Коментари

Незавршена работа е 27 Април 2017

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Незавршена работа е 27 Април 2017. Одма знам дека читајќи го насловот комуњарите веднаш ќе срипаат како Грк во апс и ќе се спремаат за тужби во Стразбург, иако ова е зрнце во споредба со нивниот чичко Тричко. 

Факт е оти работата не се заврши и треба да се заврши, предавање нема. Целата работа треба да се заврши на хуман и добар начин, никако на сила. На крајот од краиштата, Македонци сме и доста беше омраза, реваншизам и желба да се надвладее опозицијата по секоја цена и засекогаш. 

Датумот 27 Април е свет датум и Македонски непокор. Целта беше да не се дозволи Македонија да биде управувана и угнетена неправилно од Бејли и Америка со неправилни и фалсификаторски изборни трикови подржена од фамозниот ” демократски запад “. 

Мораме да најдеме решение и помирување, се другото е длабока провалија во која ќе треснеме и сите ќе се истребиме. Не смееме повеќе да импровизираме и да ги тераме работите со влечење на своја приватна страна и од свој аспект. Кој добива – Албанците. Кој губи – Македонците. Кога сме веќе кај Албанците, не смеме да ги третираме како клети душмани и непријатели, напротив. Тие се дел од Нас и ние дел од нив, како и сите соседи кои се рака на срце новосоздадени од западните земји пред стотина и нешто години … ОДНОСНО СИТЕ СМЕ ДЕЛ ОД ЕДНА МАЈКА – АНТИЧКА ИЛИ ЦАРСКА МАКЕДОНИЈА. Иако сме разделени на држави, нации и религии, сепак сме биле, сме и ќе бидеме едно исто – браќа по крв. 

Затоа браќа Македонци, до Вас е да се најде начин како да се смириме и да си ги земеме назад нашите браќа назад под еден кров, како конфедерации или федерација, сеедно. МАКЕДОНИЈА МОРА ПАК ДА ВОСКРСНЕ, СО НАША ДОБРА ВОЛЈА ИЛИ ВО РЕЖИЈА НА БОГ. 

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top