Коментари

Вистините за нас Македонците (прв дел)

207kdci

207kdci

Вистините за нас Македонците (прв дел)

Мирко Трпески

На тие што ќе ја отворат оваа Интернет-страница и овој текст, им предлагам да влезат во You Tube и во четвороаголникот за пребарување (обележан со стакло за зголемување) да внесат текст Na rubu znanosti – Aleksandar Makedonski  . Таму ќе се отвори емисија, емитувана на Хрватската телевизија 3, од интервјуто со Хрватскиот аналитичар Домагој Николиќ, во која тој изнесува поинакви вистини за местото на гробот на Александар Македонски, за начинот на пишување на текстови во негово време, за неможноста Македонците да биле Грци, за фалсификуваната историја на народите на целиот Балкански полуостров, односно за пишувањето на нивната историја така што нема да се налути некој и уште многу, многу други историски и реални факти. За да Ве “навлечам“, односно да Ве заинтересирам да ја проследите наведената емисија на You Tube (што трае околу педесетина минути), овде ќе бидат наведени само некои од фактите и тезите што ги застапува Г-дин Николиќ.

Интервјуто започнува со негов став дека Македонците не биле Грци (иако денешниве Грци многу би сакале тоа да е така). Ова го поткрепува со тоа што за разговорите помеѓу Македонците и Грците биле потребни преведувачи. Исто така, наведува дека до Балканските војни во околината на Солун, а и во самиот Солун се зборувало на сегашниов Македонски јазик. Смета дека и тогашните жители на сегашниве држави Хрватска – тогашните Илири, на Босна и Херцеговина и Србија зборувале со ист или сличен јазик со Македонците. Кога Александар Македонски поминувал низ Мала Азија таму со тамошните жители-Хетити разговарал на својот јазик.

За основниот предмет на интервјуто со него – гробот на Александар Македонски, тој смета дека истиот е во околината на Свети Николе. Ова го докажува со астрономски знаци и со археолошки град и објект на тоа место. Градот се вика Вила Зора. До овој град постои археолошки објект со значителни големини, а на него постои ознака во вид на соѕвездието Касиопеја. Неговото име на Македонски јазик е Канда, што произлегувало од зборот “кандило“. На денот на раѓањето целото соѕвездие Орион стоело над ова “кандило“! На денот на раѓање на Александар Македонски – 21. јули, ова соѕвездие вертикално се поклопува, како слика, со ознаката на објектот на земјата. Во близина на овој објект постоело село кое се вика Уши, а со овој збор во Македонскиот јазик се означувало точно ова соѕвездие. Интересно е што помеѓу денот на раѓање и денот на смртта на Александар имало точно 40 дена, колку што доста често траат и одредени периоди во христијанството.

Од друга страна, локацијата на гробот се наоѓа на права меридијанска линија – точно север-југ, помеѓу мегалитската опсерваторија Кокино и рудникот Алшар. Воините на Македонската војска ги премачкувале своите штитови со рудата од овој рудник, штитовите силно ја одбивале сончевата светлина (овие воини, спротивно на вообичаената тактика, војувале спроти Сонцето – токму од оваа причина), што ги заслепувало воините од спротивната страна и Македонците полесно победувале.

Г-дин Николиќ наведува дека во античко време, а и доста подоцна, намерно не се откривале местата на гробовите на големите владетели, кралеви и цареви, но преку посебно шифрирани текстови се оставала можност тие што знаат да ги дешифрираат, да можат да го определат местото на гробовите. Истото се случило и со гробот на Александар Македонски. Александар изразил желба да биде погребан во Македонија, односно во својата земја. Тоа било и нормално, за да се затвори кругот од раѓање да смрт, заради реинкарнација. Се смета дека кога починал во Вавилон, погребната поворка со неговите останки тргнала кон Македонија, но по патот Птоломеј го зел ковчегот и го однесол во Египет, во Александрија. Таму се губи трагата на неговиот гроб. Г-дин Николиќ смета дека е намерна невистина дека кочегот бил однесен во Египет, ами е однесен во Македонија, во Вила Зора и сместен во горенаведениот археолошки објект.

Заслужува и фактот што Г-дин Николиќ се повикува и на локалната традиција и терминологија, како и на локалните истражувачи – од Свети Николе и околината. Во истражувањата се вклучиле археолози од еден Универзитет од Тексас – САД. Локалните истражувачи барале и некој да финансира истражувања за да се открие целосно локалитетот и вистината за него и околу него.

Г-дин Николиќ особено го нагласува фактот што историјата на Балканот ја пишувале, поточно ја фалсификувале, Германски “историчари“. Тогаш се измислени “историски“ податоци за Македонија и Македонците, поточно, сокриени се вистините за нашите претци, за Грција и Грците, односно е измислен терминот “Еленизам“-“Хеленизам“. Истото се однесувало и за Илирите, кои во голем дел живееле на териториите на сегашна Хрватска и кои зборувале на сегашните Јужнословенски јазици. Многу е интересно што тој нагласува оти ние и тие сме едни од ретките народи што не си ги почитуваат своите историчари и повеќе им веруваат на туѓи историчари и фалсификатори на историјата.

Во овој текст можеа да бидат дадени уште подробности од интервјуто, но предлагам самите да ги осознаете.

Проследете! 

https://news.yahoo.com/thousands-join-north-macedonia-opposition-212532176.html

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top