Коментари

Марија Емилија Кукубајска: ЗА НОВИ, ЗА СТАРИ ГОДИНИ-НИЕ СО ЛЕБ, ТИЕ СО КАМЕН

105a

105a Марија Емилија Кукубајска

Илјади милениуми леб и памет сееме, во светски песок и камен,

По патишта на свили, минерали, мирудии… А вештери врколаци, 

Лилјаци слепи стаорци …  народ ни цицаат, земја Божја силуваат,

Садници ни’ корнат, огнови Балкански хранат со живи деца, мајки…

Но, ако знаеш, и веруваш дека си свој, во свое гнездо и јато познато,

И по секое премрежие –и сила и слава ти ќе браниш, ќе дочуваш. Ти

Си роден слободен, да не те купуваат како препариран сноб, и уште

Твоја земја, и тебе со неа, да продаваат – нивни новодобски роб, и да 

Те обвинат што уште си останал здрав и жив во јадро историско.

Продолжуваме, здрав леб изнесуваме, без демонски машавини, иако

Тие по нас со отровни карпи гаѓаат, арсенали на нови богови со рогови.

Ние со Љубов и Бог, со Лу и Бо, луѓе Божји сме, човечност на свет камен

Запишавме. Продолжи, верувај – и ќе одиш и по вода и по небо ќе леташ,

дете наше! Другарите ти и сега, но по туѓи сокаци, жални, силни песни пеат

за Гоце, Александар, Миле, Кузман, Сирма, Фросина, Вера, Естреја, Елпида…

Нашите деца, од дом и од гроб ни’ ги крадат, нашите жртви да се нивни херои.

Сепак, верувај, чувај се, твое право и долг е, соочи се, пред очи твои и светски

кога те лажат, пизмат, кодошат олошите, лукавите. Ти, и гулаб и змија биди!

Не сонувај да влезеш во глутница што однапред ти го одзема правото на себе.

Не давај да те закачи ветерна мелница вртена на ала-Минхаузен идеологии,

Оти без храна за мислата и телото ќе останеш. Сеуште неодроден, неоттуѓен 

Сине, верувај, дел си од целото од кога те посади вселената, дел си од светот

Човеков, не си мајмун Дарвинов, и не проститут, актер од Холивуд институт,

та да влезеш во чигра-игра братоубиствена, во сенки на вештерска пешТера.

Последните верни знаат – договори со мајстори на маскенбали и масакри

Не важат во вселената, во темни сали ги потпишаа расипани сили, против

Се’ што си бил и си, против тебе, сине – телепортирање во прав и пепел. Ти

Славен а скромен, на питачки стап да те стават, пред скитачи арамии да клечиш,

тие да ти ломат, грабаат твои деца, мајка, татко – до заборав – се’ до века и амина?

Но ќе мине и оваа луда сила. Ќе откопаш секој доказ што ти сокрила, ускратила.

И кога тоа анти-животно животно те исмева и брка да се губиш, ве-ру-вај,

Имаш право да се раѓаш со своите RNA, DNA, и да дишеш, да се потпишеш

Oна што си, Македонец со своја трајност во времето, со снага и спокој, и радост…

Опстојувај за идните ери, дело твое мери спрема законот и делото Господово,

Никогаш спрема неделото непријателско, Луциферово. Твое пра-право е

Слободата да ти биде бистар вир, вечна вода за Водачи живи (а не жичени),

за раст и развој на срца органски, умови неизбушени, неметализирани. Иако

И тогаш, циници ироничари и јаничари, пра-родителски завет ќе ти исмеваат,

За нив тој веќе бил изветвен лексикон, стар вокабулар, надминат наратив…

Продолжи, не им верувај, за нив логосот-дискурс е курс профитен, а не Пат,

Светлина, Вистина. Одвој расипано од здраво овошје, не мисли дека грешиш

Во очи на безочните, за нив нема ни морал ни крал на вселената. Тие, корпус

Корпорации против нации – смислија цела земја логор да е, гасна комора да е

Од вируси виросана, за да биде исчистена – без луѓе, оти народот бил стока.

Ти сепак, сакај го и бедниот и средниот, па и лажно елитниот, зашто крај има

се’, но не и љубовта во тебе вградена од Господарот на се’, а не од тие нелуѓе.

Ако и натаму простуваш удари ниски и лаги највисоко постирани, регрутирани

Од драконско беззаконие и закани – немој да се каеш. Од милениуми знаеш:

Потомок на сонцето си ти. Ќе можеш да кружиш и низ Млечен пат, и да дружиш

Твој радосен род во величествен од, а твоето мреење ќе е влез во вечноста. И небо

И татковина ќе се твои, надвор од дупки на дивината, одметници полна и тогаш.

Ти питом потомок мој си, низ сите времиња зачуван со Мојсиеви и Павлови писма

Вдахновени од Создавачот на законот – Љубов космичка. Генетски немодифициран,

неинфициран од криминалнии и баханалии на подземја-надземја луто залутан свет.

Дете мое сакано, чувај се, и – среќно ново броење 2021во, на календар овосветски.     

Најново од: Коментари

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

To top