Коментари

Радикалната левица, од Бадер-Мајнхоф, до Заев и Ахмети

Радикалната левица, од Бадер-Мајнхоф, до Заев и Ахмети

Многумина, посебно последнава година, се расфрлаат со термините суверенизам, глобализам и неолиберализам. И, бидејќи се користат од слушнато-недослушнато, разбрано-недоразбрано, внесуваат забуна кај читателите и слушателите, а ќе внесуваат смут и кај гласачите на претстојните избори.

За некои од работите да станат појасни, ќе тргнам од последната акција на армијата на САД во Ирак (за оние кои не ги знаат знамињата и државите: Ирак, а не Иран) со ликвидацијата на иранскиот генерал Касем Сулејмани и одговорот на армијата на Иран, со бомбардирање воени бази на САД во Ирак (и повторно за оние: Ирак, а не САД). Значи обете акции се извршени на територијата на Ирак, со што ниту е извршена воена агресија на САД врз Иран, ниту со нападот врз празните американски воени кампови во Ирак, кои патем речено не се дел од Амбасада за да бидат екстериторијални единици, е извршен напад врз територијата на САД, а аналогно на тоа и напад врз НАТО, па според членот 5 од статутот на НАТО и напад врз Македонија, како што смета новиот мариовски Итар Пејо, Дане Талески.

Што всушност се случува во Ирак?

Доналд Трамп изврши акција на САД, а не заедничка акција на НАТО,што е првото што мора да се знае.Со тоа Трамп постигна неколку свои зададени цели:

  1. Го ликвидира иранскиот генерал Касем Сулејмани, за кого постоеле сознанија дека е организатор на терористички акции, но и архитект на мрежата на радикалниот ислам на Балканот и во Европа. Генерал, кој со својата омиленост меѓу народот можеби претставувал закана и за актуелната власт во Техеран. Можеби акција која одговара на двете страни? Со тоа Трамп отвора пат за започнување билатерални преговори меѓу Вашингтон и Техеран, што до пред десет дена изгледаше невозможно.
  2. Со избрзаното повлекување на своите војници од Ирак, неколку држави членки на НАТО, меѓу кои Словенија и Хрватска, ја потврдија тезата на Макрон дека НАТО е клинички мртво, но и податокот дека без САД, НАТО всушност и не постои.
  3. Со пристигнувањето во заливот најпрво на британските воени бродови, Трамп овозможи позиционирање на својот најважен сојузник, постбрегзитска Велика Британија. Онаа постбрегзитска Британија која треба да биде негов партнер на новата конференција на „Јалта“, на новата распределба на сфери на влијание.
  4. После средбата на Макрон со иранскиот министер за надворешни работи Махмуд Џавад Зафир летоска додека траеше состанокот на Г7 во Бијариц, Трамп по вторпат и овозможува на антинатовска Франција, заедно со Канада, да биде дел од обидите за намалување на тензиите на просторите во заливот.
  5. На внатрешен план со овој потег Трамп ги засилува своите позиции пред расправата за негов импичмент и ја зголемува предноста пред своите противкандидати на претседателските избори годинава, со што добивајќи веќе се’ поизвесен втор мандат во Белата куќа, го најавува целосното уништување на американската длабока држава.

Зошто е сето ова исклучително важно за она што во скора иднина ќе се случува во светската геополитика?

Бидејќи станува се поизвесно одржувањето на новата „Јалта“, за нова распределба на сфери на влијание, за што пишувам веќе со години наназад, а своето место веќе го обезбедија суверенистичките САД, Русија и Кина, на кои ќе им се придружи и постбрегзитска Британија, конференција на која најверојатно ќе биде донесена и стратегија за глобална битка против таканаречениот неолиберализам.

Каде е местото на макронова Франција во сето ова?

Макрон е првиот левичар кој ја увиде опасноста од оние кои себеси се нарекуваат неолиберали, а всушност се посттроцкистички неокомунисти, наследници на посттроцкистичките комунисти од втората половина на дваесеттиот век, оние кои ги формираа терористичките фракции како Баден-Мајнхоф во Германија и „Црвените Бригади“ во Италија. Оние кои како радикална левица го користеа тероризмот како свој крвав начин на борба.

Заради опасноста од таквата радикална, неокомунистичка левица за неговата држава, но и за мирот во светот, Макрон е првиот кој создава суверенистичка левица, или за да ви звучи поприфатливо – граѓанска левица со суверенистичка реторика и како таков се наметнува за лидер на Европската Унија (Слушнете го неговиот говор во Белград при посетата на Србија летоска, кога десеттина пати говореше за суверени држави). Ако кон ова го додадеме и податокот дека Франција после британскиот брегзит ќе биде единствената држава членка на ЕУ која поседува нуклеарно вооружување и истовремено единствена држава членка на ЕУ, постојана членка на Советот за безбедност при ООН, станува јасно зошто со поддршка од Трамп се позиционира дури до ситуација да биде евентуален учесник на новата „Јалта“. Па, како предводник на новата суверенистичка левица, да учествува во креирањето на стратегијата против најголемото зло на човештвото – посттроцкистичкиот радикален неокомунизам маскиран во неолиберален глобализам. Оној посттроцкистички неокомунизам на Џереми Корбин, катастрофално поразен од суверенистите на Борис Џонсон на последните парламентарни избори во Велика Британија.

Зошто е сето ова  важно за Република Македонија?

Затоа што македонската левица, поточно СДСМ, партија која до пред пет шест години беше вистинска граѓанска левица, изградена врз суверенизмот на „таткото“ на партијата, Киро Глигоров, е киднапирана од радикални, посттроцкистички, неокомунистички потомци на злогласната комунистичка УДБА, маскирани во неолиберални проЕУ и проНАТО глобалисти и како таква е легитимна цел за „отстранување“ од политичката сцена. Најпрво со катастрофален пораз на претстојните парламентарни избори, а потоа нејзино слабеење до ниво на непрепознатливост. Затоа она што со години наназад го пишувам ќе го повторам уште еднаш – здравите, граѓански сили во СДСМ, оние кои се потиснати од неокомунистичките насилници, имаат обврска, но и последна шанса да ја преземат партијата во свои раце, за да ја зачуваат, но што е уште поважно, за да и’ помогнат на Македонија.

И второ, затоа што конечно од балканската политичка сцена, вклучително од македонската, ќе бидат отстранети старите албански марксистички „спијачи“, како Харадинај и Тачи на Косово и Ахмети во Македонија, искористени од радикалните посттроцкистички политичари од длабоките држави, за тероризам, за формирање „Црвени бригади“ на 21-от век.

Со тоа вратата за победа на коалицијата „За обнова на Македонија“ е широко отворена, а единствено политичките партии на македонските Албанци кои ќе „побегнат“ од канџите на радикалниот неокомунизам, ќе можат да бидат партнер во новата влада.

Зашто обновата на државата ќе може да започне само после обновата во политичките партии. Се’ друго би било фарса, која после новата „Јалта“ ќе биде сурово казнета.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

https://netpress.com.mk/radikalnata-levica-od-bader-ma-nhof-do-zaev-i-ahmeti/

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top