Коментари

Александар Џеповски: Борисов, вашиот Аспарух на кој јазик збореше – Татарски или “денешен” бугарски?

Dzeposki

1DzeposkiАлександар Џеповски

Тој ваш Аспарух, никако наш, како и сите тие ханови, канови кои доаѓаа, ограбуваа и бегаа дали пишуваа на денешен бугарски (наша забелешка Македонски), дали имаат врска со бугарската црква, со Кирил и Методи, Самоил и сите историски личности што ги крадете од Нас Македонците? 

Се кочоперите со една глупа изјава а воедно вршите самоубиство …. дека денешна Бугарија е создадена од Мизија, Тракија и Македонија.  Тука лежи зајакот и целиот проблем.

Мизија постоеше и за време на Самоил и беше посебна земја тогаш. Тракија била кралство  со свој крал, како Пелагонија со свој крал, Пеонија со свој крал и сите тие Македонски кралства потчинети на Цар Македонски … кралевите беа тогаш како главни на одредена група и територија во смисла денешна како република или автономија. Тогаш па се до 1878 никој не знаел што е тоа Бугарија или Бугарска нација, ниту во сон. 

За потсетување нека биде на тебе Борисов, Љубчо, Црпко и сите душмани дека Македонија е спомната 37 пати во Библијата и на Апостол Павле му се јавил на сон Македонец од Македонија кој го моли Павле да дојде во наша Македонија. Замисли, не му се јавува ниту некаде се спомнува Бугарин од Бугарија или прабугарија според моржот Димитров … како ни Грк ниту Грција, како ни Албанец од Албанија туку чисто, јасни и гласно – МАКЕДОНЕЦ ОД МАКЕДОНИЈА. Шах – мат во три потези и со здравје да си го носите. 

Срамота е бре Борисов, што со оној влавот од Каракачаново имате лице да поставувате дури и уцени кога цел свет знае и гледа која е Македонија и што била. 

Светот знае, Господ гледа а вие упорно си ја терате онаа ваша од Црно Море до Охрид што беше само 3 месеци по грешка на Русите од тактично технички причини во 1878. 

Вашите ниски удари не се прифатени од нормални луѓе како наводно постоиме од 1945 преку Тито. Ние последниве 200 години крваво се бориме и не изчезнуваме за инат на душманите и ѓаволот со Божја помош од преголеми размери. 

СЕ ДОДЕКА ИМА ВОЗДУХ ЗА ДИШЕЊЕ И СОНЦЕТО СВЕТЛО ГРЕЕ – ЌЕ ПОСТОИ МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ГИ НАДЖИВЕЕ СИТЕ ПА АКО ТРЕБА УШТЕ 10 БИБЛИИ И БОЖЈИ СИНОВИ ДА СЕ ПОЈАВУВААТ, САМО ДА СЕ ЗНАЕ КОЈА ЗЕМЈА Е БОЖЈА ЗЕМЈА И ВЕЧНА. 

АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

To top