Коментари

Кому му смета македонската дијаспора?

omd

1d3Македонските граѓани ширум светот бурно реагираа на случувањата поврзани со организирањето на избори за време на пандемијата КОВИД-19.

Неодамна, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) исто така реагираше за низата пропусти направени од Државната Изборна Комисија (ДИК) во врска со оневозможувањето на регистрација во избирачкиот список на голем број македонски граѓани со живеалиште надвор од Македонија.

Иако ОМД формално се обрати до ДИК, до ден денес нема добиено никаков одговор на прашањата за начинот на спроведување на изборите во дијаспората. Дали некој ќе сноси одговорност за гувеењето на институциите?

Зачудувачки е фактот што во интензивните преговори за изборен датум, никој не ја споменува дијаспората. Се прашуваме дали и на кому му смета Обединетата Македонска Дијаспора и македонските граѓани ширум светот? Дали и зошто некој се противи да се регистрираат гласачите во избирачкиот список и да го остварат нивното уставно загарантирано право на глас?

Иако Македонија се декларира како демократска држава, македонските граѓани ширум светот се чудат како може едно човеково право да им се ускратува. Дали е на повидок ново политичко уредување и дали нашата земја сака да биде позната како земја која не ги почитува основните човекови права загарантирани на национално, европско и светско ниво?

ОМД упатува апел до властите во Македонија, до најголемата опозициска партија, како и до останатите политички партии и субјекти во државата дека македонските граѓани надвор од Македонија по никоја цена не смеат да бидат исклучени од овој избирачки циклус.

Дијаспората е еден од двигателите на македонската економија, најдобар промотор на Македонија во светот, и заслужува да биде дел од избирачкиот процес.

Исто така, зачудувачки е фактот што во услови на пандемија и светска здравствена криза, властите во Македонија настојуват да ги спроведат изборите на штета на здравјето на македонските граѓани. На кому му се брза да се спроведат избори?

Кој сака да најде изговор дека гласањето во дијаспората не може да се спроведе заради КОВИД-19?

Ги прашуваме лидерите на политичките партии и претседателот Пендаровски, како во услови на развиена технологија и модерен принцип на функционирање на светот, македонските власти не можат да обезбедат гласање по електронски пат и/или пошта?

Дали е ова уште еден начин да им се ускрати избирачкото право на македонските граѓани, а со тоа да им се одземе можноста слободно да се изјаснат за тоа кој ќе ја води земјата?

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top