џо Бајден кога од позиција на потпретседател на САД, злоупотребувајки ја таа позиција, буквалкно  и з н у д и л  од немоќните украинци, своето синче Хантер Бајден да си го устоличи за шеф на украинската нафтена индустрија? Зарем тоа не е злоупотреба на службената позиција потпретседател на САД и прекршувањето на овластувањата и Уставот на САД???

     Доналд Трамп се покажа дека е неконвенционален политичар кој не и робува на “Длабоката држава” што ја воспоставија неколкуте администрации на Демократите и затоа, според нив, требало да си оди. Види Бога ти!? Впрочем, сите анкети во САД потврдуваат дека истиот тој Доналд Трамп води по полупарност и големи се изгледите да го победи на тамошните ноемвриски претседателски избори токму главниот претендент на Демократите за претседател, Џо Бајден!

     Колку за потсетување: Во американската пракса не се ретки случаите високи функционери на администрацијата да си ја уновчат својата подршка некому во текот или по завршувањето на нивниот мандат. Тоа и го потврдуваат токму и примерите од непосредното соседство: Бившата државна секретарка Медлин Олбрајт има големи интереси во индустријата за јаглен на Косово, а генералот Весли Кларк во индустрискиот комплекс Трепча!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top