Коментари

ЗАЕВИЗМОТ ВЛАДЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Dusan Ristevski

Dusan RistevskiДушан Ристевски – Македон, Австралија

ЗАЕВИЗМОТ ВЛАДЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА

(Забелешка: Заевизам е нов тренд на луѓе со ниска интелигенција)

Се потврди она што претходно го пишував дека Заев е паталошки лажго (да не правам листа на неговите обеќавања и лаги – листата е поголема од онаа од лагите на Атињаните); преку предвреме испреплетените планови со Атињаните и Европејците да ја закопа Македонската нација преку Преспанскиот договор се виде дека е психопат со ѓаволска уништувачка тенденција, а еве сега гледаме дека неговиот мозок е тотално исушен од марихуана.

И што може да се очекува од таков човек, како заклучок, кој има мозок на една мува, од оние коњските. Затоа Републиката стана северна; патриотите кои влегоа во парламентот да ја заштитат својата нација станаа терористи, а терористи кои во „Диво насеље“ убија повеќе Македонци се бара да се прогласат за не-терористи (апсурд на векот); судството стана коруптирана тиква – без семки; античката историја им се даде на Атињаните, а поновата историја на Блгарите; македонската нација ја избриша и од неа направи нова – северно Заевска. Македонскиот јазик го обеси и замени со албански за на крајот Заевската (завеана) држава да добие нов официјален јазик – Неписмен јазик (кој редовно се употребува во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување). Не е чудно што Македонците од Дијаспората не можат да добиваат пензии, не даваат мито и не знаат да комуницираат на тој јазик. Затоа Македонци од Дијаспората, „учете“ го јазикот што Заевистите ви го препорачуваат – Неписмен јазик!

Но покрај нискоумните кои го следат Заевизмот (нов тренд на луѓе со ниска интелигенција) го следат и среброљупците како владиката Наум, а покрај него за жал и самата МПЦ, ќе профитираат од Заевската марихуана, ќе ги уништуваат младите македонски мозоци за полесна контрола и злоупотреба. Како ќе се контролира одгледувањето и преработувањето на марихуаната? Сигурно со лица од кланот на Заевци кои се над закони и извршители на закони кои не го почитуваат не само законот туку ни уставот. Во Австралија, каде има голема почит кон законските норми, владата не се осмелува да се впушти во такви зделки бидеќи ризикот од злоупотребата на таа индустрија е голема.

Против Преспанскиот договор реагираше само македонската Дијаспора, како и Атињаните кои жестоко истапуваа, предводени од нивните политичари, владици и попови. А Македонците во Република Македонија излегуваа на протест со страв од прогонство и немаше кој да ги води, македонските владици правеа марихуански зделки со Заевци, политичарите со Сорос и ЕУ. Заев лажеше дека со правење национални отстапки со Грците, овие ќе ни „поддадат рака на пријателство“. Како замаени од психопатот Заев, Македонците (повеќе од 15,000) за време велигденските празници ја посетија Грција и им ги оставија тешко заработените евра за да бидат омаловажувани и понижувани, колите искршени и графитирани.

На Евровизија, Атињаните на Тамара Тодевска и дадоа само еден бод – ете колку не сакаат и почитуваат. Нивната омраза кон Македонците е влезена во нивниот ген и тоа не се одкоренува. Тешко ми е да гледам како Македонците се понижуваат – им дозволија на Заевци (лица со ниска интелигенција) да го сменат името и сега ја продаваат својата душа и гордост кои немаат апсолутно никаква вредност.

Сегашната предавничка влада знае дека нема никаква подршка од Дијаспората и затоа сé се направи да го попречи гласањето за претседателските избори. Многу Македонци што поднесоа барање за регистрација за гласање нивните молби завршија кај Заевистите, а на Државната изборна комисија им е чудно што Дијаспората е пасивна. Доколку сегашната, како претходните влади, е заинтересирана за Дијаспората, тогаш гласањето ќе можеше да се изврши во сите градови во Австралија по електронски пат, а не гласачите да бидат изложени на трошкови од неколку илјади долари да дојдат до гласачките места во Канбера или Мелбурн.

Се спомна дека повеќе илјади евра ги коштало државата за да се овозможи гласањето во Дијаспората, која ни побара ниту пак сака да се меша во валканата игра на владата. Да бидеме искрени, парите се потрошија да им се платат патните и трошковите за одмор на испратените службеници кои зборуваа само Неписмен јазик и ги прашуваа гласачите за кого ќе гласаат – невиден недемократски однос кон гласачите врз кои се влијаеше. Ете на какво „дереџе“ дојдовме од Заевистите.

Претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ правеа напори да ја вклучат Дијаспората во развојот на Републиката (посебно во почетокот) но со времето сето тоа замре. Сегашната Заевска предавничка влада не сака, а ниту може да соработува со Дијаспората. Знае дека ќе има отпор, а Дијаспората и не сака да сораборува со коруптирани политичари и предавници – за нас нацијата и државата е важна, не е важно кој ќе владее, важно е да биде влада која ќе ја штити и почитува македонската државност, јазик и нација.

За Дијаспората оваа влада е составена од предавници и ѓаволи и поради тоа не сака да биде дел од она што се пласира преку разновидните владини институции. Македонците од Република Македонија си го избраа Заев па еве сега и Пендаровски, па нека ви се живи – си ги заслуживте кога ништо не научивте од своите грешки. И да знаете ние никогаш нема да подклекнеме и бидеме некакви северомакедонци туку само МАКЕДОНЦИ.

Нашата борба можеше да биде заедничка за подобар просперитет на нашата држава но сега за жал Дијаспората треба да се бори и против своите Македонци кои се под влијание на ѓаволот и заевизмот.

Правдата еден ден ќе победи.

АМИН!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top