Коментари

Отсекогаш името Македонија и Македонци било длабоко врежано во свеста на нејзиното население

doom
????????????????????????????????????

doom 1Македонска нација

Отсекогаш името Македонија и Македонци било длабоко врежано во свеста на нејзиното население. Каде и да одело со себе го носеле името на својата земја и својот народ.

Првото споменување на името Македонија во овој период е од страна на византискиот хроничар Теофан Исповедник кој во годината 758/9 известува дека: „во таа година Константин ги ограби Склавиниите низ Македонија, а останатите ги направи покорни“. Се смета дека полузависните кнежевства во Македонија, кои само номинално ја признаваат Византија, креваат востание, искористувајќи ги византиско-бугарските војни, по што византискиот цар Константи V интервенира во Македонија. 

Хроничарот Теофан ќе го забележи и упадот на бугарскиот хан Крум во 812 година.

Во своите записи тој вели: Кога Крум, водачот на Бугарите го зазеде Девелт … (византиските) војски .. почнаа да се бунтуваат против императорот… Бугарите откако разбраа… зазедоа поголем дел од Тракија и Македонија; тогаш христијаните без да бидат гонети од некого, избегаа, напуштајќи го Анхијал, Никеја, тврдината Проват и некои други утврдени места како Филипопол и Филипи.“ 

Спомнувајќи го Филипи, хроничарот Теофан очигледно не го сместува градот во темата Македонија, туку името го споменува во смисла на античкото историско значење. Всушност, темата Македонија била формирана околу 800 година, кога во империјата беснее иконоборството, и ја опфаќала областа на Тракија околу Адријанопол (познат како Одрин или Едрене). Но, кога се работи за избеганите христијани се мисли најмногу на колонистите кои во 809/10 година ги населил византискиот цар иконоборецот Никифор I во Стримон, како одбрана од нападите на Бугарите.

Се смета дека голем дел од Македонците, бегајќи пред нападите на Бугарите се населиле во темата Македонија. Меѓутоа, се отвара прашањето дали и тие како другите христијани не биле донесени од историските граници на Македонија во темата Македонија, каде требале да ја бранат Византија од Бугарските напади. Очигледно е дека Византија се обидува со ваквите преселби да ја ослаби моќта на кнежевствата во Македонија. Но, колку и да се обидувале да ја разбијат моќта на населението од Македонија, кон крајот на 8 и почетокот на 9 век, тоа не им успевало. Познато е дека жителите на Стримон, продолжиле и понатаму да ги пустошат византиските приморски области.

Како и да е, според хрониките, на 22 јуни 813-та година, по победата над византиската војска кај Версиникеја, бугарскиот хан Крум го освоил градот Адријанопол (Одрин). По освојувањето на градот и околината, бугарскиот хан заробил 10 000 души, вклучувајќи жени и деца. Меѓу заробените биле митрополитот на Адријанопол, Маноил, идниот византиски цар Василиј I Македонец, кој бил годиначе и неговите родители, како и некој Кинам „маж великолепен и убав по надворешен изглед, а по душата пославен и побожен од своите современици“.

Бугарскиот хан Крум ги носи заробените македонски семејства, со се покуќнина, во бугарските области на север од реката Дунав, близу нејзината утока во Црно Море, па се до реката Серет и Днестар. Таму Македонците добиле воен распоред со посебни задолженија за одбрана на североисточната граница на Бугарската држава. Оружјето им било оставено и тие располагале со сите средства за одбрана. На чело на секој нивни воен одред стоел стратилат или воен началник. Новата татковина каде што биле населени десетте илјади Македонци го добила името Македонија, а самите заробеници се нарекувале „Македонци”, по името на родното место од темата Македонија.

По 24 години „службување“, некаде околу 836/7 година, Македонците решиле да се вратат во нивната стара татковина. За намерата го известиле византискиот император Теофил, кој им ветил помош. Откако дознале дека бугарскиот кнез Маламир (831-836) се упатил во воен поход кон Солун, без да ја чекаат византиската флота, Македонците одлучиле со семејствата и покуќнината која можела да се понесе, да се префрлат преку реката Дунав и да се упатат кон местото каде можеле да го пречекаат пристигнувањето на бродовите.

Дознавајќи за движењето на Македонците, локалниот бугарски управител се обидел да ги спречи во намерата. Предводени од Цанца и Кардил, Македонците ја нападнале бугарската војска и ја поразиле. Согледувајќи дека не може да се справи со Македонците, бугарскиот управител побарал воена помош од блиските Унгарци.

Во меѓувреме, на утоката на реката  Дунав, се укотвиле византиските бродови. Набргу Македонците почнале да се товарат во бродовите, но, во тој момент на Бугарите им пристигнала унгарската воена помош.

Повикувајќи го напомош св. Адријан, Македонците брзо се распоредиле завземајќи борбени позиции. Дошло до преговори, во кои Унгарците барале од Македонците да им го предадат целиот имот и богатство. Ваквото барање било одбиено од Македонците, по што Унгарците започнале со нападот. Битката траела цел ден, по што Македонците успеале не само да ги одбранат на двапати своите позиции, туку и да го натераат непријателот во панично бегство. Следниот ден Македонците слободно го завршиле товарењето на бродовите и заминале најпрво за Цариград, а потоа во родните места.

Интересен е фактот што Македонците биле распоредени на територијата на Бесарабија, каде некогаш оперирала 5-тата Македонска легија, како и тоа дека таму останале околу 24 години, што е скоро еднакво на служење на воениот рок (25) во римските легии.

Меѓутоа тоа што е најзначајно и највпечатливо е податокот дека името на Македонија и Македонците било длабоко врежано во свеста на нејзиното население. Каде и да одело со себе го носеле името на својата земја и својот народ. Оттука, новата област каде биле сместени ја нарекле по името на својата земја Македонија, а себеси се нарекле Македонци.

Желбата да се вратат во својот роден крај, посебно кога е земјата загрозена (упад на бугарскиот кнез Маламир), може да се поврзе со патриотскиот карактер на Македонците, но, можеби тука е и клучот на случувањата во 6 век кога доаѓа до распад на одбранбениот лимес покрај Дунав и кога голем дел од византиските војници се враќаат со своите семејства во својот роден крај.

Односно тоа е т.н. период на доаѓање на Словените на Балканот.

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top