Коментари

Глигоров му посочил на Фрчковски, да му го откаже гостопримството на Грилакис

650242

650Бобан Максимовски

Предавсвата за името и македонскиот идентитет во независна Македонија, прв ги започна Љубомир Фрчковски, тогашен министер за внатршни работи.

Режираната приказна започнува со тоа што генералот Николас Грилакис (поранешен шеф на грчките тајни служби) побегнал од својата земја наводно под закана за кривичен прогон од новиот режим во Грција. Фрчковски во стан на МВР тајно го крие Грилакис незаконски, без да биде пријавен, без да добие азил или статус на бегалец.

Глигоров му посочил на Фрчковски, да му го откаже гостопримството на Грилакис и да го префрли во друга држава, бидеќи тоа може да наштети на македонско-грчките односи. Фрчковски одби да го послуша Глигоров, се обидел да посредува и му понудил од Грилакис да прими Глигоров 100 000 долари, скапоцена анфора од потонат брод и скапоцен часовник. Глигоров ги одбил подароците.

По, извесно време Фрчковски му предложи на Глигоров да прими лица од службата за безбедност, да го известеле лично за некоја работа. Кога ги примил, тие му соопштиле на Глигоров дека имале средба со нивни “колеги” од Грција и дека тие им рекле официјално да му пренесат на Глигоров, дека доколку попушти окулу името, готови се да му префрлат во било која банка во светот милион долари. Глигоров го одбил и овој предлог, со зборовите дека тоа е апсурдна работа

Кога овој обид за поткуп на претседателот за да попушти за прашањето на името (кој Киро Глигиров го спомна и во своите мемоари) остана неказнет, дали на некој денес во Македонија не му е јасно, зошто толку политичари и лица блиски до политиката вршат предавства или се подготвени да вршат предавства спрема Македонија и македонскиот народ ???

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top