Коментари

Акцизата за овие 2 години Владата ја покачи 2 пати

109

1099Бобан Максимовски

Денес 160 транспортери не поделени по вера и националност излегоа на штрајк поради зголемената акциза со одлука на Владата.Владата излезе со оправдување дека цената на нафтата на светско ниво падна и 3 денари акциза повеќе нема да ја осети фелата од транспортот.

Дали е така?

Акцизата за овие 2 години Владата ја покачи 2 пати ,така да сега е вкупно повисока за 6,5 денари. Можеби тие дополнителни 3 денари немаше толку да ги осетат транспортерите,ако не беше криза, во која работат со само 30% од капацитетите свои, ако Владата се потрудеше барем да им ги врати износите што им ги должи по основ на поврат на ДДВ за купена нафта повеќе од 6 месеци.

Всушност оваа мерка, што е повторно на грбот на граѓаните,ќе предизвика неконкурентност во меѓународниот транспорт на нашите транспортери во однос на транспортерите од Бугарија, Србија, сега со приближно исти цени веќе не можат да се надеваат дека со пониски цени во транспортот ќе ги добиваат овие тури за овие земји, што значи дополнително им се намалува работата, а на соседните земји им се овозможи да ги добиваат од увозниците и извозниците транспортните тури. Освен тоа со покачување на енергетски ресурс директно се зема од крајните потрошувачи-од народот,кој е отпуштен од работа, каде многу фирми се затворени, каде минималната плата од 14500,00 ден се намали на минијатурна смешна сума од 9000,00 ден, а начинот на кој можат фирмите да стигнат и до таа сума е лавиринт со безброј пречки.

Во криза сите Влади помагаат на народот и на стопанството,кај нас народот помага на конформитетот и лакомоста на Владата.

Донирајте народе и средства од повратот на ДДВ (” Mој ДДВ” -се вика апликацијата,ама и тој” Mој ДДВ” е ДДВ на Заев,затоа го крсти Мој ДДВ,затоа што треба да стане негов изгледа), што така ревносно го собиравте од секоја сметка,сами знаете што ќе покриевте со тие ситни пари.

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top