Култура и туризам

ОД ЗБОРОТ ЧАС – СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО – ДО ЕВРЕЈСКИОТ ЗБОР ШИБОЛЕТ (42)

1is1

1is1

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот реч ник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од зборо час, за кој во НЗ се споменуваат некои часови, во кои се врши одредено дејство, а вообичаено се преведуваат со денешното сметање на времето, до изразот шиболет, збор што Ефтај го употребил за да провери дали една група бегалци му припаѓа на неговиот народ Галад или, пак, на Ефремовото  племе

Час – 1/12 од денот и 1/12 од ноќта. Во НЗ се споменуваат некои часови, во кои се врши одредено дејство, а вообичаено се преведуваат со денешното сметање на времето; в. Време.

Чаша – сад за пијалак, од глина, од камен.од метал, стакло (1 Мој 40,11; 2 Цар 12,3; 3 Цар 10,21). За  Израелците била од посебно значење при обредните миења (Мк 7,4; Мт 23,25). Често пати се користи со извесни симболични значења: чаша на утехата, после погребите (Ер 16,7); чаша на благодарноста, кај благодарствените жртви (Пс 116,13); чаша на гревот (Ер 51.717-23; Откр 17,4); содржината на чашата се споредува со човечката судбина (Мк 10,38); Божјиот суд се опишува како ,,испивање на чашата”, (Ис 51,22) итн.

Чело – на челото се поставуваат различни знаци или печати, кои означуваат решителност или провокативност (Ер 3,3; Ис 48,4; Откр 7,3).

Четверовласник – на старогрчки тетрарх, владетел на еден од четирите делови на кои било разделено царството. Во римско време изразот се користел за владетели на помали подрачја. Ирод Антипа и Филип добиле приближно по четвртина од царството на Ирод Велики. Се споменува во Мт 14,1 ;Лк 3,1.19; Дап 13,1.

Четворки – на латински квартерион, римска воена единица, пр. стража, од четири војници (Дап 12,4).

Чиновник – се разликувале по чин и значење, но сите биле битни како носители на културата на своето време. Повеќето биле писмени, кога граѓанската власт не можела да се извршува преку старешинството.станале неопходни, зашто имале големо влијание. Во Еврејското царство и државите што произлегоа од него, во редот на чиновници спаѓале бележници, писари, управници на дворот, пехарници, коморници итн.

Чир – в. Болест.

1is12

Чисто – нечисто – често пати со преносно значење: култно нечисти се сметале личностите или предметите што биле под демонско влијание или со таква моќ во себе; тие не смееле да стапат пред Божјата светост. Онечистување можело да настане преку некои болести, полови односи, раѓање, периодите кај жените, допир на мртовец итн. Нечисти биле и некои животни и храна, но и предмети запленети од паганските народи, како и нивните градби или цели градови. Некогаш нешто намерно се онечистувало, на пример некои ралигиозни места. Во 3 Мој 11-15 е опишано очистувањето од таквата нечистотија. Фарисеите јаделе со измиени раце од религиозни, а не од хигиенски побуди. Чистотата ја означувала светоста и совршеноста. Христос ги укинал прописите за чисто и нечисто, укажувајќи во што се состојат вистинските чистота и нечистотија (Мт 15,1-20; Мк7,1-23); в. Очистување.

Човек – Божјо создание (1 Мој 1,27;2,7), со посебна возвишеност (Пс 8,6-9). Целина, а не збир од делови.

Чудо – Божји дела, кои отстапуваат од секојдневните збиднувања. Значајни се чудата Божји при ослободувањето на Евреите од Египет и потоа патувањето низ пустината. Со чудни знаци пророците докажувале дека нивните пророштва се вистинити. Во НЗ делувањето на Исус е полно со чуда: умножувањето на лебот и рибите, исцелување на болни, воскреснување на мртви, истерување демони и, конечно, Неговото воскреснување. Смислата на тие чуда не била да се предизвика сензација и забава, туку исклучиво заради зацврстување на верата.

Шатор – апостолот Павле се занимавал со изработка на шатори, како и неговиот сонародник Акила (Дап 18,3).

Шаторот и храмовните предмети – Шаторот бил опкружен со ограда од багремово (ситимово) дрво. Бил долг 14 м, 4 м широк и 5 м висок. Внатре, бил поделен на две простории: помала т.н. Светиња над светињите. Единствено првосвештеникот еднаш годишно имал право да влезе во неа (в. Празник на очистување). Завеса од лен го одделувала ова место одт.н. Светиња. Влезот во неа го прекривала друга ленена завеса (2 Мој 25-27; 30,1-10.17-71). Кадилница – во Светињата под завесата која ја прекривала Светињата над светињите стоел мал олтар на кој секое утро и вечер горел темјан. Бил направен од багремово дрво, опточено со злато, со рог на секој агол.по две златни алки на двете негови страни за да може да се носи со полуги, Мерките му биле: лакт ширина, лакт должина и два лакта висина (2 Мој 30,1-10). Златен свеќник – седмокрак свеќник искован од едно парче злато, тежок 30 кг и повеќе, а украсен со цвеќе и пупки на процветан бадем (менора). 

1is13

Библиски шатор 

Бил единствен извор на светлост во Шаторот (2 Мој 25,31-39). Двориште – Шаторот на заветот бил на западниот дел од двориштето со димензии 50 по 25 м. Било заградено со извезено ленено платно, но не било покриено (2 Мој 30.17-20). Мијапник – голем бронзен базен на бронзена основа. Им служел на свештенициге за миење на рацете и нозете пред секое влегување во шаторот или пред принесувањето на жртви (2 Мој 30,17-21). Мијалникот бил направен од бронзени огледала.кои биле приложени од жените на служба во Шаторот на состанокот (2 Мој 38,8). Жртвеник – на него биле принесувани жртвите – јагниња, овци, бикови, кози итн. Овој олтар, како и други предмети во Шаторот бил направен од дрво прекриено со бронза. Бил со страни со должина од 2,5 м, а висок 1,5 м. Постоел и малку подигнат подиум, за свештеникот кој принесува жртва. После освојувањето на Канаан, Шаторот на состанокот го губи своето значење. Место него, почнале да се подигаат разни светилишта. Подоцна Соломон го изградил храмот, каде бил сместен Ковчегот на Заветот, а бил уреден по пример на Шаторот. 

Шатор на состанокот (Скинија) – голем шатор што Евреите го направиле во пустината според инструкциите добиени од Бога преку Мојсеј. Во него Му сс молело на Бога во текот на патувањето од Египет до ветената земја. Штом ќе подигнале логор на некое место, левитите веднаш го поставувале Шаторот на Заветот (4 Мој 1,50-2,31). Тој стоел среде логорот, а шаторите на левитите биле поставени на четирите страни околу него. Позади нив биле шаторите на дванаесетте племиња. Шаторот бил знак на постојаната Божја присутност. Заради непослушноста морале да поминат четириесет години во пустината, а за сето време шаторот се
поставувал и затоа се нарекува Шатор на состанокот. Во неговиот простор бил приман народот, биле сослушувани и решавани различни тужби и спорови. Скинијата имала голема духовна димензија како подлога за понатамошните настани (Евр 9,24; Евр  9,11-12).

Шафран – растение од семејството крокуси. Од нејзиниот цвет се добивала светла жолта боја. И денес се користи за боење и при подготвување слатки.

Шеват – единаесеттиот месец во еврејскиот календар, одговара на делови од месеците јануари и февруари.

Шиболет – збор што Ефтај го употребил за да провери дали една група бегалци му припаѓа на неговиот народ Галад или, пак, на Ефремовото  племе. Тие не умееле да го изговорат гласот ш, па кажале сиболет и биле убиени (Суд 12,4-6).

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top