Коментари

Од признавање до негирање на македонскиот јазик

1 1

1 1Свекрва

Од признавање до негирање на македонскиот јазик

Во време кога во светот топ тема е пандемијата на корона вирусот – Ковид 19, кај нас покрај броењето на заболените и починатите од смртоносниот вирус, се наметнуваат како главни теми: кога ќе има избори, кога ќе почнат преговори со ЕУ и можноста Бугарија да стави вето ако не го прифатиме нивниот диктат во врска со историјата и јазикот, односно дека македонците се Бугари, а македонскиот јазик е бугарски дијалект и т.н.

Во време кога во земјата имаме прогласено вонредна состојба заради справувањето со корона вирусот и економските последици презивикани од пандемијата, во време кога имаме распуштено Собрание и Владата носи одлуки со законска сила, често пати надвор од уставот и вистинските потреби за справувањето со кризата, соседната „братска“ земја ни се заканува со вето за преговорите со ЕУ, ако не прифатиме дека имаме заедничка историја и дека до 1944 година нема македонски народ и македонски јазик.

Зачудува што тоа го прави „братски“ народ кој веќе еднаш, по Втората светска војна па се до Инфорбирото во 1948 година го признаваше и македонскиот народ и јазик. Во тој период постоеше Културна автономија во Пиринска Македонија и се подготвуваше спојување со Народна Република Македонија.

Неодамна Бугарската академија на науките (БАН) се огласи со став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик. Македонската позиција е лажна“. Оваа позиција е спротивна од она што Владата на Бугарија го признаваше по Втората светска војна и еднакво на тогашната бугарска опозиција, остаток на едно неславно минато.

Во тој контекст ќе ги споделиме ставовите на Георги Мадолев (13. III 1916 – ? ) кој е истакнат македонски револуционер и национален деец од Пиринскиот дел на Македонија и член на БРП (к). Тој бил активен за реализирање на националните права на Македонците во Бугарија во рамките на Културната автономија 1944–1948 во Пиринскиот дел на Македонија.

Во тоа време, кога за разлика од официјалната бугарска политика опозицијата го негирала постоењето на македонскиот народ и јазик, во текстот под наслов „Македонскиот јазик и Македонската литература“, објавен во „Работническо дело”  (31.  X.  1946  год.), Георги Мадолев — Јужнорилов ќе напише:

„Како литературен македонски јазик е прифатено и сега е во процес на оформување централното наречје-од Битола до Скопје. Беспорно Пиринскиот и Егејскиот крај ќе го укажат своето влијание врз јазикот, меѓутоа, основата на македонскиот литературен јазик ќе си остане централно наречје. Засега во Македонија има наполно оформен поетски јазик, јазик на поетите, на кој е можно да се предадат најнежните внатрешни доживувања и најсложените настроенија, како во ритмот, така и во богатството на зборовите. 

Кај прозата прашањето стои поинаку. Кај прозата се прават усилби да се создаде јазик на белетристиката. Таму задачата е потешка. Во минатото немало оформен писател со свој стил, но народна поезија имало. Кај драмата, кога ќе се исклучат некои ситни грцизми, турцизми и др., може да се каже дека има јазик на драмските писатели. Најтежок е случајот кај науката. 

Може да се каже дека уште нема ниту еден прилог, оформен во таа област. Психолошките, мисловните, политичките, воопшто научните поими недостасуваат во македонскиот речник. Бидејќи конструкцијата на македонскиот јазик е блиска до бугарскиот, многу поими изгледаат како да се земени директно од него. 

Во минатото и бугарскиот јазик се наоѓал во истата фаза, во која се наоѓа сега македонскиот јазик. Поетите од бугарската преродба се служеле со рускиот јазик и не е чудно што во нивните писанија наоѓаме и чисто руски зборови, кои потоа биле примени од бугарскиот јазик. 

Врз македонскиот јазик, беспорно, ќе укажат влијание и соседните јазици, ќе укаже влијание и српскиот јазик, зашто македонскиот народ е во економска, културна и политичка заедница со југословенските народи. Но патот по кој оди македонскиот јазик е самостоен, здрав, непоколеблив и творечки пат. 

Што се однесува до поетите — сите одат по патот на Венко Марковски. Тој, навистина, е првиот творец на македонскиот јазик и револуционер во литерарната форма, како што го вика Илја Еренбург.

Сите поети, може да се каже без ризик, се под јазичното влијание на Венко Марковски. Уште нема надареност, која да се истакне наполно, стопроцентно со свој стил. Има проблесоци на беспорно и други надарени луѓе. Но колкумина од нив ќе станат поети-тешко може да се одговори. Неопходни се многу работи. И култура, и светоглед и упорна систематска работа врз себеси, а и чесен однос кон својата работа. Меѓу надарените може да се наредат имиња кои надахнуваат надеж, како Гого Ивановски, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Лазо Каровски, Ванчо Николески и др. 

Во прозата се набележуваат веќе позначајни фигури каков што е случајот со Иван Точко, Јован Бошковски, Коле Чашуле, Борис Бојаџиски, Владо Малевски-Тале. Засега ниту еден не е наполно оформен и установен како писател. Сите се во процесот на својот развиток.

При по-систематска работа, при правилен однос кон својот писателски долг ќе успеат да дадат нешто позначајно, како на пример многу добриот расказ „Бојана” од Точко. Во драмата има повеќе утврдени имиња: Антон Панов, Васил Иљоски, Ристо Крле. Драмите се предимно битови. Расказите се повеќе од затворскиот живот. Уште нема творба, што ја одразува уметнички реално и историски верно Народноослободителната борба. 

Денеска во Македонската народна република постојат сите претпоставки за развитокот на литературата и на јазикот и не по многу години ќе видиме литературно творештво во поголеми размери, со покрупни творци и во прозата.“

Георги Мадолев-Јужнорилов по Резолуцијата на Информбирото во 1948 г. дошол во судир со новата политика на бугарското партиско и државно раководство за негирање на македонската нација и бил отстранет од политичкиот живот во Пиринскиот крај.

Ова негирање од т.н. „братски народ“ трае до денес иако помина многу време, а македонското литературно творештво е на завидно ниво и се преведува насекаде низ светот.

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top