Коментари

ДАЛИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ СЕ ОДВАЖИ И ЌЕ ПОКРЕНЕ ИСТРАГА ЗА КРИВИЧНОТО ДЕЛО – ПУЧ ВО ОБИД

6945

6945Воислав Зафировски

Уште пред да се огласи екс претседателот на Веќе самораспуштеното Собрание, господинот Талат Џафери, напишав и очигледно бев многу благ во ставот дека обидот да се свика Собраниска седница е против уставен.

Секоја чест на господинот Џафери кој го најде вистинскиот израз за иницијативата и обидот на самораспуштените пратеници, собирајќи потписи, да побараат свикување на позициските екс пратеници, свикување на седница на која требаше на брзина да се потврдат и да им се даде легитимитет на Одлуките на Пендаровски за воведување вонредна состојба. Тој искрено и без заобиколување кажа дека му се врши силен притисок од страна на одредени лица, тој да прифати и да ги повика назад во Собраниските клупи пратениците кои се самораспуштија. При тоа, Џафери апострофираше дека свикувањето на Собранието со составот на пратениците што се самораспуштија би претставувало – пуч (насилно менување на Уставниот поредок или државен удар – според дигиталниот речник на Македонскиот јазик)!

Многу едноставно, јасно и експлицитно – пуч!

Честитки до Џафери за одважноста, честитки за здравата, искрена и одговорна промисла, притисоците и обидите за оживување на нешто што не постои, со цел да покријат одредена Уставно правна рашомонијада, да го именува со вистинскиот збор – пуч!

Сите се сеќаваме на случувањата од 27. Април, настани за кои многумина се најдоа зад решетки за наводно терористичко загрозување на Уставниот поредок. Дури, актуелната позиција денот го именува како “крвав четврток”, и покрај тоа што многу крв и немаше. Да не се повтори!

Сега, екс првиот парламентарец обвинува за обид за пуч, преку притисоци за грубо кршење на Уставот, а дополнителна пресија претставуваат и потписите на триесетипетте екс пратеници на иницијативата за свикување на законодавниот дом во стариот состав.

Согласно Кривичниот законик, предвидено е и казниво кривичното дело пуч исто како што се казнува и обидот за тоа кривично дело.

Ајде сега да видиме дали Јавното обвинителство, по допрен глас ќе покрене истрага за кривичното дело пуч во обид против триесетипртмината потписници на иницијативата за свикување на самораспуштеното собрание, како и против другите лица што вршеле притисок врз Џафери. Ако покренаа постапка, ги судеа и осудија тие што на 27. Април влегоа во Собранието, тогаш нема ниту една причина помалку за Јавното обвинителство да не покрене истрага против триесетипетте самораспуштени пратеници, како и против лицата кои вршеле притисок врз Џафери, спротивно на Уставот да го свика Собранието. Јавното обвинителство е на потег…нема изговор за да остане пасивно и немо како и до сега.

Во овој контекст експертите по Уставно право тврдат дека Собранието не беше распуштено, туку самораспуштено, што е факт.

Во различни држави прашањето на распуштањето на парламентите различно е решен. Во принцип, еднаш распуштен парламент во истиот состав не може да се свика, а исклучок се вонредната или воената состојба. Тогаш парламентот во истиот, во стариот состав го свикува тој што го распуштил, најчесто Суверениот, или претседателот на државата. Самораспуштањето на законодавниот дом, нема можност за свикување во стариот состав, бидејќи Одлуката ја донеле самите, со што конечно и неповратно го вратиле мандатот.

Тоа е исто како некој да изврши самоубиство, а потоа некој да бара тој да воскресне, и така воскреснат да продолжи да си функционира како претходно ништо да не се случило.

Можеби паралелата е многу груба и некому нема да му се допадне, меѓутоа нема поедноставен начин да се објасни правната состојба во која се наоѓа нашето Собрание и што би значел обидот за негово повторно свикување.

Да резимирам, ако има и буквата П од правната држава во Република Македонија, Јавното обвинителство, без разлика кој од него, дали Јовески, или Русковска, нужно мора да се одважат и да покренат истрага против триесетипетте потписници на иницијативата за свикување седница во стариот состав на Собранието, како и против лицата од актуелниот врв на СДС кои вршеле силен притисок врз Џафери за свикување на самораспуштеното Собрание, за кривични дела против државата.

Ако не се случи ова, тогаш властите итно треба да ги ослободат и да ги рехабилитираат и обесштетат сите судени за настаните од 27. Април, за кои никој нормален не би покренал обвинение, ниту некого би осудил за терористичко здружување и загрозување на Уставниот поредок!

Ајде одважете се, ако не сте партиски војници, тоа ќе го сторите. Ако пак работите како и до сега и се оглушите на обвиненијата од Џафери, само ќе ги потврдите сериозните сомненија дека вие сте клучната партиска перјаница на актуелните властелини и заштитници на криминалите на власта.

За самиот крај, каде завршија парите од Рекет…тоа е прашањето на кое најнапред требаше да одговори Русковска, за потоа да ја утврдува улогата, вината и одговорноста на секого одделно…дури непријатно е чувството мојата маленкост да и го кажува ова на велеобвинителката од Обвинителство за организиран криминал, госпоѓата Русковска.

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top