На прво место

СДС секојдневно бара отстапки кон Бугарија, а другите ги нарекува бугарофили

Македонска Нација

Во македонската политика одамна не е новост некој да го обвинува својот политички противник за работи што самиот ги правел со години. Но, ретко кога јавноста била сведок на толку очигледен политички парадокс како денес.

СДС ја обвинува коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дека е „најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија“. Истата таа СДС, која секојдневно бара нови отстапки кон Бугарија, која ги брани уставните измени без гаранции и која со години ја убедуваше јавноста дека секое бугарско барање мора да биде прифатено во име на европската перспектива.

Токму затоа се поставува едноставно прашање: кој е бугарофил – оној што бара цврсти гаранции и заштита на македонските национални интереси, или оној што постојано ги убедува граѓаните дека треба да се прифаќаат нови услови и нови отстапки?

Во изминатите години Македонија направи сериозни компромиси. Сепак, наместо крај на условувањата, следуваа нови барања, нови блокади и нови притисоци. Наместо извлекување поуки од тоа искуство, СДС продолжува да ја промовира истата политика – прифатете денес, па ќе видиме утре.

Особено е симптоматично што секогаш кога Владата ќе покаже поцврст став кон бугарските условувања, од СДС следуваат критики. Кога се бараат гаранции – тоа им пречи. Кога се бара реципроцитет – тоа им пречи. Кога се бара почитување на македонскиот идентитет и јазик без дополнителни услови – и тоа им пречи.

Политичката логика налага делата да бидат поважни од етикетите. А делата покажуваат дека токму СДС е партијата која најгласно се залага за исполнување на барањата што доаѓаат од Софија, додека истовремено се обидува да ги прогласи своите политички противници за бугарофили.

Македонските граѓани одамна научија да ја препознаваат разликата меѓу политичка реторика и политичка практика. Затоа денес сè поголем број луѓе се прашуваат дали најголемиот проблем на СДС не е наводниот бугарофилизам на другите, туку фактот што јавноста сè појасно гледа кој со години бараше Македонија да прави отстапка по отстапка без јасна гаранција дека барањата ќе престанат.

Најново од: На прво место

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Сотирис Минас – Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Понекогаш силното сведоштво за еден народ доаѓа и од човек кој не му припаѓа по раѓање, но решил да го запознае, да го научи неговиот јазик и без предрасуди да ја побара вистината. Таков е грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – човек кој самиот го научил македонскиот јазик и преку поезијата гради мост меѓу […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Најнови вести

To top