Коментари

Ламбе Арнаудов: Господарот на околностите

lambe-arnaudov

lambe-arnaudov

Ламбе Арнаудов: Господарот на околностите

Почитувани сограѓани, Македонија и македонскиот народ пред очите на сите нас исчезнува. Искрено, според мене тие веќе се исчезнати само што се уште не ни кажале.

Автофашистите од СДСМ ги натовариле бродовите со бојни отрови произведени во лабораторијата на Бихачка, и истите слободно крстарат по Македонија труејќи го народот, идентитетот, јазикот, државата, културата, оставајќи зад себе пустош.

Флотата ја опслужуваат кретени од типот на црниот лилјак кој му благодари на Бојко што му ја е*ал мајката, или оној шизофреничарот, вампир жеден за човечка крв, кој отворено жали што  не се родил порано па да биде еден од најверните слуги на Хитлер како управител на логор на смртта, пример Аушвиц, Дахау или Треблинка и слични на нив, потврдени автофашисти кои го јадат сопствениот народ.

Кучиња Бернардинци да беа подобро ќе ја водеа државава, барем нешто ќе спасеја од оваа насилничка и неправедна лавина со која нé поклопија. Три години безмилосно газат, беснеат, уништуваат и пеплосуваат сé пред себе.

Крајно време е да им се каже во лице на овие дивјаци дека ДОБРИТЕ НАМЕРИ ваквите бродови не ги потопуваат, диви бури и силни ветрови тоа го прават.

Силното викање со кое се обидуваат да нé исплашат за да го сокријат својот уништувачки поход им е бадијала. Само ќе го изгубат својот глас, оти никој не може да го надвика народот.

Господине Христијан Мицкоски овие се околностите кои те пратат несреќно овие три години.

Околностите се чуден и необјаснив феномен, неверојатно е колкаво влијание имаат на формирање, дооформување, преформирање или комплетна промена на личностите. Особено има нагласен интензитет кај водачите. Нив почесто ги напаѓа. Најверојатно за да ги стави на искушение ради нивната одговорност кон сопствениот народ и татковината.

Во такви груби, тешки и непријателски околности ја презедовте ВМРО ДПМНЕ која беше цел на сите реакционерни снаги во Македонија кои се обидуваа да ја избришат од политичката карта и судскиот регистер.

Од тука произлезе и другата невешто прикриена предавничка димензија од овој мрачен злосторнички проект за уништување на Македонија. Сите што години наназад бараа бришење на ВМРО сега се здружија и со заеднички сили ја разнебитуваат татковината и народот.

За среќа на македонскиот народ, а на нивно жалење, Вие господине Мицкоски со своите соработници, во прв ред Александар, Владо, Игор и другите, не само што ја одбранивте партијата туку ја направивте посилна од кога и да е. Со вакво ВМРО ДПМНЕ на чело со генијален и исклучително храбар, мудар и чесен лидер патриот, и со ваков состав на раководството, лојалност на членството, Македонија нема потреба повеќе да се грижи за својата судбина, сигурност и потполно извесна иднина.

Сега се потврди дека околностите од слабите прават слуги, а од силните господари. Господине Христијан Мицкоски, тешките и бесни околности ги скротивте и ги ставивте под контрола и со тоа направивте тие Вам да ви служат. Вистински Господар на околностите, закитен со сите нишани, предодреден за лидер на партија, народен трибун и успешен водач на држава.

Докажавте дека луѓето кои Вие со право ги водите се силни, храбри, полни со самодоверба и љубов кон татковината, патриоти со силен порив што влева вера, надеж и сигурност дека Македонија постојано ќе ја придвижуваат кон рајот, од каде што вкусните сокови и плодови ќе ги претвориш во едемски благодети и ќе ги поделиш рамноправно на сите граѓани, вистинска независност, слобода, правда, демократија, загарантиран идентитет, висок стандард, правна сигурност, социјална безбедност и сé останато што прилега на една цивилизирана држава во служба на граѓаните.

Ова е наша исконска обврска сочината од почит кон минатото, убавината на сегашноста и светлата иднина, свесни дека без нас Македонија останува без заштита а со тоа сето останато, убаво и добро што му припаѓа на нашиот напатен народ не ќе е можно да се обезбеди. Се заветуваме пред олтарот на Македонија дека ќе истраеме. Може да сопре времето, да секне водата, но болката што овие гадови автофашисти ни ја зададоа никој не може да ја заборави и да ја запре.

Вистината и лагата секогаш влегуваат низ иста врата. Внатре веднаш се разделуваат, лагата беснее, вика, се дере, хистерично се однесува, залудно обидувајќи се да се претстави како вистина.

Од друга страна, вистината мирно, спокојно, самоуверено и достоинствено си оди по својот пат, осипана со милост и благодарност од луѓето.

Вистината во Македонија секогаш е иста, нераскинлива симбиоза за вечен опстој помеѓу ВМРО ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА. ВЕЧНИ.

На крај. Не ми е жал што историското ВМРО и сегашната негова персонификација во ликот на ВМРО ДПМНЕ толку многу го мразите.

Од вашите поматени умови друго и не може да се очекува.

Но многу сум изненаден од вашето антологиско непознавање што е ВМРО. Ама разбирливо, тој што нема љубов кон својот народ и татковина, не го препознава ни нивниот светец заштитник на кого залудно јуришате со заврзани очи и при тоа си ги кршите главите.

Така ќе биде и овој пат и секогаш, додека не се опаметите и да се засрамете од ова зло што му го правите на сопствениот народ и татковината.

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top