Коментари

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПРЕМИЕРОТ НА БУГАРИЈА Г. БОЈКО БОРИСОВ

1h2
1h2
Пред неколку лета на една хотелска тераса покрај Охридското езеро се случи ТВ интервју со бугарскиот академик Воденичарски кој на прашање на македонски новинар:”Дали Бугарија има намера да се извини за злосторствата што како фашистички окупоатор ги изврши во Македонија 1941-1944, академикот без око да му трепне едноставно одговори:”Нема таква работа!? Во нашите учебници не пишува дека во Бугарија имало фашизам”!?
Изјавата на академикот ме стави на мисла! Од една страна се прашував: “Како е можно такво нешто?” Но од друга страна пак си реков: “Па која земја би сакала нејзините нови генерации самата да ги подучува дека претците им биле на страната на најголемото зло во историјата – наци-фашизмот!?”
Слично реагираше Премиерот на Бугарија г. Бојко Борисов кој пред споменикот на македонските Евреи во скопскиот Монопол повторно на прашање на македонски новинар дали Бугарија намерава да се извини за злосторствата што ги сторија како фашистички окупатори на Македонија со депортацијата на македонските Евреи, Борисов коментираше дека тоа било “пропаганда”!? 
Званична Бугарија, нејзината државна политика и наука упорно негираат свое активно учество во геноцидот над македонските Евреи, а за да ги потсетиме на нивните недела како фашистички окупатори на две третини од Македонија, се одлучив на да му испратам Премиерот Борисов примерок од мојата книшка на таа тема:”Холокауст на македонските Eвреи” за малку да го просветлтлам за тие настани. 
Писмо и примерок од мојата книга го напишав на г. Борисов на Денот на победата над фашизмот 9ти мај, а го испратив неколку дподоцна.
Писмото го објавувам интегрално!  
До
Неговата Екселенција Г-дин Бојко БОРИСОВ,
Премиер  на Народна Република Бугарија
Ваша Екселенцио, почитуван Г-дин Премиер,
Ја користам приликата денес, на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа да Ви испратам примерок од мојата книга “Холокауст на  македонските Евреи” (НАМПРЕС, 2018, Скопје) печатена на македонски и англиски јазик, како мој скромен придонес во многу жестоката дебата на оваа тема во вашата земја и во мојата татковина Република Македонија!
Г-дин Премиер, Вие, Вашата министерка за надворешни работи Захариева и многу други поединци и институции во Бугарија постојано инсистирате на факти и документи во дебатите со нас Македонците и за Ваша информација мојата книга “Холокауст на македонските Евреи” е базирана токму на историски факти и докуемнти. Како извори ги користам: книгата на бугарскиот Евреин, новинар, Арон Аса (Aaron Assa), сега починат, “Македонија и Еврејскиот народ” (Mакедонија и еврејскиот народ, македионска ревија,Скопје 1992) и капиталното дело на академик Александар Матковски “Историја на Евреите во Македонија”, но најмногу оригинални документи за односот на бугарската окупациона власт во Mакедонија (1941-1944) што ги поседуваме ние во Државниот Архив на Македонија во Скопје. а копии од оригиналите се во музејот Јад Вашем во Ерусалим!
 1h1
Колку за појаснување, наци-фашистите пред налетот на Црвената Армија од истокот и Сојузниците по инвазијата во Нормандија на западот уништувале се што можело да ги инкриминира за големите злостори против Евреите, Словените и други “неариевски” народи. Но во случајот на фашистичка Бугарија, налетот на црвената Армија бил толку силен што бугарската окупациона власт немала време да ги уништи сите трагови за злосторот што го починила во Македонија, особено над Евреите и така се случи нивната комплетна архива да ја поседуваме денес ние!
А како што велат:”Пред фактите и боговите молчат”, зарем не, Г-дин Премиер!?
Почитуван Г-дин Борисов, лично бев присутен кога пред неколку години пред споменикот на депортираните Евреи во скопскиот Монопол, (каде бугарската окупаторска власт импровизира собирен концентрационен логор за Евреите од Скопје, Битола и Штип) на новинарско прашање:”Дали Бугарија намерава да се извини за злосторот што го стори над македонските Евреи”, коментиравте во стилот:”немојте вие мене со такви пропаганди”!
Документите што Ви ги презентирам, а се објавени во многу книги, не се пропаганда Г-дин Борисов, туку неспорен факт за конитинуираното економско и политичко руинирање на Евреите во Македонија за на 22 март 1943 година да им ги предадете на нацистите кои ги спроведоа во логорот на смртта Треблинка каде 7.140 македонски Евреи беа егзекутирани во гасните комори и крематориуми!!!
И уште нешто Г-дин Премиер, а се однесува за прашањето на јазиците кои ги говорите Вие во Бугарија и нашиот – македонски јазик.
Конкретно, зошто сега, како Европјани (т.е. како членови на ЕУ) не се угледате барем малку на Скандинавците (Шведска, Норвешка и Данска) како тие го третираат проблемот на нивните јазици и да донесете барем малку скандинавски дух во нашиов со проблеми оптоварен Балкан?
А можете и треба да го сторите тоа Г-дин Премиере Борисов за да ве паметиме и почитуваме како втор Жељу Желев!
Со должна почит,
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ
Скопје, На Денот на победата над фажизмот, 9. мај, 2020
Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top