
Г О Ц Е В И Ф А К Л И
По повод 117 годишнината од смртта на
Македонскиот војвода и апостол Гоце Делчев (4-ти мај 1903 год.)
Згрозен од животот на ропскиот фес
Отиде кај аскерот да искаже бес,
Штом ги виде на рудина, лавовски им вресна
И од себе гуњата на земја ја тресна.
„Еј фесови клети со нечесни дела
Мајката ваша… ќе ве стрелам в чела,
Бегајте одовде, од селава наши
Имаме комити не ни требаат паши.
Доста е в пранги клетото робје,
Доста ни шета анџарот в крвје,
Доста е лелек на невести и мајки
Носете ги со вас харемските бајки.
Оставете го чифликот на племето мое,
Оставете го аргатот да жнее на свое,
Оставете и бегајте од земјава наша –
Бегајте до еден, од султан до паша.
Се разбуди свеста кај браќава мои
На усните Манифест напишан им стои:
– Да кренеме рака за слобода и чест,
– Да сотреме племе што посеа бес…!“
Прв викна напред – за слобода со ура,
Прв лакомо заплива по јаничарската бура,
Прв реденик испука од рамото свое
И прв оган запали во срцево мое.
Иван ТРПОСКИ