Коментари

Александар Џеповски: МАКЕДОНИЈА БИЛА И ЌЕ БИДЕ САМО НАША

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Дали Груевски ќе го повика Каракачанов на дуел во Будимпешта? Ова е голема шанса на Груевски да го направи парампарче влашкиот “војвода” Каракачанов од Македонскиот град Средец, денешна Софија. 

Тој самиот побара да оди на дуел дури до Будимпешта и не знам што чека Груевски. Ова е шанса Грујо да им наплати на Бугарите за сета нивна итроштина преку полтронот Црпко, кој ја продава Македонија и потпишува добрососедски договори во замена за милионски чекови.  

Каракачаов ќе излезе на мегдан со некои слики кога како новоформирана нација со германскиот крал Фердинанд со македонско население изиграваа добродарители па со светскиот аманет да се забрани името Македонија … имаме парадоксални ситуации.

На пример, еден брат е во бугарска армија, друг во српска, а трет во грчка или поточно сите војници Македонци а само офицерите “странци” и секако учители и училишта секакви само никако Македонски и Македонци, по наредба на глобалистите, тогашни капиталисти империјалисти. 

Комично ќе биде кога ќе прикажат фалсификати како оној со Битолската плоча од времето на Самоил каде се спомнува името Бугарија а таа никако ни во сон не постои до 1878. 

Сите овие болни лаги, трикови и мизерни комплекси ги знаеме сите а воедно и Груевски, кој рака на срце ги има и сите документи и тајни од ЦИА и МИ6 кои одат во наша корист и прилог. 

Време е Никола да ја одбраниш Македонија како што храбро и достојно ја водеше 11 години. Пробај уште еднаш за наш атер и дотолчи го влашкиот сурогат кој го присвојува името ВМРО и се богати незаконски преку светите четири букви.

МАКЕДОНИЈА БИЛА И ЌЕ БИДЕ САМО НАША И НЕ НИ ТРЕБААТ ЛАЖНИ ПРЕДАВНИЦИ ДА ГЛУМАТ СПАСИТЕЛИ И ДА НИ НАМЕТНУВААТ ГЛУПОСТИ ДЕКА ВНУКАТА Е ПОСТАРА ОД ПРАПРАБАБАТА. 

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top