
Емина Спахиќ поетеса од Скопје
МАКЕДОНИЈА
Те сонувам често
во сништата сини,
од што ли си?
Од кал
од жед
од бисери
од искони?
Големото славје на Бога
е гозба и пир за сите нас
и бакарот
и сонцето
и езерата
и планините
овде во тебе се чисти и вечни.
Само гласникот
мирот го носи а ти гориш во нас
и пред Големата трпеза
на ископините
ја разоткриваш таа убавина
и тајна во шепот.
Те сонувам,
те сонувам
земјо моја единствена…