Коментари

Колумна на Дафина Стојановска: НОВАТА (НЕ)НОРМАЛНОСТ НА ЗОРАН ЗАЕВ

Јас навистина не знам дали и тој самиот веруваше дека ќе заврши поинаку или можеби советниците околу него така го залажуваа. Човекот кој прелажа толку многу луѓе и кој само преку интриги и далавери стигна дотука, за натаму нека му ја мисли и треба да му ја мисли?!?

Дали глуми дека сака брзи избори или глуми дека е загрижен за здравјето на граѓаните, веќе не е ни важно. Важно е дека, со секој изминат ден, најголемиот измамник на македонската политичка сцена се’ повеќе и повеќе тоне во сопствените лаги.

Кога дивееше по нашите улици и уништуваше државен имот, поведе со себе луѓе на кои ни во малиот прст не им беше по интелект и памет. Поведе маса интелектуалци и стари партиски кадри. Сите ги прелажа. Сега моли Бога истите да го казнат, само со тоа што нема да му излезат на избори. Зашто, доколку тие излезат, голем е ризикот и сомнежот дали само ќе го поништат неговиот број? Тоа се само едни од одговорите на неговите лаги кои ќе ги дочека, кога – тогаш.

Од неговата измамничка политика штета виде и неговата партија, но најголемата штета останува на многу генерации Македонци и на Македонија. Не’ остави без име и идентитет, не’ остави без историја и јазик, не’ остави без скршен денар во џебовите и било каков зрак светлина во погледот кон иднината. На сето ова, се’уште се бори за гола власт, глумејќи дека е загрижен за нас, дека не стигнал се’ да доврши, дека има уште… Се прашувам: Што уште? Што уште остана за да го стави во промет овој пазарџија со туѓи судбини?

Дури и со нашето здравје направи пазар и калкулации. Кога му требаше или барем кога сметаше дека му треба, глумеше мангуп и херој (заедно со „супер-херојот“). Потоа, кога така процени тандемот, ја превртеа безгрижната состојба во ептен загрижувачка (што реално беше од самиот почеток или поточно од 26-ти февруари, а не од 18-ти март) и почнаа секојдневно да известуваат преку пресови за бројот на новозаразени и, како проаѓаа деновите, за починати. Постепено, како што ги правеа штабските анализи и пресметки и како што се одеше кон се’ поголемото тонење на губитникот, така почнуваа, паралелно со известувањата за новите цифри за заразени и починати, да известуваат и за оздравени (кои во прво време ги терминираа како излекувани).

И, денес, кога реално немаме никакво подобрување по однос на корона кризата, кога повторно имаме речиси исти, дури и повисоки бројки, кои секако се далеку од смирувачки, губитникот повторно лаже и сака да не’ води во изборен јунски масакр. Како „лидери“ по бројот на заразени, бројот на смртни случаи и бројот на спроведени тестови, ние треба да поверуваме на лажната смирувачка слика од страна на здравствените власти и да си го ризикуваме сопственото здравје заради паниката на губитникот?!? Мислам дека ова ќе биде и последниот обид за манипулација што Зоран Заев ќе се обиде да ја наметне. Се работи за здравјезагрозувачка манипулација и тешко дека ќе му помине, односно заради неа ќе му следи уште поголем изборен пораз.

Уште да не заборавиме дека на сред најголемата македонска криза, Заев повторно заигра со македонските национални чувства. И се’ така, на мајтап. Насмеан, лаже и гледа во очи. За него и неговите носители на листи нема важност делото на Гоце Делчев, ниту на светите Кирил и Методија. За нив добрососедските односи значат да се покориш на било каква желба на соседот, па макар таа да значи и крајно понижување и ништење на сопствената историја.

Нашата реалност е жална, благодарение на овој губитник, но ние сме подготвени да се бориме против неа и да застанеме цврсто на страната на вистината и на правдата. Нашата реалност е дека ни го испразнија буџетот на сметка на нивните хирови и неизживеани мигови. Нашата реалност е дека намалуваа плати заради кризата, а истовремено носеа уредби за исплата на хонорари и надоместоци на непостоечки институции и дека зголемуваа трошоци за исплата на плати за договорци, како и за други непродуктивни трошоци. Нашата реалност е дека немаат нашите специјалисти 100.000 денари плата, дека не се стигна до 500 евра просечна плата, дека студентите не добија студентски град, дека пензионерите остана измамени, дека нема нов клинички центар, дека нема автопат од Кичево до Охрид, ниту од Градско до Прилеп. Нашата реалност е дека една голема лага неславно си заминува во минатото.

Но, следува една нова и поинаква реалност… Реалност во која губитникот има да одговара за сите криминали и измами и реалност во која квалитетот и способноста ќе бидат единствениот клуч за отварање на портите кон успехот и благосостојбата на нашата Македонија.

Таа нова реалност останува да биде само далечен сон за губитникот, зашто тој во неа ќе биде онаму каде што и му е местото на еден криминалец, измамник и манипулатор. Тоа ќе биде неговата нормалност.

Дафина Стојановска

https://kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-dafina-stojanovska-novata-ne-normalnost-na-zoran-zaev/

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top