Коментари

Македонскиот патриотизам наспроти агресивниот национализам на соседите

(Современа приказна за сизеренот и вазалот)

Македонскиот народ, доколку сака да ја добие битката за себесочувување, најпрво, мора во целост да ја разбере состојбата во која се наоѓа Република Македонија после уцените од страна на НАТО и ЕУ за исполнување наметнати услови заради стапување во сојуз со нив, а во контекст на тоа и потпишувањето на трите уништувачки договори на кои Зоран Заев се согласи.

Имено, потпишувајќи ги договорите со Атина, Софија, но индиректно и со Тирана, преку тиранската платформа, Зоран Заев со својата неукост и лекомисленост, проткаена со алчност и болна желба за власт, поддржан од, веќе 11 години гладните за власт и привилегии партиски војничиња, а немајќи ниту „с“ од стратегија за водење на надворешната политика, за жал, ја доведе Република Македонија во најнезавиден однос, во однос на СИЗЕРЕНСТВО. Сизеренство (француски: Suzerainete) е однос во кој еден владетел или држава има право да управува со надворешните работи на друга држава. Оној кој од надвор ги диктира надворешните работи на другата држава се нарекува СИЗЕРЕН, а државата која прифатила да се управува со нејзе се нарекува ТРИБУТАРНА, или ВАЗАЛНА држава.

Во случајов, благодарение на Зоран Заев, за прв пат во поновата светска историја, односно после распадот на Отоманската империја во која се практикувал односот на сизерен и вазал, Владите во Атина, во Софија и во Тирана добија улога на сизерени, во однос на државата Република Македонија, која, за жал, стана трибутарна, или вазална држава, а нејзините актуелни „владетели“ – дворски шутови на туѓите „дворови“.

Во контекст на ова, на сите треба да им стане јасно зошто сите соседни Влади беа живо заинтересирани за доаѓање на Заев на власт, со финансиска поддршка на неговите „шарени“ насилства, па дури и автобуси полни со демонстранти, какви што, во организација на ГЕРБ на Бојко Борисов, секојдневно пристигнуваа преку Деве Баир. И, за да го задржат односот на сизеренство, сизерените од соседството повторно испраќаат јасни пораки дека, за нив, од животна важност е уште еден мандат на наредните избори за Зоран Заев и неговата, сега веќе, вазална Влада.

За да станат, пак, работите уште појасни, ќе се вратиме некаде во деветнаесеттиот век и состојбите на Балканот. Имено, откако после 30-годишна војна, во 1648 година беше потпишан Вестфалскиот мир, или Вестфалскиот договор, во Европа почнуваат да се создаваат држави по принципот „нација-држава“. За да не должам многу, наједноставно речено, формирајќи држава во одредена граница, сите кои живеат на омеѓената територија стануваат дел од една заедничка нација. Во деветнаесеттиот век, кога во западна Европа веќе се формирани големите сили (големите нации), а моќта на Отоманската империја драстично слабее, тие, големите сили, а заради натамошно нејзино слабеење, решаваат на Балканот и на Блискиот исток да формираат држави по принципот нација-држава.

Така, наметнувајќи им свои монарси, големите сили ги формираат државите Бугарија и Грција. По принципот нација-држава, почнуваат да се формираат и нациите во тие држави. И нормално, се формираат од сите кои живеат во сега веќе со граница омеѓената територија.

  1. Бугарија

Според достапните податоци, првото Бугарско царство е формирано во 681 година кога прабугарските орди пристигнале на Балканот на кој како најстари народи се бележат Македонците и Тракијците. За обединител на прабугарските племиња се смета Хан Кубрат, а за владетел на првото бугарско царство, признаено од Византија, Хан Аспарух. Не можејќи да се занимаваме со она што се случувало во меѓувреме, ќе забележиме дека 12 века подоцна, на 13 јули 1878 година, по принципот нација-држава, се формира кнежевството Бугарија, кое подоцна станува царство, а на 5 октомври 1908 година стекнува независност од Отоманската империја. Се создава бугарската нација од сите народи кои се затекнуваат во сега веќе со граници омеѓената држава, па така во Вестфалски создадената нација влегува и дел од македонскиот народ, тракијскиот, и некакви остатоци од прабугарските орди. Бидејќи единствен жив јазик од сите нив, има македонскиот народ, нацијата-држава Бугарија за свој официјален јазик го зема македонскиот и во „актот“ за основање го запишува како официјален, бугарски јазик на нацијата-држава Бугарија.

Значи, повеќе од очигледно е постоењето на бугарската нација и непостоењето на бугарски народ, со што бугарската официјална политика мора да се соочи. Пример, само една нација, вештачки создадена во 19 век, може да ги слави и Хан Аспарух и Никола Вапцаров иако припаѓаат на различни народи – на македонскиот и (пра)бугарскиот.

  1. Грција

За Грција, освен за градовите држави кои се наоѓале на територијата на денешната држава, нема податоци. За првпат се споменува кога со решение на големите сили, а според вестфалскиот принцип на нација-држава, со назначувањето на малолетниот крал Отон Фридрих Лудвиг, син на баварскиот крал Лудвиг Први и принцезата Тереза Сакс-Хилдбургхаузен, се формира како монархија. Тоа се случува со потпишување на Лондонскиот договор од 7 мај 1832 година. Формирана е на територијата на Пелопонез, а, за прв пат некаква грчка присутност во Македонија се забележува во 1834 година кога во Солун пристигнал првиот грчки конзул Валијанос. Ширејќи ја „Мегали идејата“ и помогната од големите сили, во времето на кралот Константин, оженет со германската принцеза Софија, сестра на Вилхелм Втори, грчката држава окупира 34.356 квадратни километри од Македонија и во омеѓената со граници територија, според вестфалскиот принцип формира грчка нација од сите кои се затекнале таму. Оние кои не прифаќаат да бидат дел од вештачката нација се ликвидирани или протерувани.

Значи, повторно е повеќе од очигледно постоењето на вештачки создадената грчка нација, а непостоењето на грчки народ, зашто само таква, може да ги слави и еленските херои и нивните непријатели Филип и Александар Македонски.

За да станат работите уште појасни, ќе ја цитирам дефиницијата за терминот „нација“:

„Нациите се продукт на државите, како политичко-територијални заедници кои влијаат на сите свои граѓани преку своето законодавство и државна политика. Овие граѓани може да се од различни етноси (народи) и различна религија“.

И, за да биде уште појасно, ќе наведам еден најсвеж пример. По принципот од дефиницијата, во осумдесеттите години од минатиот век, во тогашната СФРЈ, се направи обид да се формира југословенска нација. Многумина, повозрасните се сеќаваат, започнаа да се запишуваат како припадници на југословенската нација – Југословени. И, можеби, доколку државата Југославија опстанеше уште, еве, да речеме, стотина години, колку што постојат државите Бугарија и Грција, ќе се формираше и југословенската, како и бугарската или грчката нација. Се разбира од припадници на народите кои живееле во државата омеѓена со државните граници – Срби, Хрвати, Македонци… Па, ќе си ги славеше како свои, на пример, и кралот Александар Караѓорѓевиќ и Тодор Александров и Анте Павелиќ…

Со распадот на СФРЈ, дел од македонскиот народ, останат само на оваа територија, не според вестфалскиот принцип нација-држава, туку како вековен стремеж, создаде своја држава (патрија) – Република Македонија.

Па, пред налетите на соседните нации-држави, вооружени со брутален и агресивен национализам, македонскиот народ и македонската држава како најмоќно оружје го имаат својот патриотизам, како производ на извојуваната држава (патрија).

Оружје, кое, употребено од вистинските патриоти, луѓе кои знаат и умеат, а не само напразно мафтаат со симболи и се расфрлаат со празни пароли, треба да ги порази и соседните агресивни национализми и сизеренството во кое не втурна неукиот, лекомислениот, алчен и болно желен за власт, Зоран Заев, и неговите помагатели кои допрва ќе испливаат на површина.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top