Коментари

Заминување во Европа а забораваат на своите почетоци

rubin jovanoski

rubin jovanoski

Во денешно време кога на целата земјина топка опстојува за жал, сеуште невидливиот корона вирус (КОВИД-19) и со воведувањето на рационални и ограничени движења од својот дом, 14 дена карантин (државен, самоизолација и изолација) престанаа или се одложија на неопределено време културно – забавните и спортските манифестации низ целиот свет.

Фудбалските стадиони ширум светот се затворени и аналогно на тоа пасионираните навивачи останаа затворени во своите домови чекајќи го моментот кога челниците на УЕФА и ФИФА да дадат зелено светло по двомесечната апстиненција “бубамарата“ да се тркала на стадионите во целиот свет.

За ова време – невреме за тајните на фудбалската игра, фудбалерите од сите лиги во домашна самоизолација ја одржуваат физичката издржливост на разни начини и методи на игра.

Единствено “германците“ тренираат и се надеваат дека на 9 мај ќе продолжи оваа натпреварувачка сезона.

Но, по изјавите на здравствените работници дека пикот на болеста КОВИД-19 се очекува во почетокот на мај, оптимистичките најави од функционерите на бундес лигата ќе паднат во вода.

Во Италија која е најпогодена од корона вирусот има наши “печалбари“ од калибарот на ПАндев кој е во залезот на кариерата и Нестороски кој е во зенитот на кариерата.

Пред неколку денови, благодарение на интернет порталите Пандел нагласува: “нема да се случи да се вратам во Македонија, јас кажав дека ќе ја завршам кариерата во Италија, овде во Џенова, каде сега на овие години да се вратиме долу да играме“.

На зборовите на македонската фудбалска икона Пандев се надоврза Нестороски со многу навредливи зборови: “каде по тие ливади. Меси да дојде во Македонија и него ќе го навредуваат. Колку само навреди имаме слушнато на наша адреса“.

Ајде во оваа прилика да го вратиме фудбалскиот филм години наназад. Да одиме по ред;

Нашите скромни игралишта, благодарение на виртуозите на фудбалската игра не штедејќи го своето знаење оспособија голем број на квалитетни фудбалери кои уште голобради заминаа на печалба.

Во оваа прилика само да се потсетиме дека во СФРЈ беше забрането да се оди во странство чинам до 27 годишна возраст.

Тие исти фудбалери од калибарот на на Нестороски првите почетоци со “бубамарата“ ги има направено на асфалт на “мали голчиња“ со своите тогашни врсници. Потоа, со многу излеана “пот“ каде во оваа прилика капа му симнувам од помошните игралишта кај “Металец“, успеа да стапне на прилепскиот килим на стадионот “Гоце Делчев“.

На таа трева има играно плејада на прилепски фудбалери кои оставиле посебен белег во фудбалски Прилеп, и никој од нив не го споменал зборот ливада.

Авторот на овој текст имаше прилика пред неколку години да направи интервју со Нестороски кој тогаш беше почетник во изучувањето на тајните на фудбалската игра. Текстот не го напишав оти имав слаб соговорник. Во тие денови “Нестор“ не знаеше ни што е ливада. Во текот на разговоротт немаше зборови само побара чаша вода и му се слоши.

Овде не сакам да го критикувам Нестор – гол и горд сум што сега има раскошен талент. Но, не треба да ги заборави моментите поминати на асфалт, помошни игралишта и на крајот градскиот стадион Гоце Делчев во својот роден град Прилеп.

Но, верувам дека не сака да го омаловажи фудбалски Прилеп, него едноставна причина се 6 цифрените евра кои ги заработува во странствои едноставно тие го удриле по глава.

Споменува и Меси да дојде во Македонија и него ќе го наведуваат.

“Колку само навреди имаме слушнато на наша адреса“ – нагласува Нестор.

На мирно и сончево време не треба да се бараат облаци.

Нестор грешни се овие твои последни зборови од причина што македонската јавност го сака фудбалот посебно прилепчани од една и цела Македонија од друга страна.

Свирежите на ваша адреса “многу малку“ ви се упатени, но проблемот е кај вас, ги чувате нозете случајно да не се повредите играјќи за националниот тим кој за победа според вас дава ФФМ минимална сума на пари.

Само една нога на македонски фудбалски печалбар вреди финанскиски колку еден проесечен македонски клуб.

Во овие моменти многу подобро е во азурната земја која е најпогодена од корона вирусот, поточно во Бергамо да донираш финансиски средства.

Само како илустрација Ѓоковиќ донираше 1 милион евра за Бергамо и 10 милиони евра за црквите во Србија.

Во оваа прилика сакам да нагласам дека еден мој драг пријател, некогашен селектор на Македонската фудбалска репрезентација Ѓокица Хаџиевски, кој сега со успех го води Емиратес од ОАЕ пред пандемијата имаше 10 од 10 победи го подучува својот внук макотрпно да работи во вардаровата школа под диригентската палка на Сашко Тодороски кој минатото настапуваше за прилепска Победа.

“Гео дава голови Рубинчо ама сеуште е млад треба да се кали“ – нагласува Хаџиески и продолжува: “јас со неговите 16 години може да го земам со мене, но верувај ми во фудбалска смисла на зборот ќе го изгорам на терен. Животот е пред него и има уште многу да учи“

На крајот Митко, Тони Мицески, Тони Савевски, Захариевски, Ќириќ, Панчев и други да не ми се налутат ако не ги споменам со посебен пиетет и респект ги кажуваат своите почетоци и горди се на почетните потези со бубамарата на асфалт, ливада собирање топки зад гол, настап во прбиот тим па дури потоа продажба на европски фудбалски пазар.

Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top