Коментари

Не прифаќаме најсиромашните да го покриваат тригодишниот грабеж на Буџетот

Откако стана очигледно дека „блескавиот“ Буџет на државава е брутално ограбен и не може да издржи ниту неколкунеделна криза, бидејќи за изминативе три години луѓето кои претходно седејќи 11 години во опозиција, гладни за незаработени милиони, на најразлични начини, испумпаа се’ што можеше да се испумпа од него, преку „иновативни“ компании, преку сомнителни тендери, преку пари за активности на „невладини“ организации, преку помош на „независни“ медиуми, преку „случајно“ доделени стипендии на децата од владејачката гарнитура во висина од кои боли глава, преку непродуктивни постојани и вработувања со договор како „благодарност“ за оние кои одработија за доаѓање на власт на оваа гарнитура, преку ненаситно арчење за лично уживање на носителите на функции од највисокиот до најнискиот функционер на владејачката гарнитура, преку… човекот, најзаслужен за овој грабеж, Зоран Заев, излезе со предлог сите вработени во државната, локалните администрации и буџетски корисници, во време на кризата да добиваат минимална плата од 14.500 денари.

Жален и беден обид на човекот кој „занаетот“ на „врвен“ економист го печел на зелените пазари во Белград, усовршувајќи го трикот со кој сте се соочиле сите кога сте купувале вреќи пипер за зимница, како скапаните „чушки“ да ги сокрие во средината на вреќата и така на купувачите да им го подметне неквалитетот, трик со кој три години, како премиер, им подметнуваше лажен квалитет на македонските граѓани. Трик со кој и денес, од позиција на претседател на партија, се обидува на целата македонска јавност да и’ ги подметне скапаните „чушки“ во средината на вреќата, па тие, ни криви ни должни да му ги платат и да му го наполнат Буџетот што под негово водство беше брутално ограбен.

Заради сето ова, но и заради очигледната неспособност за справување со пандемската криза, која ќе доведе до економска криза со десеткратно продолжено дејство, што може да го урне до темел стопанскиот, економскиот и финансискиот систем на државата, МААК предлага неколку радикални мерки, кои како шок терапија треба да влијаат на болното општество:

  1. Услов без кој ниту еден предлог за справување со кризата поднесен од кого било не може да профункционира е итно формирање на екипа од врвни експерти за економија и финансии, кои ќе ја преземат одговорноста за носење вистински и реални мерки за справување со економската криза што не’ очекува, а министерствата за финансии и економија да и се стават на располагање со целите свои капацитети. Со тоа, да се тргнат настрана продавачите на магла за политички поени, а справувањето со кризата да им се довери на експертите од струката.
  2. Наместо болшевичката урамниловка на платите на ниво на најниската плата во висина од 14.500 денари, да се донесе мерка на вистинска солидарност, со која сите плати повисоки од просечната ќе се исплаќаат на ниво на просечна месечна исплатена нето плата по вработен во јануари 2020 година во висина од 27.540 денари, а оние под просекот ќе си останат на рамниште на кои се наоѓаат. Со тоа, ќе се овозможи солидарност на носителите на највисоки плати во државава, а нема да се задира во платите на најслабо платените категории граѓани кои и онака едвај врзуваа крај со крај. Овде да се најдат и здравствените работници и припадниците на МВР и АРМ и сите останати, па наспроти генералното покачување на платите на сите во тие сектори, да се врши наградување по име и презиме, според вложените напори во справувањето со кризата.
  3. Итно замрзнување на цените на сите производи, затоа што со самото поевтинување на цените на нафтените деривати за повеќе од 25 проценти во последниве неколку недели, трошок кој во огромен процент учествува во формирање на малопродажните цени на производите, веќе се создаде простор за екстра заработка, што ќе ги амортизира загубите предизвикани од непредвидени трошоци.
  4. Државата да ги преземе сите орочени штедни влогови од комерцијалните банки и како свежи пари да ги внесе во Буџетот, со гаранција дека 6 месеци по завршување на кризата ќе почне со исплата на истите на оние кои ќе сакаат да го раскинат договорот за ороченост, со истата каматна стапка што би ја добиле од комерцијалните банки. Со тоа, овие средства од трезорите на комерцијалните банки ќе се префрлат во буџетскиот трезор на Република Македонија.
  5. Итно донесување забрана за секој поединец за подигање на средства во висина од над 500 евра месечно од комерцијалните банки, зашто еден ден, кога вистинската економска криза што не очекува, ќе ни чукне на врата, неконтролираното подигање на сите средства од комерцијалните банки би го урнало и банкарскиот систем во државава што може да има исклучително далекусежни последици.
  6. Државата да издаде таканаречени „Патриотски обврзници“ кои ќе може да ги купи секој граѓанин, кои ќе може да се наплатат и да се понудат на берза после 12 месеци од завршувањето на кризата, а со камата која ќе ја определи Централната банка. Овие обврзници, чија исплата ќе ја гарантира Централната банка, а средствата добиени од нивна продажба ќе претставуваат свеж капитал во крвотокот на државата, да се понудат и да се рекламираат и меѓу македонското иселеништво. Најниската обврзница да има вредност од 1.000 денари за да може речиси секој во државава и надвор од неа да купи барем една како знак на патриотизам во желбата да се зачува функционирањето на татковината.
  7. Да се забранат веќе понудените бескаматни кредити за оние компании чии сопственици ги извлекувале средствата од сметката на компанијата на своја лична сметка, а со парите купувале куќи и станови, возен парк од стотици илјади евра, куќи за одмор во монденските летовалишта, оставајќи ја сметката на компанијата со средства едвај доволни за неколкунеделно функционирање. Да се доделуваат вакви кредити само на фирми кои средствата ги користеле за функционирање на компанијата и за нејзин натамошен развој, што лесно може да се види од движењето на сметката на компанијата. Поинаку, по вторпат во време на владеење на СДСМ ќе бидат казнети совесните и вредни сопственици на компании, а наградени оние кои работеле само за лична полза. Како пример ќе го наведам Законот со кој во времето на Владата на Бранко Црвенковски им беа простени неколкугодишните неплатени придонеси кон државата на компании кои тоа го сториле. Така, оние кои работеле совесно и ги подмирувале сите обврски кон државата, па не можеле тие средства да ги потрошат во натамошен развој на компанијата или за лично уживање,беа казнети, а оние кои избегнувајќи го долгот кон државата, со што во нелојална конкуренција парите ги вложувале во развој на компанијата па станале покурентни на пазарот, или ги трошеле за лични задоволства, беа наградени од државата. Тоа не смееме да го дозволиме по втор пат.
  8. Итно да се донесе Уредба со законска сила со која: 1.Секој поединец што не ги почитува мерките за справување со корона вирусот; 2. Секој оној кој свесно ја крие својата состојба на заразеност со што придонесува за проширување на заразата и 3. Секој функционер кој, заради сторување или несторување, овозможува проширување на пандемијата, со што овозможува и десеткратен развој на економската криза, ќе се смета дека ја саботира политиката на државата за спречување на здравствената и економската криза и ќе се казни со казната предвидена за кривичното дело Саботажа, по член 315 од КЗ на РМ (минимум три години затвор).

Најверојатно постојат уште редица мерки кои може да бидат донесени. Основно на сите нив мора да биде заложбата за вистинска солидарност, со што најсовесните, најсиромашните и најограбените категории во државава ќе бидат заштитени од можноста по втор пат да бидат казнети и ограбени, а оние најбогатите и најнесовесните да бидат наградени за грабежот што го извршиле.

Се’ друго е демагогија и гол политички популизам.

Страшо Ангеловски, во името на МААК

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top