Коментари

Македонска приказна

1 1

1 1Свкрва

 „Си беше еден земјоделец кој сакаше да завладее со земјата. Стана  политичар, даваше лажни ветувања, ама најголемиот дел од народот не го сакаше. Намуртен и налутен тој им се закануваше дека живи луѓе ќе јаде кога ќе дојде на власт. Затоа еден ден почна да фрла т.н „бомби“ од чиј дим народот не можеше да ја распознае вистината. Од страв и незнаење дел од народот му ја даде довербата. Но и таа не беше доволна да се качи на тронот. Но итрецот продолжи со лагите и ветувањата па некако се добра до власта.

Иако се заколна дека ќе ја чува државата, дека додека е жив нема да го даде името, тој Но никако не можеше да му прости на народот кој не го сакаше, па реши да му се одмазди. Почна да го пцуе сопствениот народ и како пиперки и патлиџани да го распродава на соседите националното богаство. Се надеваше дека со морков и стап ќе го контролира народот и дека со тоа што му остана долго и среќно ќе владее со земјата.

Арно ама, соседите почнаа уште повеќе да бараат. Сакаа да го земат и она малку што му остана  на народот. Ај, името што им го зедоа, сега бараа и јазикот да му го одземат. Едноставно за да го замолчат населението да зборува да не ја кажува вистината и за да не може утре да се брани кога ќе дојдат да му ја земат и земјата. Согледувајќи дека ќе остане и без народ и без држава, побрза барем нешто да спаси и да си ја сочува позицијата, па побара во време кога владееше една страшна болест народот да излезе на избори и маскиран да гласа. Целта  му беше за да не се види како гласот му го зема на народот за да остане на власт. 

Но неговите малку следбеници кои без приговор ги извршуваа задачите и како „корона вирус“ го ништеа националното богаство, почнаа да му го вртат грбот. Тие заедно со народот, го кренаа својот глас и му рекоа едно големо НЕ за повторно владеење и ИШ од земјата на човекот кој ги псуеше и бидејќи не го сакаа, како што самиот велеше, да му го „расплаче мамето мајчино“.

Оваа приказна еден ден мајките ќе им ја раскажуваат на своите деца пред спиење, плашејќи дека ако не се добри, ќе дојде лошиот чичко. Меѓутоа иако е дел од приказните за „македонскиот дел од пеколот“, таа е добар пример како македонските херои еден ден гласно и јасно ќе им кажат НЕ и ИШ, на тие што го продаваа името и идентитетот на македонскиот народ.

Но исто така е добар пример и за оние не наситни соседи кои сметаат дека нивниот народ е најдобар, најпаметен и најхрабар народ, кој е предодреден од судбината на големата историска мисија да господари со други помали народи, како што е македонскиот. Односно дека нема Македонци и македонски јазик, а територијата на македонската држава е нивна. Тие сметаат дека народот кој живее во македонската држава е дел од нивниот народ, кој се однародил и станал неспособен, некултурен и страшлив да го признае тоа.

Меѓутоа, како сите да забораваат дека вакви пораки кои сме ги среќавале во минатото, пред Балканските, првата и Втората светска војна беа дел од соседните завојувачки влади за дипломатска и психолошка подготовка на сопствениот народ за времето кое доаѓаше. Тоа беа најави на војни, на човечки жртви, на огромни страдања, во кои потоа самите најмногу страдаа.

Македонскиот народ ваквата практика ја преживеа повеќекратно и остана македонски народ. Ќе ја преживее и оваа голгота која и ја наметнуваат соседите. Но ќе останат приказните за македонските херои, за Гоце, за Јане и др., за  оние кои се бореа за создавање и зачувување на самостојна, независна и суверена македонска држава.  Исто така, ќе останат и приказните за македонските изроди, кои за грст златници го продаваа својот народ, својот соптвен брат.

Така ќе остане и приказната за човекот кој живи луѓе ќе јаде и мамичето ќе му го расплаче на сопствениот народ доколку не остане на власт, но и поуката дека народот не се уплашил туку му рекол ИШ од тука, ИШ од македонската земја, неранимајко еден.

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top